Основа на постот е борбата со гревот преку воздржание од храна. Значи воздржание, а не истоштување на телото, затоа правилата за запазување на постот секој треба да ги усогласи со своите сили, со степенот на својата подготвеност за пост. Постот е аскетски подвиг, кој бара подготовка и постепеност.
Не стреми се прерано кон повисокото
Да, сето тоа му наштетува на оној што е внимателен. Преку твоите способности, бори се правилно со страстите. Какви било страсти и да забележиш во себе, постојано бори се со нив. Прави го ова не само со своите сили, туку и со Божјата помош.