Во Грција мироточи икона на архангел Михаил
28 март 2015 лето Господово
На неколку километри од градот Трикала, во сенката на свештените карпи во близина на Метеори, беше посведочен еден потресен податок. Икона со свештеното изобразение на Архангел Михаил зографисана пред 5 години од страна на иконописецот отец Панајотис Певкис, излева капки на благоухано масло, кое на чудесен начин не ѝ штети на изобразбата.
Свештеникот иконописец почувствувал силен страв кога ги видел тие капки. Веднаш тој се помолил на Бога. На почетокот тој не кажувал никому за чудото, плашејќи се дека луѓето неправилно ќе ја сфатат оваа, како што вели самиот „порака“ од Бога.
„Свештеното изображение на Архангел Михаил што го живописав, е точна копија на икона од иконографската школа на Хрисолор. Иконата беше завршена пред 5 години. Ме запрепасти кога сфатив во еден момент дека од дрвото на иконата почнува да тече миро. Прекрстувајќи се, зедов парче памук и ги избришав капките, бидејќи се плашев дека би можеле да ја оштетат изобразбата. Тогаш на ништо не мислев. Но, маслото продолжи да се појавува и благоуха. Има мирис сличен на масло од кандило со килибар боја. Најинтересно е тоа што мирото не им штети на боите на иконата“, раскажа о. Панајотис Певкис за весникот „Ορθόδοξη Αλήθεια“.
Како што објасни самиот иконописец капките се појавуваат на разни места на иконата. „Еднаш мирото се појавува на ликот на архангел Михаил, другпат на рацете и секојпат на различни места. Не можам да ја објаснам оваа таинствена чудесна појава и сметам дека тоа е знамение Божјо. Замолив еден хемичар да ми даде свое мислење, но не добив никакво конкретно објаснување“, раскажува тој.
Исто така Панајотис објаснува дека дрвото ползувано за иконата било барем 200 години старо.
„Тоа е специјално исушен јавор, којшто не може да содржи смола, како на пример борот, па затоа и не можам да сфатам како тој излева масло“, додава о. Панајотис.
Доколку маслото продолжи да истекува и понатаму во текот на годината, иконописецот ќе се обрати кај стручни лица за консултација. Отец Панајотис ја нарекува оваа појава „знамение преку кое Господ сака да ја укрепи верата на луѓето“.
Извор: Ромфеа