логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Mihail.Traj.Voznesenie2

Скопје,2ри јуни 2022 лето Господово-манастир на св.вмч.Георгиј, н. Криви Дол

Недела на Слепиот
(VI недела по Воскресение)
Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Лука 24:36-53

Mihail.Traj.Voznesenie

ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - СПАСОВДЕН ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

        Луѓето со голем ум и срце низ сите векови ја сфатиле животната вистина дека човечката душа е одсјај на вечната светлина, со која таа по воскресението повторно ќе се соедини, за вечно да свети во царството на славата и блаженството, како и тоа дека природата и целата вселена се дело на мудроста, добрината и семожноста на Бог Творец. Бог нам ни се открива секогаш и насекаде. Преку нашата совест го слушаме Неговиот глас, низ целокупниот живот на природата јасно ја гледаме Неговата сила и слава, а прославувањето на Неговото свето име и принесувањето молитви, претставува ехо на тој сеопшт и свет глас, а исполнувањето на Неговата волја е најпрекрасен дар, кој човештвото е способно да го принесе.
За време на Својата божествена мисија, Спасителот честопати ја посетувал Елеонската Гора, или како што уште е нарекувана, „гората од три светлини“. Кога и да доаѓал во Ерусалим, секогаш со своите ученици доаѓал тука, па во самотија се молел на Својот Отец. На Елеонската Гора ги научил Своите ученици како да се молат, тука ги леел горчливите солзи за тешките денови кои треба да надојдат врз Ерусалим и неговите жители, тука ги искажал Своите пророштва дека ќе дојдат лажни пророци кои многумина ќе излажат...
Во четириесеттиот ден по Своето славно Воскресение, Господ им се јавил на учениците, утешувајќи ги со ветувањето дека ќе им го испрати од Отецот Духот Утешител, дека Он Ќе биде со нив до крајот на светот, потоа ги одвел на Елеонската Гора, „ги подигна рацете, ги благослови; и кога ги благословуваше, се оддели од нив и се вознесе на небото; тие Му се поклонија и се вратија во Ерусалим со голема радост“ (Лука 24: 50-52).
          Колку прекрасна и радосна вест! Ако човекот во темнината на својот морален пад можел да ја наѕре светлината од божественото Сонце, кое се раѓало на Исток, сепак, сенката на сомнежот непрестано ја одвраќала душата од божествената Вистина. Но денес, кога го славиме Христовото Вознесение, воплотениот Единец, Кој страдаше, беше распнат на крст, во студен гроб положен, а потоа во третиот ден воскресна, и Кој во четириесеттиот ден славно се вознесе на небо и седна од десната страна на Бог Отец, денес ја раскина завесата на сомнежот и го разурна мрачниот столб, кој ја засенил евангелската светлина. А, денес се радува и ликува Елеонската Гора, зашто токму од неа Спасителот се издигна над сите облаци. Замина во величественото боженствено царство, откаде и понатаму не благословува и откаде повторно ќе дојде со ангелите со силата на својата слава, да им суди на живите и мртвите. Се вознесе за да ги отвори небесните двери, пред кои со радост ќе ги дочека своите добри и верни слуги, со кои ќе влезе во радоста на Отецот Небесен.
          Колку е прекрасна и величенствена Елеонската Гора! Таа се удостоила за светиот евангелски чин, со кој Господ ни го покажа патот по кој треба да го насочиме нашиот живот. Горе, во небесните височини, каде што е престолот на Царот на вселената, Царот над царевите, таму треба да ги подигнеме своите очи, таму треба да бидат вперени нашите мисли и желби. Голема милост е излеана на Елеонската Гора, зашто таа била последно видливо подножје за пречистите нозе од нашиот Благодетел и Човекољубец - Господ Исус Христос, кој телесно не остави, за да ни приготви непроценливо богатство, кое молец не го гризе и р'ѓа не го расипува, и кое се стекнува само со вера и исполнување на неговиот свет евангелски закон.
Зарем пред духовната слика на Елеонската Гора, секој искрен православен верник нема да застане и да се запраша:
Застани, човеку, на современата култура и цивилизација! Застани, каде си се затрчал? Трчаш по среќата, а забораваш дека колку повеќе трчаш, толку повеќе таа е подалеку од тебе! Денес се восхитуваме на напредокот на техниката и науката, а забораваме дека приличиме на обични дрва, чии корени се иструлени, а стеблата исушени, и дека за кусо време ќе заминеме во вечен заборав. Нашиот духовен развој не сме го поставиле на стабилна, цврста и вековита основа, туку на песок, така што и најслаб ветер може да го урне. Денес се издигнуваме до небеса, но не за да нацрпеме животочни сокови од изворот на вечниот живот, туку за да ги скриеме ништожните богатства, кои со гордост сме ги пронашле во земјината утроба. Големиот порок - себичноста, кој на развратен начин не тера да размислуваме за личната своина, се повеќе го суши коренот на нашето срце. Сите свои мисли и желби, нашата душа и сето наше битие сме го предале на милост и немилост во прегратките на гревот. Затоа нашиот живот се повеќе и повеќе е обвиткан во сомнежи и немири, во смрт и во страв. Идеалите на нашиот живот не одат подалеку од нашата чинија и трпеза, од задоволувањето на телесните похоти и страсти. Суетата и празнината од овој свет се претворија во наше духовно богатство. За жал, кон нив ние трчаме со сите сили, несвесни дека еден ден токму тие гревови ќе не одведат во крајна темнина и вечна смрт.
          Гледајќи ги тешкотиите во кои денес живееме, можеби сите нас не опфаќа паничен страв како да го продолжиме животот понатаму. Сите ние ја чувствуваме празнината и суетата во овој живот, па можеби затоа се потешко ги средуваме нашите мисли и ги концетрираме нашите духовни сили. Токму затоа, денес чувствуваме недостиг на моќ за да го одбраниме нашето најскапоцено богатство - душата, зашто нашите духовни сили се при крајот на својата издржливост, потиснати од сопствените гревови и страсти. И во сета оваа тешка ситуација потребно е да го насочиме нашиот поглед кон небото, па да ја здогледаме можноста за спасение, која ни се нуди. Зарем Спасителот, при Своето Вознесение не ни вети дека ќе биде со нас до крајот на светот? Он и сега и секогаш ќе биде во наша близина! Да го повикаме Неговото свето име и да го побараме Неговото присуство, и Он милостиво ќе не чуе. Сесрдно да го прифатиме светото Евангелие; да не бидеме живи само за овој свет, туку, пред се, да живееме за Господа. Да го бараме она, кое е горе при Христа, Кој седи од десната страна на Бога, и само на таков начин ќе биде жива нашата душа. Да ги свртиме своите уши и да ги затвориме своите очи пред лажните пророци и учители, кои под маската на братољубие, слога и разбирање го пустошат нашиот живот и нашето семејство. Низ нивниот милозвучен глас се крие злобата, најгрубата себичност и сета сатанска нечистотија. Во лебот, кој му го даваат на сиромашните и гладните, тие ја скриле таблетата со најстрашен отров.
Од нас, па до врвот на Елеонската Гора, каде што се вознесе Спасителот, има само едно скалило од нашето заедничко издигнување и вознесение, но за да стигнеме и за да се вознесеме пред Престолот на Севишниот, има многу скалила. Да се потрудиме да се издигнеме макар за едно скалило нагоре, и веднаш ќе почувствуваме како Божјата помош пристигнува, со цел да не поткрепи и зајакне во нашите намери. Веднаш ќе почувствуваме како нашите несигурни нозе постануваат стабилни, искачувајќи се и вознесувајќи се по светите скалила на нашето морално оживување и духовно извишување.
Амин!

 

Mihail.Traj.Voznesenie1

о.Михаил Трајковски

Mihail.Traj.Voznesenie3

Скопје, 2ри јуни 2022 лето Господово-  манастирска црква на св.вмч. Георгиј, н.Криви Дол

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2147
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2164
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 612
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

25/05/2026 -понеделник

Свети Епифаниј, епископ Кипарски; Свети Герман, патријарх Цариградски; Светиот маченик Панкратиј;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите рамноапостолни Методиј и Кирил словенски  учители 24/11 мај 2026

Тропар на светите рамноапостолни Методиј и Кирил словенски учители 24/11 мај 2026

Рамноапостолни  учители на словенските земји, богомудри Кириле и Методие,Владиката на сите молете Го,

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

  Се врати при Својот Отец за да Го испрати при учениците Духот на Вистината. Оттогаш Христос седи од десната...

Тропар на споменот на Христовиот возљубен Апостол Јован  21 мај / 8 мај 2026

Тропар на споменот на Христовиот возљубен Апостол Јован 21 мај / 8 мај 2026

Благочестива усто на откровението, на дар сѐ доби, дарум Христос преку тебе сѐ ни предаде,да знаеме и да веруваме, да...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная