логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

СВЕТА РЕВНОСТ
„Никогаш нема да се откажеме од тебе љубено Православие! Никогаш нема да те издадеме, благочестие на Отците! Никогаш нема да те оставиме мајко на побожноста! Во тебе сме родени, во тебе живееме и во тебе ќе умреме. Ако времето бара од нас, и илјада пати ќе умреме за тебе!“ Јосиф Вриениј (1350-1436), учител на Св. Марко Ефески

 

 

 

аверкий

 

Една од најглавните и најважните последици од големото дело на искупувањето на човештвото, потполно Воскреснатиот тридневен од гробот Христос-Животодателот, е простувањето, или отпуштањето на гревовите. Еве зошто, кога во првиот ден по Своето Воскресение, кога им се јавил на Своите ученици, кога биле собрани заедно, Воскреснатиот Господ давајќи им го мирот, дувнал и рекол: „Примете Дух Свети. На кого ќе му ги простите гревовите ќе му се простат; на кого ќе му ги оставите, ќе му останат“ (Јован 20, 19-23). А понатаму, од книгата Дела Апостолски ние гледаме како светите Апостоли, проповедајќи за Христа Распнатиот и Воскреснатиот од мртвите, веднаш потоа, ги повикувале своите слушатели кон покајание и примање на свето крштение за простување на гревовите. „Покајте се, и да се крсти секој од вас во името на Исуса Христа за простување на гревовите; и ќе го добиете дарот на Светиот Дух“, – така повикувал св. Апостол Петар кон многуилјадната толпа народ, која што го слушала во денот на Педесетница (Дела, 2, 38). „Покајте се и обратете се, за да се очистите од гревовите ваши“, го повикувал народот кој што бил собран околу него и св. Апостол Јован по чудесното исцеление на хромиот (Дела 3, 19).

„Бог сега им заповеда на сите луѓе да се покајат, зашто Он определи ден кога праведно ќе му суди на светот“ (Дела. 17, 30-31).Ова „простување“ или „отпуштање на гревовите“ не ни се дава безусловно, туку условно – имено под услов на покајание (секако, искрено). Господ им дарувал на Своите ученици власт да отпуштаат гревови преку Светиот Дух, а во исто време, како што гледаме, им дал власт и да не простуваат гревови – очигледно на оние кои што не се кајат искрено: „на кого ќе му ги задржите, ќе му се задржат“, – следователно, нема да му се простат.

Колку тоа е јасно, колку е логично, и како е сосема спротивна на јасното и определено евангелско учење, денешната модернистичка пропаганда на лажната христијанска љубов и безусловното простување, која веќе премногу се проповеда, дури и на непријателите на Христовата вера, кои активно се борат со светата Црква и самата вера во Бога, и кои несомнено се слуги на Антихристот кој што доаѓа!

Таквите лажни проповедници на модерното привидно „христијанство“ за поткрепување на своите разнишани позиции, многу сакаат да ги злоупотребуваат познатите Господови зборови: „Не судете, за да не ви се суди“ (Мат. 7, 1) – особено ги љубат овие зборови, меѓутоа, воопшто не им пречи да судат и на жесток начин да ги осудуваат сите оние кои не се согласни со нивното лажно учење, крајно лукаво претставувајќи и искажувајќи го евангелското учење – фалсификат со кого сакаат да прелажат и да возмутат многумина.

За правилно да се сфатат овие Господови зборови, треба да се запамти, дека Самиот Господ Исус Христос рекол: „не судете, за да не ви се суди“, и веднаш потоа рекол: „Не давајте ја светињата на кучињата, и не си го фрлајте бисерот пред свињите, за да не го изгазат со нозете свои, и, откако ќе се вратат, да не ве раскинат“. (Мат. 7, 6). Кои се тие „кучиња“ и „свињи“? Под „кучиња“ и „свињи“ Господ ги подразбира морално-развратните луѓе, кои се неспособни за примање на евангелската Вистина, на кои, се што е свето и духовно не само што им е туѓо, туку дури и одвратно, бидејќи неговата цена не можат да ја разберат. Тоа се морално-паднати луѓе, нечестиви и зли, кои често се потсмеваат со евангелската Вистина, ја газат и можат јаросно да се свртат и на самите нејзини проповедници, причинувајќи им разни беди, дури и смрт.

Зарем не е јасно, дека, со зборовите: „Не судете, за да не ви се суди“, Господ не забранува сосема да не се даваат морални оценки на луѓето – да се прави јасна разлика помеѓу добрите и лошите луѓе? И не само што не забранува, туку како што понатаму ќе видиме, дури и наредува тоа да се прави. Така, Господ директно наредува да се разобличи братот кој што згрешил. „Ако згреши против тебе братот твој, оди и искарај го насамо; ако те послуша, си го придобил брата си“ (Мат. 18, 15).
И не само што таквиот благоразумен и христијански суд над братот кој што згрешил се разрешува, туку се наредува да се повикаат и други браќа: „Ако ли не те послуша, поведи со себе уште еден или двајца, па со устата на двајца или тројца сведоци нека се потврди секој збор“ (Мат. 18, 16).Но и тоа не е се. Ако братот упорно продолжува да прави зло, тогаш треба да и се каже на Црквата, то ест на црковните власти, кои што од Самиот Господ добиле благодатно право да „врзуваат и разрешуваат“: „Ако ли пак, не ги послуша и нив, кажи и на црквата; па, ако и црквата не ја послуша, тогаш нека ти биде тој како незнабожец и митник“ (Мат. 18, 17). Овие последни зборови се страшни и целосно неприфатливи за развратната лажна христијанска идеологија на современите пропагатори на либерално-модерното нео-христијанство, бидејќи тие се сосема спротивни со нивните основни правила. Им се допаѓаат или не им се допаѓаат, нив од Евангелието никако не можеме да ги исфрлиме: тоа се зборови на Самиот Господ наш Исус Христос. Како е можно со нив да не се согласиме?

Но современите нео-христијани, во чиј состав влегуваат и учени богослови, и многу високи иерарси, сосема не се согласуваат со вистинското и оригинално Христово Евангелие, и самоволно си фабрикуваат свое сопствено „евангелие“, како што во свое време направил и нивниот предводник со мрачно сеќавање, Лав Толстој. Уви! За многу современи и сосема неутврдени во вистинската христијанска вера „христијани“, за нив тоа е големо искушение, соблазна, кои целосно ги исфрла од вистинскиот пат.„Не судете, за да не ви се суди!“ – колку само овие зборови се привлечни за нео-христијанското криво толкување: „Јас нема да ти пречам да грешиш, а затоа и ти мене немој да ми пречиш да грешам!“ Ете колку ужасно, извртено, и извитоперено ни се прикажува овој свештен текст во нашево време!

А на дело, ние сме должни да знаеме и запамтиме, дека, осудување од осудување се разликува: постојат различни видови на осудување. Едно осудување е гревовно, а другото, како што видовме, не само што не е гревовно, туку од самото Евангелие ни е заповедано.И тоа е сосема јасно: зашто, ако ние никогаш, никого и во никој случај не осудуваме, тогаш ние брзо ќе ја изгубиме секоја способност да разликуваме добро и зло, и лесно можеме и самите да бидеме вовлечени на патот на злото. Најголемиот роден од жена, чија што светост и беспрекорна морална височина е засведочена од Самиот Христос Спасител, светиот Предтеча Господен Јован, кога видел дека кај него доаѓаат фарисеите и садукеите, им рекол: „Породи змиини, кој ви рече да бегате од гневот што иде?“ (Мат. 3, 7). Што е тоа? Грешно осудување? Самиот наш Господ Исус Христос, предлагајќи им на Своите следбеници да земат пример од Него, вели: „Научете се од Мене, бидејќи Сум кроток и смирен по срце“ (Мат. 11, 29), и не еднаш во однос на закоравените во зло грешници, кои што не сакале да го примат Неговото Божествено учење, го употребил изразот: „породи змиини!“ (Мат. 12, 39), „о роде неверен и развратен! До кога ќе сум со вас, до кога ќе ве трпам?“ (Мат. 17, 17).

Книжниците и фарисеите Он постојано ги нарекувал: „лицемери“, „безумни и слепи“, „змии“ (Мат. 15, 7; 16, 3; 16, 6-12; цела 12 глава), а на царот Ирод еднаш го нарекол: „лисица“ (Лука 13, 32).Освен тоа, ние знаеме од Евангелието, дека кроткиот и смирен Господ, кој на крајот се молел за Своите распнители: „Отче, прости им, оти не знаат што прават“ (Лука 23, 24), не само што употребувал остри зборови на осудување, туку понекогаш и прибегнувал кон многу силни и решителни мерки на физичко дејствување: така, Он двапати – на самиот почеток на Своето општествено служење – и вторпат – на самиот крај, недолго пред Своите крстни страдања, ги истерал трговците од храмот.

Светите евангелисти на живописен начин ни ги прикажуваат овие собитија. Неможејќи да го издржи безобразното тргување кое што го вовеле под свое покровителство самите свештеници и дури при учество на првосвештениците, бидејќи имале голем приход од продажбата на голуби, Господ Исус Христос, „кога направи бич од врвци, ги истера од храмот сите, и овците и воловите; а на менувачите им ги растури парите и ги преврти масите“, притоа, кажувајќи им на продавачите: „Од домот на Мојот Отец немојте да правите дом за тргување!“ (Јован 2, 14-17). А по Своето торжествено влегување во Иерусалим пред Своето страдање, Он повторно, влегувајќи во храмот, „ги истера сите кои што продаваа и купуваа, им ги преврте масите на менувачите и на оние кои што продаваа гулаби, и им рече: „Мојот Дом е дом за молитва, а вие го направивте разбојничка пештера“ (Мат. 21, 12-13) Марко 11, 15-17; Лука 19, 45-46).А зошто тоа е така? И колку далеко од тоа е лажната-христијанска „љубов“ и сеопфатното „сеопростување“, кое го проповедаат современите либерали – нео-христијани! И нема ли да најдат, тие со поголема љубов и од Самиот Господ, таквите зборови и дејствија на Безгрешниот Господ, за гревовни и недопустливи, кои противречат на Неговото учење: зарем нема да ги осудат со нивните омилени изрази, како: „мрачњаштво“, „реакционарство“, „мрачно средновековие“, „инквизиција“ и.т.н.? А можеме ли да мислиме, дека, нашиот Господ, Овоплотениот Единороден Син Божји, Кој дојде на земјата поради нашето спасение, за да не научи на Божествената Вистина и живот, согласно со неа, во било што да Си противречи Самиот на Себе, и да постапува спротивно на Своето учење?Следејки го примерот на Самиот Господ, ниту Неговите Свети Ученици и Апостоли не се плашеле, доколку има потреба да ги “осудат” луѓето кои упорно се спротивставуваат на евангелската Виситна, која што ја проповедале, применувајки понекогаш и најостри мерки за зауздување и скротување на злото.

Треба добро да се знае и да се запамти, дека сосема е туѓо за вистинското христијанство, погубното Толстоевско учење „за непротивење на злото“ (кое ја погуби нашата несреќна татковина – Русија, и ја турна во крвавиот ужас на болшевизмот!): секој вистински христијанин е непомирлив со злото, било каде и да го сретне. Примерот на Самиот Господ Исус Христос и на Неговите Свети Апостоли, бил следен од сите вистински христијани во текот на целокупната Црковна историја, тие секаде го осудувале злото и се бореле против него и по цена на тешки лишувања, па дури и со самиот живот. Борбата на светите маченици со злото на мрачното незнабоштво и идолопоклонство не била само пасивно умирање за Христовото име, напротив, одлучно го осудувале, злочестието на идолопоклоничката заблуда, понекогаш и со многу остри зборови и дела.Светите Отци на Црквата се бореле бескомпромисно со лажеучителите-еретици, никако не сметајќи ги за “мислители” (како што денес е модерно да се каже) кон кои треба да се пројавува “трпение” и “да им се приоѓа со разбирање”. Напротив, ги гледале како “грабвливи волци кои не го штедат стадото”, според зборовите на Словото Божјо (Дела. 20, 19), затоа строго ги осудиле на Вселенските и на Помесните собори, на секој можен начин одвраќајки ги верниците од општење со нив и препуштајки ги на анатема.

Што е тоа? Грешна осуда и отсуство на љубов? Не! Тоа не е ништо друго освен правилна примена на зборовите од Светиот Апостол: Какво заедништво постои меѓу правдата и беззаконието? Какво согласие може да има меѓу Христос и Велијар? Или, што има заедничко меѓу верник и безверник? (2. Кор. 6, 14-15). И нашите преподобни Отци и Мајки – христијански подвижници и подвижнички – со самиот чин на заминување во пустина, го осудувале овој свет кој лежи во зло. Тие го следеле Божјиот повик: Затоа излезете од нивната средина и одделете се! и “не допирајте се до нечисто, и Јас ќе ве примам, говори Господ, И Јас ќе ви бидам Татко, а вие ќе Ми бидете синови и ќерки (2. Кор. 6, 17-18).А сега во наше време на цинично и отворено луто безбожништво, ние како христијани, верни на Христа Спасителот и на Неговата Вистинска Црква, не можеме да не ги осудиме со целосна одлучност безбожниците и хулителите, суровите богоборци кои во цел свет се обидуваат да ја искоренат верата Христова и да ја разурнат Светата Црква – кои ја осквернија нашата татковина и се потсмеваат со светињата.

Не можеме да не ги осудуваме и сите нивни соработници, кои ги поддржуваат и содејствуваат во зацврстувањето на нивната власт, помагајки им во реализацијата на нивните адски замисли.Ние ги осудуваме слугите на Антихристот кој доаѓа, и самиот Антихрист…Зарем сето тоа што го забранува Евангелието е грешно осудување, како што се обидуваат да не убедат современите мудреци – нехристијани, преисполнети со некаква необична “надљубов” и “сеопфатно” “сепростување”? Нека не го лажат Господа и Неговото Свето Евангелие! Во својата фарисејска гордост и самоизмама, да не си припишуваат на себе, љубов, поголема од онаа која ја имала Самата Овоплотена Љубов – нашиот Господ и Спасител! Како правилно да ги разбереме Господовите зборови: “Не судете за да не ви се суди”, прекрасно ни толкува големиот Отец на Црквата Свети Јован Златоуст:    “Спасителот овде не го забранува осудувањето за гревовите, воопшто и не забранува на сите да го прават тоа, туку само на оние, кои, и самите исполнети со безбројни гревови, ги прекоруваат другите поради нивните незначителни постапки. Христос овде укажува и на Јудејците кои злобно ги осудуваат своите ближни поради некакви неважни постапки, а самите без грижа на совеста, прават големи гревови. “Значи, се забранува, не осудувањето на постапката на ближниот и осудување на неговите лоши постапки само по себе, туку лошото чувство во душата кон ближниот човек кој и самиот така греши, ако не и повеќе, а не мисли самиот да се поправи. Се забранува необјективно “судење” на ближниот, не непристрасното осудување на неговото лошо однесување, туку злобното озборување и подбивање, кои, како што често се случува, происходат од себељубиви и нечисти побуди – од гордоста и суетата, зависта или злопамтењето. Со други зборови, се забранува секаква лична злоба и ситење со ближниот кој греши, а никако не се забранува праведната, принципиелна и непристрасна оценка на неговите постапки и однесување, која не само што не е спротивна на Евангелието, но, напротив, дури е неопходна, за најпосле да не почнеме рамнодушно да се однесуваме кон доброто и злото, и злото како последица од тоа да не триумфира во светот.Затоа тешко согрешуваат оние пастири кои подобро треба да ги наречеме лажепастири, што под убавиот изговор за наводната христијанска “љубов” и “сепростување”, свесно или несвесно, го учат своето стадо на Толстоевското “неспротивставување на злото”. Колку е страшно тоа мрачно лукавство!

Какво фарисејско лицемерство е тоа!„Сосема никого и за ништо да не се осудува“ – со таквото настроение во современото христијанско општество, се користат слугите на Антихристот којшто доаѓа, за да им биде полесно да дејствуваат и да го подготват светот со благопријатна атмосфера за неговото брзо зацарување. Решително борејќи се со секое и најмало појавување на зло и грев во својата сопствена душа, нема да се плашиме да го откриваме и разобличуваме злото насекаде, каде што во современиот живот се покажува – не по гордоста и самољубието, туку единствено по љубовта кон Вистината.Нашата главна задача во ова лукаво време на лажлива бесрамност е сецело да ја сочуваме верноста и преданоста на изворната Евангелска Вистина и Началникот на нашето спасение – Воскреснатиот тридневен од гробот Христос – Животодарителот, Победителот на адот и смртта.Меѓутоа, никој да не мисли дека јас тврдам, дека, по секоја цена треба да се чува мир. Бидејќи, знам, оти има прекрасно разногласие и само најпогубно едномислие. Но треба да се има добар мир, којшто има добра цел и кој соединува со Бога.

Превод: Х.Т.
Категорија Поуки од Светите Отци, Клучни зборови Антихрист, Архиепископ Аверкиј, модернизам, Свети Јован Златоуст.
Navigation des articles
← АРХИЕПИСКОП АВЕРКИЈ (ТАУШЕВ): СВЕТА РЕВНОСТ
Архимандрит Амвросиј Погодин – Св. Марко Ефески и лажната Фирентинска унија (крај) →

http://svetarevnost.mk/%D0%BB%D0%B0%D0%B6%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%99%D1%83%D0%B1%D0%BE%D0%B2-%D0%B8-%D1%81%D0%B5%D0%BE%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%81%D1%82%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5/

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная