
На 8.11.2026 година, на празникот посветен на светиот великомаченик Димитриј, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан – во сослужение со Нивните Високопреосвештенства, Митрополитите: Повардарски г. Агатангел и Дебарско-кичевски г. Георгиј – богослужеше Светата Божествена Литургија во храмот „Св. великомаченик Димитриј“ во Скопје; кој, впрочем, оваа година одбележува 130 години постоење.





На Литургијата во протојерејски чин беше ракопроизведен јерејот Жарко Ѓорѓевски.
08.11.2026
https://mpc-spe.mk/


























