Викарниот епископ Стобиски г. Јаков на покана на Митрополитот Европски г. Пимен ја посети црковната општина на МПЦ-ОА во Пјаченца – Р. Италија каде што се поклонија на светите мошти на многубројни ранохристијански маченици и на Светата честица од Чесниот Крст кои што се чуваат во храмот на Св. апостол Вартоломеј и Св. Прохор Пчински.
Епископот Јаков го истакна своето воодушевување од велелепноста на храмот кој што од неодамна е сопственост на МПЦ-ОА и на македонскиот народ, но и од посветеноста и пожртвуваноста на отец Климент (парохискиот свештеник) во служењето на Црквата Христова и на народот македонски кој што во него препознава вистински и добар пастир.
Извор: