логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Panorami3.jpg
 

За земјотресот*

(Извадок од беседата: За земјотресот, за богатиот и за Лазар, и за тоа како настанало ропството)


Ја видовте ли Божјата сила, го видовте ли Божјото човекољубие?
Силата – во тоа што Бог ја затресол вселената; човекољубието – во тоа што истата, што почнала да паѓа, ја задржал: а подобро, и во едното и во другото – и силата и човекољубието; и да се затресе и да се задржи – е дело на силата и на човекољубието; затоа што Тој ја занишал вселената и пак ја зацврстил, и ја востановил каква што била, макар што таа се нишала и била пред паѓање.
Но, макар што земјотресот престанал, стравот останува; нишањето престанало, а смирението, богопочитувањето не се враќа; три дена се молиме, но нема да ја прекинеме нашата ревност. Затоа (и нѐ погоди) земјотресот – заради нашата негрижа; нас не обзеде негрижа, мрзливост – и со тоа го предизвикавме земјотресот; се исправивме – и го отстранивме (Божјиот) гнев; да не се предаваме повторно на негрижата, за повторно да не ги предизвикаме гевот и казната;


Бог не ја сака смртта на грешникот, туку грешникот да се одврати од својот пат и да остане жив (Језекиил. XXXIII, 11).
Ја видовте ли непостојаноста на човековиот род? Кога се случи земјотресот, јас вака си размислував: каде е сега приграбувањето? каде е користољубието? каде е моќта? каде е  вообразеноста? каде е власта? каде е угнетувањето? каде е грабежот од сиромашните? каде е славољубието на богатите? каде е власта на челниците? каде е заканувањето? каде се  стравувањата? Еден миг – и сѐ се раскина како да е од пајажина, сѐ се разурна; и имаше плач во градот, и сите бараа засолниште во црквата. Размислете што би било со нас, доколку Бог сака да ги уништи нештата. Ова го кажувам за во вас постојано да живее стравот од она што се случи и тој страв да го засили сечиј ум.
Господ ја затресе земјата, но не ја уништи; зашто, доколку сакаше да ја уништи, немаше да ја зартесе; но бидејќи Тој не го сака уништувањето, се случи замјотрес, како гласник кој на сите им го објавува гневот Божји, за да ние, коишто од страв станавме подобри, ја отстраниме од себе казната за стореното.
Така постапил Тој и со туѓите по род: уште четириесет дена и Ниневија ќе биде разурната (Јона III, 4). Зошто не била разурната? Се закани дека ќе ја уништиш: тогаш, зошто не ја уништи? – Затоа што не сакам да уништувам, затоа и се заканувам. – Зошто го кажуваш тоа? – За да не го сторам тоа што го кажувам; нека со збор биде предупредено и спречено извршувањето. Уште четириесет дена и Ниневија ќе биде разурната, говорел тогаш пророкот, а сега гласот излегува од карпите. Им го велам ова и нема да престанам да им го велам и на сиромавите и на богатите; помислете колку е голем гневот Божји, како Нему се Му е лесно и  Му е примерно; но, да ги оставиме пророците; во краток миг од времето Тој силно ги разурнал сечија душа и сечији ум, и ги затресол темелите на срцето; да помислиме дека во тој страшен ден, кој нема да трае само еден миг од времето, туку бесконечни векови, и (ќе има) потоци оган, и страшен гнев, и сили што одвлекуваат на суд, и страшен престол, и непристрасно судење, и делата на секого ќе излезат на виделина, и никој нема да биде застапник — ниту соседот, ниту говорникот, ниту роднината, ниту братот, ниту таткото, ниту мајката, ниту туѓите по род, ниту кој-годе друг – што тогаш, кажи ми, ќе правиме?
Го насочувам стравот кон вас, за да го устројам вашето спасение. Го направив учењето поостро од железо, за секој од вас, којшто има гнојна рана, да се ослободи од неа. Не ли велев постојано, а и сега ви  кажувам, и нема да престанам да ви кажувам: до кога ќе бидете приврзани кон сегашното? Ви велам на сите вас, но особено на слабите и на оние што не внимаваат на тоа што се кажува; или, подобро кажано, ова слово е полезно и за едните и за другите: за болниот – за оздравување, за здравиот – за да ја избегне болеста.
 sv.jovan.zlatoust3.jpg
 
Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот заедно со владеењето, домот заедно со градителот. Градот стана заедничка гробница за сите, направена ненадејно – не од рацете на мајстори, туку од несреќен случај. Каде е  богатството? Каде е користољубието? Гледате ли како сите нешта се покажаа поништожни од пајажина?
2. Ќе ме прашаш: каква полза од твоите зборови? Полза има, ако некој ме слуша. Јас го правам своето; сејачот сее. Излезе сејачот да сее; и паднаа семињата – едни покрај патот, други на камен, некои во трње, а некои на добра почва (Матеј, XIII, 3-8); три четвртини (од семето) пропаднаа, само една четвртина се зачува; но (сејачот) не се откажа од земјоделието; макар што се зачувала само една четвртина, тој не престанал да се грижи за земјата. И сега е неверојатно дека семето, фрлено во толкаво мноштво(слушатели), нема да  ми донесе род; ако не слушнале сите, слушнакле половина; ако не половина, тогаш една третина; ако не една третина, тогаш една десетина; ако не една десетина, тогаш макар еден, од толкаво мноштво, ќе слушне, само нека чуе. Не е за занемарување дс се спаси макар и една овца; така и оној пастир (Матеј, XVIII, 12), оставајќи деведесет и девет овци, тргнал по една заскитана овца.
Јас не пренебрегнувам ниеден човек; макар и да се работи за само еден човек, тој сепак е - човек, живо суштество, суштество коешто Бог најмногу го сака; и да е роб, не сметам дека треба да се презира; зашто, не барам звање, туку добродетели, не господства, не ропства, туку души; макар и да е еден, тој е - човек заради кого е распрострено небото, и заради кого сјае Сонцето, и се движи Месечината, и е раширен воздухот, и течат изворите, ие распрострено морето, и пророкувале пророците, и е даден законот ... но зошто да се набројуваат нештата? и заради кого единородниот Син Божји станал човек. Владиката мој был заклан и ја пролеал крвта Своја за човекот, и јас ли да го пренебрегнувам човекот? Како би ми било простено?
Не слушате ли дека Господ разговарал со Самарјанката и притоа искажал множество зборови? Тој не ја презрел заради тоа што таа била Самарјанка, туку ѝ посветил внимание, зашто таа имала душа; не ја презрел, макар што била блудница, туку покажал голема грижа за неа, зашто и таа можела да биде спасена и затоа што покажала вера. Нема да престанам да зборувам дури и ако никој не ме слуша: јас сум лекар и предлагам лекарство; јас сум учител и должен сум да подучувам, зашто вели (Господ): стража над домот Израилев те поставив (Језекиил, III, 17). Не сум успеал никого да поправам? Па што? Јас нема да бидам лишен од награда. Впрочем, ова го кажав со преувеличување; не е можно во такво множество никој да не се поправи. Тоа се само приговори и искази на мрзливи слушатели.
Секојдневно, велите, слушам а не постапувам според слушнатото. Слушај, па макар и да не постапуваш како што слушаш; зашто, од слушањето може да произлезе и постапувањето; м акар и да не постапуваш како што треба, барем ќе се срамиш од гревот; макар и да не постапуваш како што треба, барем ќе го смениш начинот на размислувањето; макар и да не постапуваш како што треба, барем ќе се осудуваш за тоа што не постапуваш како што треба. А од каде таквото осудување на самиот себе? Тоа е – плод на моите зборови. Кога ќе кажеш: оф! Јас слушав, но не правам како што слушам! – тоа оф! е почеток на промена кон подобро. Ти згреши и се расплака? Со тоа го ублажи гревот; зашто е (напишано): кажувај ги твоите беззаконија, за да се оправдаш (Исаија XLIII, 26).
Размислувајте постојано за таа ноќ во која се случи земјотресот. Сите се исплашија од земјотресот, а јас се исплашив од причините коишто го предизвикаа. Разбирате ли што реков? Другите се исплашија  да не се разурне градот и самите тие да не загинат; а јас се исплашив од тоа Владиката да не се разгневи заради нас; зашто, не е тешко да се умре, но тешко е - да се разгневи Владиката.
Така, јас не се испчашив од земјотресот, туку од она што го предизвика; причината за земјотресот е гневот Божји, а причината за тој гнев се – нашите гревови. Никогаш не плаши се од казната, туку плаши се од гревот којшто ја навлекува казната. Се тресе градот? Па што? Само нека не се колеба душата твоја; така и во случајот на болест и рани ние не ги оплакуваме оние што може да се излекуваат, туку неизлечиво болните. А гревот е исто што и болест и рана, и казната е исто што и отсекување и лекување.
* Се работи за земјотрес што се случил во 403 година во Константинопол. (забел. на прев.)

Подготви: д-р Драган Михајловиќ

Извор:

Святитель Иоанн Златоуст
Полное собрание сочинений Св. Иоанна Златоуста в двенадцати томах. Том первый, книга вторая

О Лазаре
Слово шестое
Часть 1

Полное заглавие этого слова следующее: "о землетрясении, и о богатом и Лазаре, и о том, откуда произошло рабство"

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная