логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

(Обновено)

TViTer500

Покров на Пресвета Богородица (13.10.2022 15:52)

Христос рекол: „И што и да посакате од Отецот во Мое име, ќе ви го направам, за да се прослави Отецот во Синот“ (Јован 14, 13).

Богочовекот Исус Христос воспоставува, за нас, духовно правило да бараме од Него нешто душеполезно во име на Некој што неизмерно Му значи. Нема ли Он Самиот прв да го почитува? Затоа, што и да посакаме од Него во име на Неговата Мајка, ќе ни исполни, за да се прослави и Мајката во Синот. И така секој Божји дар преку Неа го добиваме. Начелно, тоа значи „покров“, и главно, оттука произлегува нашиот „покров“.

Не напразно се чита евангелското четиво за Марта и Марија (види: Лука 10,38–42; 11, 27–28) секогаш кога Ја славиме Пресвета Богородица и не напразно се спомнува изборот на подобриот дел; уште еднаш да утврдиме зошто...

Но, пред да продолжиме конкретно со денешната тема, сакам прво да се потсетиме на едно малку подзаборавено светоотечко предание: Отците бараат да се почитува и правилото според кое примањето свештенички чинови соодветствува на трите степени на духовен раст.

Оној што е на степенот на чистење и истиот го поминува правилно под раководство на духовен отец, може да добие ѓаконски чин. Оној што го достигнал степенот на просветлување на умот и дарот на умно-срдечната молитва може да биде ракоположен за презвитер, а оној што го достигнал степенот на обожение може да биде Епископ.

Лесно е забележливо за сите нас, како принесувањето на даровите на олтарот од храмот, односно излегувањето на свештеникот пред олтарот е поврзано со излегувањето на умот пред олтарот на срцето (умно-срдечна молитва) и словесната жртва на човековата личност што Му се принесува на Бог во срцето.

Умно-срдечната молитва е всушност внатрешното, новозаветно, царско, есхатолошко, т.е. вечно свештенство – тоа што ќе остане и во Царството Небесно. Умно-срдечната молитва е тоа внатрешно духовно покритие за свештенството како Света Тајна. Со други зборови, оваа молитва е „покров“. Умно-срдечната молитва го држи овој свет сѐ уште во постоење и ни овозможува на сите нас време за покајание.

Од погоренапишаното можеме да претпоставиме во каква духовна и молитвена состојба се наоѓала Пресвета Богородица престојувајќи во Светињата на светињите од старозаветниот храм, каде што првосвештеникот само еднаш годишно имал право да влезе. Впрочем, ако нашите дела по плодовите се познаваат, тогаш што да речеме за Онаа Која Христос Бог ни Го роди? Мислам дека е подобро да го оставиме свети Григориј Палама за Богородица да зборува:

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување – безмолвие на умот, оддалеченост од светот, заборав на сè земно и стремење кон божествените откровенија, избор на подобриот дел. Открива дека ако умот не се расејува кон земните работи, би можел да се оддаде на подобро и повозвишено дејствување, што значи да се сврти кон самиот себе: единственото дејствување преку кое тој би можел да се соедини со Бог“.

„...Оние кои така чинат, кои со свештено тихување ги очистиле срцата и на неискажлив начин Му се приближиле на Оној Кој Е над секое чувство и мисла, во себе како во огледало Го гледаат Бог. Тихувањето е, значи, брз и директен патеводител, успешен и соединувачки со Бог, особено за оние кои во сè и потполно го практикуваат.

А што да кажеме за Богородица, Која од детството престојуваше во исихија? Молитвено тихувајќи натприродно, од најраните години, Таа токму затоа – не знаејќи за маж – и ја стекна благодатта да Го роди Богочовекот Христос“.

Овие зборови на свети Григориј Палама го објаснуваат последниот пасус од денешното празнично евангелие: „А кога го зборуваше тоа, една жена извика од народот и Му рече: ’Блажена е утробата, што Те носела и градите, од кои си се хранел!‘ А Он рече: ’Да, но блажени се и оние што го слушаат словото Божјо, и го пазат‘“ (Лука 11, 27–28). Со тоа што, блажени ќе бидат и оние кои ќе го следат Нејзиниот пат.

Богородица, со Својот пример и опит, му даде засекогаш, на целиот христијански род пример за собран и внимателен живот на внатрешниот човек, за да можат христијаните – како оние кои при Светото Крштение се одрекле од ѓаволот, како и од сите негови дела, зборови и мисли, одрекувајќи се од световното и угледувајќи се на Неа, да ревнуваат во подвигот на православниот духовен живот и посебно во подвигот на умно-срдечната молитва, секој според своите сили.

Сега, ако сакаме потполно да го сфатиме значењето на славењето на благиот ден Покров на Пресвета Богородица, мислам дека најдобро ќе ни помогне размислувањето и потсетувањето околу значењето на Господовите зборови: „Јас дојдов болните и грешните да ги спасам, а не здравите и праведните“ (види: Матеј 9, 12–13). Го знаете одговорот: Богочовекот Исус Христос дојде да ги спаси оние што мислат за себе дека се болни и грешни, а не оние што мислат за себе дека се здрави и праведни – таквите не ни чувствуваат потреба од Него.

Вистински, пак, болни, грешни и изгубени, можат да се доживеат себеси само оние кои се подвизуваат да се соединат со Бог, и тоа не како било, туку само оние кои начинот на својот живот и подвиг го имаат восогласено со степенот на духовниот развој на кој се наоѓаат; во послушание на својот духовен отец.

Значи, не е доволно само да мислиме за себеси дека сме духовно болни и грешни – тоа е само лажно смирение и вистинска прелест. Вистинска мисла и чувство за грешност може да произлезе само од реален и правилен подвиг – од доближувањето до Бог.

На пример: велиш дека си грешен и се надеваш на покровот од Пресвета Богородица. Добро, ќе те прашам: Ја кажуваш молитвата „Богородице Дево“, на пример, сто и педесет пати дневно? Ако твојот одговор е „не“, знам дека и твојот подвиг е млак. Да беше топол, ќе го видеше своето несовршенство во однос на исполнувањето на Христовите заповеди и едноставно ќе заплачеше пред Богородица. И тоа е „покров“.

Имаме „општ покров“ што Богородица секогаш ни го овозможува – како наша Мајка, без оглед на тоа какви сме и што правиме; оти без тој „покров“ ќе нѐ немаше досега – согласно нашите дела. И единствено овој незаслужен Нејзин „покров“ ни овозможува време за покајание. Времето за покајание, ако размислиме подобро, е еден од најголемите дарови Божји кој го добиваме поради Богородица.

И имаме „покров“ поради посебниот однос што го негуваме кон и што сме го воспоставиле со нашата Мајка Богородица. Поголем благослов во нашиот живот од овој „посебен покров“ не може да имаме.

Ќе ви раскажам една сторија што не знам каде ја чув или прочитав, што најдобро го објаснува ова за кое ви пишувам: Тројца монаси се опијаниле и така пијани дошле до една пруга и тука заспале. Возот што минувал по таа пруга се приближувал. Одеднаш Богородица му се појавила на машиновозачот и му рекла: „На пругата лежат три Мои свињи, сопри го возот затоа што ќе излета од шините“.

Богородица се јавува и ги спасува сите, но од кажаното јасно се нагласува дека „трите Нејзини свињи“ Ѝ се поважни отколку железничката композиција и сѐ што таа носи внатре. Јас лично не сум сретнал сторија која подобро објаснува што значи да имаш „посебен покров“ од Пресвета Богородица.

Уште неколку збора за „општиот покров“. Често се чудиме како на неверниците сѐ некако како да им оди од рака, додека нам – не. Покрај тоа што во тој момент забораваме дека секој човек, колку и да му изгледа животот однадвор среден, има свој личен крст што само тој си го знае и што само тој може да го носи, и никој друг; забораваме и дека со „општиот покров“ – и над неверните, Богородица, како Мајка Која се грижи за сите нас, ни обезбедува погодна околина за наш нормален живот, како и време за покајание и спасение. Замислете во каков пекол ќе се претвореше овој живот за сите нас ако Бог допуштеше несреќи на нас согласно нашите гревови, како и гревовите на неверниците?

Не дај Боже „општиот покров“ да се тргне малку од нас, како што и се случува понекогаш кога повеќето од нас ќе се заборавиме во гревот.

А „посебниот покров“, и самите сте забележале, се трга понекогаш од нас за да се учиме и за да напредуваме во духовната борба.

Пресвета Мајко, Ти благодариме за твојот „покров“ и прости ни!

Митрополит Струмички Наум

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3211
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7696
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная