·
http://www.mpc.org.mk/pouka.asp
Коментар на денешното евангелско четиво:
"Читаме повеќе пораки во денешното евангелие, но сите тие имаат една заедничка нишка што ги поврзува, а тоа е правењето идол од сопствениот разум. Да се потсетиме, секој човек што е надвор од послушание, исповед и духовно раководство од духовен отец, неминовно направил идол од сопствениот разум, т.е. неговиот разум му станал единствен критериум за тоа што мисли и како ќе се однесува кон сѐ видливо и невидливо во неговиот живот: кого и како ќе суди и осудува; кому и што ќе даде; кој, како и каде ќе го води; кому и каков плод ќе донесе, итн.
И им кажа парабола: „Може ли слепец слепец да води? Не ќе паднат ли обајцата во јама?" Разумот претворен во идол е слеп за реалноста на Бог и секогаш ја насочува својата енергија надвор од своето срце, надвор од реалноста на Царството Божјо; и што да прави таму освен да суди и осудува, надополнувајќи ја општата атмосфера на судење и осудување, поттикната и создадена од духот на антихристот. Согласно вистинитите Господови зборови: „Добриот човек од доброто сокровиште на своето срце изнесува добро, а лошиот човек од лошото сокровиште на своето срце изнесува лошо; оти, од преполнето срце зборува устата негова"."-дедо Наум
2023
fbMonika Nikolova