Жени мироносици (19.05.2024)
И многу други, како што соопштува божествениот Лука, и говори, Му служеа на Христа и на Неговите ученици, со својот имот. Тие го проповедаа воскресението и ни кажаа многу догмати, за уверување и известување на вистинитоста на Христовото воскресение. Црквата Христова прими по Тома да се празнуваат и тие, кои први го видоа Христа воскреснат од мртвите,



Тoлкавo благoчeстиe и тoлкава рeвнoст пoкажал Аниан на дeлoтo Бoжјo
Овој славен и победоносен светител беше роден во Кападокија од богати и благочестиви родители. Татко му пострада за Христа, а мајка му се пресели во Палестина. Кога порасна, Георгиј отиде во војска и во својата дваесетта година го стекна чинот трибун и како таков служеше при царот Диоклецијан. Кога овој цар започна страшно гонење на христијаните, Георгиј истапи пред него и одважно исповеда дека е христијанин.
Од времето на страдањето на Господ Христос на крст на Голгота, секоја Велика сабота е исполнета со исчекување на благодатта на Неговото Воскресение. Смртта на Господ веќе ги воскреснала упокоените праведници во Ерусалим кои им се јавиле на мнозина, а први што трепереле пред можноста да се објави како воскреснат биле непријателите Негови
Преданието вели дека домот на света Лидија бил првиот европски храм во кој проповедале апостол Павле и евангелистот Лука. По примерот на светителката Христовата вера ја примиле многу македонци во Филипи и околината. Таа е основоположник и на црквата во Тиатар, една од седумте азиски цркви според Јовановото Откровение.
Животот на преподобниот отец наш Јоаникиј е во току скриен, а истовремено и во толку објавен. За овој свет преподобен Отец, до скоро никој не знаеше и не се знаеше ништо особено, освен некои оскудни лични податоаци за неговиот животен пат. На чудесен начин, преку објавување на неговите нетрулежни мошти од површината на земјата, ни го објави и
Старозаветното обрезание е предобраз на новозаветното Крштение. Обрезанието на Господ покажува дека Тој на Себе прими вистинско човечко тело а не привидно, како што подоцна учеа еретиците. Уште Господ е обрезан и затоа што сакал да се исполни целиот Закон, којшто Самиот го дал преку Пророците и Праотците.
Твоето учење се рашири по целата земја, и таа го прими твоето слово; преку него си поучувал долично за Бога, си ја појаснил природата на Света Троица, и си го поправил однесувањето на луѓето. Светителу со царско име, отче преподобни, моли го Христа Бога, да ги спаси душите наши.
Познато е дека подмолниот владетел Ирод, од страв да не ја изгуби моќта, нареди уништување на сите бебиња на возраст под две години во Витлеем. Тој сметал дека Исус ќе биде сигурно меѓу нив. Душите на витлеемските бебиња, кои беа убиени по наредба на Ирод, беа однесени во Царството Небесно, чисти, не извалкани од грев. Нивното мачеништво ги направи свети. Нивните мошти биле пронајдени во Витлеем во 313 година од страна на Света Елена, мајка на Константин Велики.
Кога некој би посакал одредено да му покажете во што се состои доблеста ќе ви кажам: гледајте во ликот на Пречиста Владичица Богородица, која ни го родила Спасителот, Кој со убавината е попрекрасен од сите синови човечки; во ликот на Владичицата, на која и било претскажано дека ќе стои од десната страна на Бога, како Царица, во позлатена риза облечена и преукрасена, -
Во наше време, сè поизразена е потребата за спомените на луѓето, кои во првите векови на христијанската историја зрачеле со свежа вера во Христа и кои со својата жртва ја сведочеле вистината на Христовото воскресение и полагале темел на универзалната, сеопшта Црква.
„Каква корист имаме волку што плачеме? Ете, веќе трета година како лелекаме; заборавивме и на празникот на светиот отец Николај и не отидовме кај него за празникот. Туку послушај ме сега: ајде да подготвиме свеќи, елеј и темјан, па да појдеме кај светителот и да му се помолиме со вера, да нè утеши во тагата по нашиот син Василиј и да нè охрабри со надеж. Зашто тој може да ни го врати синот или нас на
Читајќи го неговото житие, не е тешко да се забележи дека светителот секогаш се стремел кон вистината и правдата, како и за помирување на завојуваните страни. Во принцип, желбата за мир треба да биде вродена кај сите христијани. „Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји“ (Мт. 5, 9),
Во принцип, оваа приказна не се однесува само на апостолите, туку и на секој од нас. Се среќаваме и со Христа, но дали секогаш тивко го следиме? Не, не секогаш. Честопати се обидуваме да се пазариме, да ги наведеме условите под кои сме спремни да станеме Негови ученици итн. Јасно е дека овој пат не води никаде.
Синајскиот манастир


























