Со дедо Наум низ Евангелието
Monika Nikolova
·
http://www.mpc.org.mk/pouka.asp
Коментар на денешното евангелско четиво:
"Единствено нашите волни и неволни страдања, кои со смирение и благодарност ги трпиме заради заедницата со Богочовекот Исус Христос, се Крст Христов; сите други страдања остануваат без своја смисла.
Одрекувањето од себе го покажува првиот степен од духовниот развој – чистење на срцето од страстите. Крстот, т.е. страдањето на овој степен, се состои во одрекување од нашето болно јас, кое поради гревовната навика се поистоветува со своите страсти: сластољубие, среброљубие и славољубие; и тоа одрекување не е лесно.
Одрекувањето од себе започнува од моментот кога ќе се покаеме, ќе ги исповедаме своите гревови и ќе почнеме да живееме во Црквата, под раководство на духовен отец – во послушание.
Земањето на крстот е поврзано со вториот степен од духовниот развој – просветленоста на умот со дарот на умно-срдечната молитва. Крстот се состои во молитвениот подвиг, т.е. љубов кон Бог и кон сите луѓе, посебно кон оние што, водени од демонот, нè напаѓаат и мразат, без ништо лошо да сме им сториле.
Одењето по Христос, во вистинска смисла на зборот, се однесува на третиот степен од духовниот живот – обожение. Тоа сѐ уште не знам што точно значи."