логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Ако може смирено, без занесување (05.09.2022 09:48)

„Потоа се искачи на гората и ги повика при Себе оние, кои Сам ги одбра, и тие дојдоа при Него. Избра дванаесетмина да бидат со Него, и да ги праќа да проповедаат; и да имаат власт да лекуваат болести и да изгонуваат бесови: првиот Симон, кого го нарече Петар; па Јаков Зеведеев и брат му Јован, на кои им даде име Воанергес, што значи: синови на громот; потоа Андреј, Филип, Вартоломеј, Матеј, Тома, Јаков Алфеев, Тадеј, Симон Кананит и Јуда Искариотски, кој и Го предаде“ (Марко 3, 13–19).

Гледате ли, деца, какви дарови Богочовекот Исус Христос им дал на Своите Апостоли и пред завршувањето на севкупниот Очев домострој на нашето спасение, т.е. и пред симнувањето на Светиот Дух Господ на Апостолите? Но, тоа се дарови кои се должат на вонредната благодат што Господ им ја дава на Своите ученици; исто каква што е и благодатта што Неговите ученици ја примаат на гората Тавор, за да можат да Го видат Христос, колку што можат, во Неговата начелна слава.

Секако, очигледно се тоа големи дарови; не само што го добиле дарот да проповедаат, туку истиот и да го потврдат со дела на исцелување болести и изгонување досадни бесови. Затоа што зборовите без дела се празни и никого не можат да привлечат; посебно – не оние што не ни знаат дека се под власт на демоните. Колку потребни дарови и денес...

Денешното евангелско четиво (види: Марко 3, 13–19) ми дава повод да ја разгледаме разликата помеѓу редовната и вонредната благодат во Црквата, како и колку ние треба да бидеме внимателни во разликувањето и во односот кон двата вида благодат. Зошто?

Затоа што, иако апостолите беа учесници во толку голема благодат, тие сите се откажаа од Христос, а еден од нив и Го предаде. Ваков пад, од таква духовна висина, е речиси невозможно да му се случи на носителот на редовната благодат. Тоа е главната разлика и последица помеѓу двата вида на благодат.

Основно светоотечко начело е: дај крв – прими Дух. Сите христијански подвижници што ја примиле, т.е. усвоиле, т.е. поличносниле редовната Божја благодат, претходно многу пострадале – и во внатрешната борба за преобразување на своите страсти и во надворешната борба за љубов и кон непријателите, па сѐ до целосната жртва за Црквата. Што би рекле, многупати го доживеале и преживеале страдањето што им се заканувало на Апостолите во часовите на Христовото страдање и затоа ја добиле таквата благодат; исто како Апостолите потоа, откако се покајале и откако била проверена нивната верност.

Вистината е дека Црквата денес многу повеќе опстојува врз основа на вонредната благодат за нејзина надградба отколку што има носители на редовна благодат. Но, сепак ги има. Проблемот е да не си помислиме дека даровите со кои сме обдарени сме ги добиле по редовен пат – преку голем подвиг; оти тогаш падот ќе биде многу блиску. А да не спомнувам дека има и демонски дарови.

Како препознаваме што е што? Секој оној што не поминал низ восогласување на начинот на својот живот со степенот на духовниот развој или душевната состојба во која се наоѓа, како и со местото и задачата што ги има во Црквата и општеството, нека знае дека не може да биде носител на редовната благодат. А за демонските дарови на тие што прават неред во Црквата, немам кому да објаснам.

Најсигурно е, смирено да Му благодариме на Бог за сѐ и секој да си ја гледа својата работа.

Пресвета Богородице, спаси нас!

Митрополит Струмички Наум

 Извор: МПЦ-ОА

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3211
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7696
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная