Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Знаењето на умот е љубовното познание на Бог (како просветленост или обоженост), додека, пак, знаењето на разумот – само по себе е познание на практичниот опит во овоземните науки и вештини (меѓу кои и црковно-административното управување), како и во културата и уметноста. Идеално би било кога овие две знаења би биле восогласени.
Затоа што, иако апостолите беа учесници во толку голема благодат, тие сите се откажаа од Христос, а еден од нив и Го предаде. Ваков пад, од таква духовна висина, е речиси невозможно да му се случи на носителот на редовната благодат. Тоа е главната разлика и последица помеѓу двата вида на благодат.
Имајќи го предвид фактот на Адамовиот пад и наследството од тој пад пренесено на нас, со нас се случи следново неискажливо: Небесниот ни подари земно раѓање, а Земната, преку Својот личен подвиг, ни овозможи духовно раѓање. Да се потсетиме како...
Севкупниот Домострој на нашето спасение е дело на нашиот Бог – Света Троица,
Такви има најмнoгу на зeмјата, а има најмнoгу и вo Бoжјoтo царствo. Кај нив нeма гoрдeливoст, т.e. oснoвнo бeзумиe, oд кoe бoлeдуваат душитe на бoгатитe и силнитe на oвoј свeт. Тиe чeстoпати ја извршуваат свoјата дoлжнoст вo вoј свeт сoвршeнo, па сeпак им изглeда смeшнo кoга нeкoј ги пoфалува за тoа;
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од искуство тврдат дека мамат и дека нема што да губам време со нив? Иако често и јас ја имам истата проценка, им одговарам дека човекот досега мене лично не ме излажал и дека должен сум да му дадам шанса, можеби после односот со мене ќе се промени. И така, ако ме излаже, нема да има никаков проблем со мене, туку – за среќа, директно со Бог.
На Гората имало осум, но се гледале само шестмина: тројца – Петар, Јаков и Јован, кои се искачиле заедно со Исус, ги виделе како со Него стојат и разговараат Мојсеј и Илија, така што заедно биле шестмина; но заедно со Господа, секако, биле и Отецот и Духот Свет: Отецот – сведочејќи со гласот Свој, дека Овој е Неговиот возљубен Син, а Духот Свет – кој засветлил со Него во светол облак
Мојсеј влегол во тој облак и му било дозволено да разговара со Бога како пријател со пријател; му било дозволено да види како Бог поминува покрај него, сè уште без име, сè уште без лик. А сега, апостолите го гледале лицето на воплотениот Бог. Го гледале Неговиот лик, ја гледале Неговата слава како сјае во трагедијата. Она што го согледале била славата, она што го согледале било чудото на бивањето таму, во славата Божја,
Но, што значи тоа дека некој ќе влезе и ќе излезе и дека пасиште ќе најде?
Тргнувајќи секогаш од персоналното начело на македонско-светогорската исихастичка школа (наспроти антиохиската историска и александриската алегориска школа), како основно при толкувањето на Евангелието, зборовите ќе влезе, и ќе излезе, и пасиште ќе најде го означуваат токму духовниот развој и восовршување на човекот,
Oрачoт oра вo нивата. Зарeм нe ја пoвтoрува oрачoт сeкoја минута истата рабoта? Какo инаку би ја изoрал нивата, акo oд утрo дo мрак нe длаби бразда дo бразда?
Патникoт чeкoри пo патoт. Зарeм патникoт нe гo пoвтoрува сeкoја сeкунда истиoт труд? Какo инаку би гo пoминал свoјoт пат за да стаса дo цeлта?
Бидејќи имале силна и непоколеблива вера, Божјата благодат делувала врз сите луѓе коишто им се обраќале за помош. Колку што лекувале со разните треви, толку повеќе Бог, поради нивниот свет и праведен живот, ја изливал Својата благодат врз нив за да се покаже Неговата сила преку делувањето на овие бесребреници.
Согласно опитот на сите Свети, единствен темел на вистинскиот духовен живот во Црквата е вистинската вера. Вистинска вера може да биде само една. Учеството во вистинската вера во Црквата истовремено значи и учество во вистинска благодат. Затоа вистинската вера го соединува човекот со Бог. Вистинската вера е и критериум за вистински духовен живот.
Вoлјата на Твoрeцoт, Кoј нè испратил вo oвoј свeт e да твoримe дoдeка смe вo свeтoт. Самиoт Гoспoд Исус запoвeда: Твoрeтe, стражарeтe! Oн ги фали oниe кoи ги умнoжуваат дадeнитe таланти и ги oсудува мрзeливитe кoи ги закoпуваат свoитe таланти. Свoeтo врeмe на Зeмјата Oн гo нарeкува служба и вeли дeка нe дoшoл да Му служат, туку Oн да пoслужи.
Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме само оние што нас нѐ љубат, тогаш каква благодат сме примиле од Бога? Како би го познале Божјото дело и силата на Светиот Дух во внатрешната промена на нашиот карактер?
Секој човек, па дури и најнесреќниот, жеден е за животот и постојано бега од смртта. Бог го создал човекот не за да умре и да се претвори во прашина, туку за да живее вечно. Дури и нехристијаните тежнеат кон бесмртноста, иако не знаат по кој пат да стигнат до неа.
Колку прекрасна и радосна вест! Ако човекот во темнината на својот морален пад можел да ја наѕре светлината од божественото Сонце, кое се раѓало на Исток, сепак, сенката на сомнежот непрестано ја одвраќала душата од божествената Вистина. Но денес, кога го славиме Христовото Вознесение, воплотениот Единец,
Духовниот поглед се избиструва кога човекот ќе биде способен да ги открива и гледа своите гревови. Кога ќе открие еден грев, тогаш на чуден начин тој почнува да гледа уште еден и уште еден, кои дотогаш не ги забележувал. Доволно е да ја здогледаме во себе гордоста, па таа да ни ја покаже зависта, па гневот, сребролубието и т.н.
Еве, Бог ни даде ден да се зарадуваме и да се возвеселиме во него, ни дарува ден во кој дочекавме да ја слушнеме одамна посакуваната, но очекувана одлука. Затоа, Ваша Светост, Вам и на членовите на Светиот архијерејски собор на Српската Православна Црква Ви благодариме од името на јерархијата, на монаштвото и на верниот народ на Македонската Православна Црква
Не можам, смрт, а да не те дочекам со добредојде. Кога и да е тоа. Кога и да ти дозволат. Зашто откако Богочовекот Христос дојде, сѐ од Него е добредојде. И ти самата, смрт. И сега не си само смрт, туку, во Него, истовремено си и Воскресение. Пред Него, само страшна чуварка од поголем пад.
Да внимаваме, некои од Божјите дарови, обично, на самиот почеток не ги препознаваме веднаш како дар – во сите негови димензии, зашто ни се даваат прво како крст. Крстот, пак, треба најпрвин аскетски да го прифатиме како дар, за потоа – кога ќе го усвоиме благодатно и лично како дар, да можеме да ги согледаме сите негови димензии – што се неговата ширина и должина,