логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

СВЕТОСТА НА СПАСИЦА ВИШЕНСКА


             Историчарите на уметноста фрескоживописот го сместуваат во времето од крајот на 14 или почетокот на 15 век. Дали е тоа и времето во кое живеела Света Спасица Вишенска? Сеедно каков одговор ќе до биете, но тука секој ќе ви рече дека таа и нејзиниот брат Спасе, се сè уште живи!

Sv.Spasa1
          Оваа маченица станала светица на чии мошти се грабат девојките од Вишни, да ја допрат нивната светост и да ја почувствуваат нивната чудотворна моќ. Ако некаде во светот постои место исполнето со толку волшепство и мистичност, тоа е токму тука, во кањонот на реката Сушица, кај селото Вишни, во Струшко. Тука сè е под редено на митското и магичното. На божественото. А тоа овде зрачи од секоја карпа што високо го надвишила небото. Зрачи од нивната распукана утроба во чија темнина царуваат утките и лилјаците. Зрачи од секоја тревка и цвет што блажено те опиваат. Зрачи од шепотот на росата и од жуборот на таинствената Сушица. Таа што умее часкум да ја снема, да ја проголта дното и од ненадеж пак да се појави. Тука и месечината може да засветли по силно и од сонцето.
          А кога и него ќе го снема, пак ќе блесне необична светлина: пламен што патува по небото од еден до друг предел, за да го сокрие длабоко во потсвеста на луѓето. Навистина, необичен феномен. Феномен, кој според некои сознанија, е единствен на просторот на Македонија, но и пошироко на Балканот. За него, атеистите ќе речат дека е метафизичка појава, а оние посветените на Бога, него го поврзуваат со постоењето и силното дејствување на светиот дух врз овој простор. Оттука, оваа необична поја ва се поврзува и со преданието за света Спаса Вишенска како и за нејзиниот брат Спасе, односно за нивното постоење и бесмртност. Станале мит, чија светост одамна е окована меѓу ѕвездите, во вечноста. А тие двајца, биле само простосмртни души и земски маченици кои живееле во времето на Османлиите. Се верува дека нивните имиња им ги дал народот. Тие биле сираци без родители, заради што свое прибежиште за спасение на душите, побарале во еден манастир кој бил посветен на Свети Спас. Тој се наоѓал недалеку од тука, на ридот Бабуш кај селото Заграчани. Во доцната антика ридот бил укрепено место што се користело како збег на населението од околните населби. Тука, во неговиот средишен дел и денес постојат остатоци од една поголема градба која најверојатно била ранохристијанска базилика. А, југоисточно од неа, откриена е основа од средновековна црква, односно манастир. Велат, тој бил голем храм, со три камбанарии, чиј одѕвон се слушал на далеку. Оттогаш, па сè до денешни дни, останала и песната за нив што ја пеат жителите на овој крај. Дали тој одѕвон им ја открил трагата на младите маченици, Спасе и Спасица? Којзнае. Сепак, тука ги насетил гонителот, во обид да ги обесчести и потурчи. Но, тие успеале да се измолкнат од злобните раце и да побегнат во дивината. За да ја спасат честа своја, на родот и верата христијанска. Побегнале на две страни, разделувајќи се со тешко срце, но со аманет, така осамени да го дочуваат заветот. Барем едниот од нив, ако преживее. За среќа, преживеале двајцата. Таа, своето скровиште го побарала во дивиот предел на кањонот на Сушица, во пештерата: тајна и скришна, високо во карпите. Во неа, света Спасица го минала својот испоснички живот, како божја, земска следбеничка и добро-чинителка.

Sv.Spasa2

            Денес од она што останало сочувано од забот на времето, во ова некогашно монашко живеалиште, сведочи сочуваниот дел од вредниот живопис, насликан во карпата. Во олтарниот дел на пештерната црква, односно нејзиниот таван, доминира ликот на света Богородица – (пештерна), со Христос на градите. Освен неа, тука е претставен и Божјиот Агнец во литургиска композиција со светите архиереи: Св. Василиј, Св. Јован Златоуст како и архиѓаконот и првомаченик Стефан. На одделна композиција се насликани

Sv.Spasa3Св. Марина, Св. Недела, Св. Текла, потоа светите врачи: Св. Кузман и Св. Дамјан, како и Св. Петка. Судејќи според типолошките особини на нивните монументални ликови, историчарите на уметноста овој фрескоживопис го сместуваат во времето од крајот на 14 или почетокот на 15 век.

              Дали е тоа и времето во кое живеела Света Спасица Вишенска? Сеедно каков одговор ќе добиете, но тука секој ќе ви рече дека таа и нејзиниот брат Спасе, се сè уште живи! Откако тие двајца се разделиле, Спасе станал пустиник, талкајќи низ високата гора. Се оддал на аскетски живот, често прогонуван и поганет, дружен со орлите и молњите на Шкала вевчанска, сe додека не се засолнал меѓу карпите во дабовата шума над Вевчани. Така тој станал доброчинител и заштитник на луѓето. Затоа него, вевчанци ќе го на речат и Бабалак. Празникот Спасовден е свечен ден за сите христијани, но тука тој има посебно значење. Жителите од овој крај него го поврзуваат и со култот на двајцата маченици и светители. Него, вевчанци го слават дури три пати во годината. Покрај пролетниот, на Вознесение Христово, тие имаат уште два празници – есенски и зимен. Зимскиот празник е воспоставен заради печалбарите, да имаат бериќетна година и да ги штити Спасителот, каде и да се. Додека, пак, есенскиот го празнуваат за здравје на добитокот. Нему, вевчанци му посветиле дури и два храма: “Св. Спас – Горни” и црквата “Св. Спас” – Бела Плоча. Пештерната црква “Свети Спас” во Вишни, вгнездена во карпите на стотина метри од земјата, чува вековни тајни за маченицата Спасица. Тука и во каменот може да никне живот. Затоа врз него се закоравил дивиот повит што наликува на расплетени коси од некоја скаменета вила. Тој бил единственото растение што допирало до светицата со кое таа се искачувала до небеса, до Бога, заради молитвите. Со него таа ја надвиснувала и бездната на спилите, со солзи во очите, за да ја напои Сушица. Со него го плетела и преплетувала дивото билје, за да ја закити косата. Но, исто така, со него ја ткаела и рубата. Па така, по чкрипежот на дрвениот разбој, братот Спасе дознавал дека е таа тука и дека го кани на вечера. Во тој миг ќе засветли и снопот светлина на небото, за да блесне во очите на благочестивиот намерник. Никој не знае кога и како се случило земското скончание на младата светителка. Ниедна камбана за тоа не се огласила, и ниту пак некоја црна птица донесла таков абер. И можеби е подобро така. За оние што веруваат во светлината, таа е сè уште жива. Сепак, едно е сигурно, светицата доживеала прекрасна смрт! Онаква каква што посакувала и самата таа во молитвите. Но, што се случило потоа?


      СОНИШТАТА
            Долго по нејзиното упокојување, нејзините свети мошти чмаеле во темната бездна на пештерата, далеку од очите на Бога и на луѓето, оставени да ги глода невремето и ѕверот. А нејзиниот милозвучен и божествен глас сè уште лунѕал низ пределот на соништата, како ранета утка во ноќта, барајќи милост за спокој на душата: – “Кажи им на вишенци да ми ги соберат коскиве оти немам мир!”.
           Тој тревожен глас, во една бессона ноќ, ја штрекна во срцето рабина Марија, христијанка од Белица, болежлива и со фатени нозе, но со постојана мисла, во себе, ако каже некому, да не речат, жената споулавела!
            Следната вечер, пак истиот глас: – “Дојди во пештерната црква над Сушица, да ми ги собереш коскиве!”
Тогаш Марија доби чудна сила и заедно со својот брат тргна сред мракот и густежот на Сушица, да ја избави маченицата. И во тој час, додека ги завиткувала моштите во бело асе, да ги носи во црквата во селото, ја облеала радост, бескрајна и силна: нејзиниот чекор станал лесен како од мома, а болната и вкочанета става – небично подвижна и лесна. Вистинско чудо! Кога разбрале за тоа вишенци, веднаш побарале да ги пренесат моштите во нивната црква. Но, беличани не ги давале, бидејќи Спасица прво ним им се јавила. Сепак, тоа им услеало на девојките од Вишни. Оттогаш тие почиваат тука, во црквата “Св. Атанасиј”.
             Но, луѓето како луѓе, почнале да земаат сите по малку од черепот на Спасица: кој за к’смет, кој за здравје, за радост во куќата и така половина од него бил веќе разземен. Тогаш се нашла некоја жена, Љубинка од Мали Влај, мажена во Вишни. Таа, бидејќи била многу побожна, а и нејзиниот маж бил болен, решила да направи една добрина за светицата. Па така, му порачала на својот татко во Влашко, тамошните мајстори, кувенџии, да изработат сребренамаска со ореол. Таа и денес го заштитува нејзиното лице, а моштите се чуваат во дрвеното сандаче што таа го изработила кај овдешните мајстори. Моштите на оваа светица станале вистинска реликвија, а девојките од Вишни љубоморно ги чуваат. Дента пред Спасовден ги пренесуваат во пештерната црква кај Сушица, за да ноќеваат со нив. Тогаш им се исполнуваат сите нивни желби: која нема момче, Господ да ñ даде што поскоро, на невестите да им даде рожба, а на болните здравје! Ете така оваа маченица станала светица на чии мошти се грабат девојките од Вишни, да ја допрат нивната светост и да ја почувствуваат нивната чудотворна моќ. Така со години, откако светлината зрачи на небесата и во срцата на благочестивите луѓе што веруваат во неа.


  Анастас ЌУШКОСКИ
Превземено од „МАКЕДОНСКО СОНЦЕ“ 522 / 02.07.2004

 11ти октомври 2023 лето Господово

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2023

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2023

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная