Денес, кога Црквата го празнува споменот на свети Григориј Палама – заштитникот на Струмичката епархија, како и на светиот апостол Филип и светиот цар Јустинијан, во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и свети Леонтиј“, во Водоча, беше отслужена Света Архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение на надлежниот Митрополит Струмички г. Наум и неговиот викарен Епископ г. Јаков Стобиски.
Верниот народ се поклони на моштите на свети Григориј Палама и на свети Кирил Лешочки. На Литургијата многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.