логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Pogrebenie.jpg

 


Велика сабота (22.04.2022 19:54)

Не можам, смрт, а да не те дочекам со добредојде. Кога и да е тоа. Кога и да ти дозволат. Зашто откако Богочовекот Христос дојде, сѐ од Него е добредојде. И ти самата, смрт. И сега не си само смрт, туку, во Него, истовремено си и Воскресение. Пред Него, само страшна чуварка од поголем пад.

            Пред Него – труд, мака, пуста надеж, бескрајно исчекување. Дури и животот и радоста не ни беа светли, под сенката на неизвесноста. Како маката да немаше крај, а само доброто и убавото. Очај на бесмислата и бесцелноста. Но, во Неговиот Домострој сѐ се осмисли, па и самата ти. Затоа, добредојде.

            Сега, Он е со нас, засекогаш. Не како кога бевме отуѓени, туку како Негови. Како што вели апостолот: „И јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене“ (Гал. 2, 20). Токму преку Крстот и преку Неговата Смрт и Воскресение, докрај посвоени. Вистински деца Божји. Со Духот, Кој во срцето повикува: „Ава, Оче!“ (Рим. 8, 15). И повторно, добредојде.

            Ти, смрт, не ни требаш само на крајот, како премин, како покој, како мир во Него. Не, ти сега и овде си ни најпотребна, како постојано сеќавање на тебе. Слаби сме, паѓаме. Ти најмногу ни помагаш да се отрезниме и да се освестиме. Од гревот. Од опиеноста со овој свет. Големо добредојде.

            Но, да бидам искрен, можеш и веднаш да дојдеш. Колку за толку, доволно Го љубиме Господ. Постојано нѐ ранува одвоеноста од нашиот Христос, а длабоката поврзаност со овој свет. А, да ти кажам, смрт, душата тоа тешко го поднесува! Знаеш и самата колкупати сме посакале да си веќе била дојдена. Главно, добредојде.

            Го спомнав светот. Не мислев толку на надворешниот колку на нашиот, внатрешен. Светот е преубав. Говорам за поврзаноста на нашите страсти со световното. За похотта на телото, желбата на очите и гордоста на животот, коишто кон пад нѐ влечат. Од кои докрај нема да се ослободиме. Колку добредојде.

            Види сега, смрт, вака – сепак, да бидеме на јасно. Немој сѐ уште да глумиш страшна, барем не нам. Па ние во тебе, односно во Христовата смрт и Воскресение се крстивме и преродивме. Па ти си почеток на нашиот живот, на нашиот вечен живот. Ние ништо без тебе не правиме. Ама ти не знаеш колку добредојде.

            Не знаеш ли дека ти си суштински дел на нашата молитва? Па ние без тебе не би можеле ни да се молиме. Како умот би го исцелиле? Како со Господ би се соединиле? Нема молитва без смрт за овој свет. Благодатта на молитвата само со тебе во друштво доаѓа. Неразделна е од тебе. Да, смрт, добредојде.

            Не само што си неразделив дел, ти си и желба на нашата молитва. Колкупати ли само го понудивме нашиот живот, повикувајќи те тебе, во замена за животот на нашиот ближен. Ти не ни знаеш колку нѐ правиш слични на нашиот возљубен Господ, Богочовекот Исус Христос. О, смрт, добредојде.

Да, ти си утврдување и на нашиот монашки живот. Колку за време на овоземниот подвиг, толку повеќе во Царството Небесно. Голема си утеха навистина, од која страна и да те разгледаме. Дури и манастирите без тебе не ни личат. Смрт, добредојде.

            И, види, веќе многу добро научивме дека христијански може само да умреме, но не и да живееме. Толку е совршен нашиот Господ Богочовекот Христос. Затоа, дозволи ни на крајот, заедно со апостолот Павле, на твоја сметка и да се пошегуваме: „Смрт, каде ти е осилката? Пеколу, каде ти е победата?“

             Христос Воскресе!

Митрополит Струмички Наум


 
    
    

 
    



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2026
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2048
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 494
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

07/05/2026 - четврток

Светиот маченик Сава Стратилат; Преподобна Елисавета; Светите маченици Пасикрат и Валентин; Преподобен Тома Јуродив; Светите маченици Лука и Никола;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил  8 април/26 март 2026

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил 8 април/26 март 2026

Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная