Скопје, 27-ми март 2015 год.- храм Рождество на Пресвета Богородица
На 27.03.2015 година, во петтата седмица на Великиот пост, во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, свештенството на храмот го отслужи последниот акатист кон Пресвета Богородица. На акатистот молитвено присуствуваше многуброен верен народ, меѓу кои, како и во годините наназад, дојде да се помоли и сопругата на Претседателот на Р. Македонија, г-ѓа Маја Иванова. По завршувањето на Акатистот свештеникот се обрати кон верниот народ со кратка беседа.
Свети Силуан Атонски
Светиот Дух нè учи да ги љубиме непријателите, така што душата ќе ги сожалува како родени деца. Има луѓе кои на своите непријатели или на непријателите на Црквата им сакаат погибел и маки во пламенот на пеколот. Тие мислат така затоа што Светиот Дух не ги научил на љубовта Божја, оти тој кој е научен на таа љубов, ќе пролева солзи за целиот свет. Велиш дека тој е злосторник и дека треба да гори во адскиот пламен. Но те прашувам јас тебе: ако Бог тебе ти даде добро место во рајот, а ти го гледаш во огнот оној кому си му пожелал да гори во маките, зарем тогаш не ќе ти биде жал за него, кој и да е тој, макар и да е непријател на Црквата?
Преминпортал (к.т.)
Друго:
АКАТИСТ КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА
„ Оваа свечена служба содржи 12 кондаци и 12 икоси. Кондакот е кратка песна која содржи пофалба за дневниот светител или ја кажува суштината на празникот. Икосот, пак е црковна песна со која се прославува некој светител или празничен настан, Во овој случај се прославува Мајката Божја, бидејќи овие пет акатисти се посветени токму на Неа.
Секој Кондак завршува со воспевот или пофалбата: Алилуја! кое во превод зпачи: ХВАЛЕТЕ ГО ГОСПОДА А секој Икос завршува со восклик или пофалба кон Пресвета Богородица со зборовите: Радуј се, Невесто неневесна!“