о.Горан Стојчевски: Благодатта на нашиот Господ Исус Христос, љубовта на Бога Отца и заедницата на Светиот Дух да биде со сите нас
Делата Апостолски сеуште ми се живо четиво, не само како почеток на историскиот пат на Црквата Христова во светот и неговото прибирање во лоното на Авраама, и личносен подвиг кој треба да се поддржува во реализирањето на единството со Христа, во кое единствениот радосен извик е состојба на човекот во небесното



Добрата од овој свет, сами по себе не се погубни за човекот. Бидејќи сите нив Бог ни ги дава за наша полза и потреба. Она што е погубно е нашиот однос кон тие добра, од начинот и причината на нивното стекнување, до начинот и целта на нивното користење. Ако на патот до стекнувањето на богатсвото не нарушиме ниту една Божја заповед
По Христовото воскресение и по слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, апостол Матеј, заедно со апостолите, го проповедал Евангелието во Ерусалим, потоа заминал во Абисинија, па преку Арабија и Персија во Мидија. Во Етиопија го поставил својот следбеник Платон за епископ, а тој се повлекол на мирен и спокоен живот на гората каде му се јави Господ Исус Христос.
Демони не можат да изгонуваат во секој поглед раслабени луѓе. Демони може да изгонува од другите само оној што претходно го очистил своето срце од страстите и со нив поврзаните демони од таму. И, ако забележавте, демонот покажува најмногу сила пред да биде изгонет. Познато..."
"Гледате, за разлика од нас кои и да сме просветлени, а не сме, можеме само да претпоставуваме и да нагаѓаме што, кога и каде ќе се случи, Богочовекот Христос точно знае што, кога и каде ќе се случи и за Себе и за сите останати – бидејќи и раководи со сѐ: „Во тој ден пристапија некои од фарисеите и Му рекоа:
На првиот степен од нашиот духовен развој, чистење на срцето од развратните страсти, ние сме во постојана борба да го сопреме истекувањето и губење на благодатта од нас. Додека ги преобразуваме страстите, нашиот духовен живот е непостојан и често се случува духовно да паѓаме и
Има и општо восогласување. На пример: „христијаните“ кои сѐ уште не ја отфрлиле темнината на поистоветувањето со државата, народот и партијата, наместо пастирскиот пристап кон истите, треба да знаат дека се наоѓаат во религиозно растројство на личноста и дека се главни носители на растројството на државата и народот, и на партијата со кои се поистоветиле; иако тие за себе
И покрај тоа што ние, го бркаме како и Гадаринците и го молиме да си отиде од нашиот крај ( зашто нема да можеме да си ги вршиме нашите гревови, нашите престапи и сл. ) Тој никогаш не се откажува од нас. И секогаш ќе најде начин да нè оправда и да не подигне повисоко од тоа што ние всушност заслужуваме. Истото се случува и со причеста. Тој ни се дава нам целиот, во
Старозаветен менталитет е строгото пазење на сјајот на надворешната форма, додека нашата внатрешност е темнина – без просветленост на умот, која произлегува од умно-срдечната молитва и исполнувањето на заповедите Божји; а главната заповед е милост и помош кон оние што страдаат."
Кога нечистиот дух ќе излезе од човекот, минува преку безводни места, барајќи спокој и не го наоѓа; па ќе рече тогаш: 'Да се вратам во мојот дом, од каде што излегов'. И штом дојде, го наоѓа празен, изметен и уреден; тогаш оди и доведува други седум духови, полоши од себе, и штом ќе влезат, таму и ќе живеат; и последната состојба на тој човек станува полоша од првата.“
“Гледаме дека богатиот нема име, а сиромавиот има – Лазар, односно гледаме дека првиот нема личносен однос со Бог, а вториот има. Гледаме дека преку себичните уживања од овој свет се стигнува до пеколот, а дека преку трпењето на страдањата со благодарност се стигнува до Рајот.
Богочовекот сака да ја покаже токму таа разлика со прашањето до Своите ученици, и тоа додека биле со Него насамо – од што се гледа посебниот однос: „А вие, за кого Ме мислите?“, и токму за да го предизвика одговорот на Петар, што очигледно произлегува од опитот на посебна лична заедница со Бог и ја потврдува истата: „За Христа Божји“.
Светот отсекогаш сакал да ги отстрани, на крај и да ги убие Божјите луѓе и пророци, а Бог со генерации ги негувал Своите светии, за на крај да добиеме плодови како Божјата Мајка – Пресветата Богородица и Секогашдева Марија, и светиот Јован Пророк и Крстител Господов. Светот сакал да ги запознае со цел да ги уништи светите луѓе:
Сведоци Христови можат да бидат само оние кои ги чуле Неговите зборови, ги спровеле во дело и останале со Него докрај – и тогаш и денес. Клучно е претрпувањето докрај – со Него, само тоа се важи. Инаку, многу е битно на почеток, за еден духовен водач, да се посвети и да оспособи мал број, но добри ученици; како Богочовекот Исус Христос што ги собра само дванаесетте Апостоли.
Што да каже човек за жената од евангелието што го слушнавме, освен да заплаче – размислувајќи за она што таа го направи, и да се помоли Господ Христос да ни подари барем нешто од нејзинaта љубов кон Него. Пред средбата со Богочовекот Христос, Евангелието сведочи за неа дека е грешница.
И им кажа парабола: „Може ли слепец слепец да води? Не ќе паднат ли обајцата во јама?" Разумот претворен во идол е слеп за реалноста на Бог и секогаш ја насочува својата енергија надвор од своето срце, надвор од реалноста на Царството Божјо; и што да прави таму освен да суди и осудува, надополнувајќи ја општата атмосфера на судење и осудување, поттикната
И затоа треба постојано да се проверуваме, затоа што Божјиот печат што го добиваме на секоја Света Литургија, преку Божјото слово што го слушаме и преку Светите Тајни со кои се причестуваме, по некое време избледува. Јасно ни е дека со безобѕирно и страстно барање на човечка слава, богатство и телесни наслади, градиме идолопоклонички однос и идоли; но што е со она што го нарекуваме свето?
Богочовекот Исус Христос воспоставува, за нас, духовно правило да бараме од Него нешто душеполезно во име на Некој што неизмерно Му значи. Нема ли Он Самиот прв да го почитува? Затоа, што и да посакаме од Него во име на Неговата Мајка, ќе ни исполни, за да се прослави и Мајката во Синот. И така секој Божји дар преку Неа го добиваме. Начелно, тоа значи „покров“, и главно, оттука произлегува нашиот „покров“.
























