Шокантното мироточение на свети Димитриј во 1987 година
Во овој текст ќе си спомнеме за чудото на мироточење на свети Димитриј во светиот храм во Солун, 1987 година, како што раскажува ѓаконот на храмот и денешен свештеник во светиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во областа Четириесет цркви во Солун - отец Христос Котиос.
Тоа се случи на 26 октомври 1987 година. Поминуваше десет часот. Солун го славеше споменот на маченикот и заштитник свети Димитриј како и ослободувањето од 500 годишното османлиско ропство.
Храмот на свети Димитриј со отворени врати ги пречекуваше вечерните поклоници, кои коленичеa пред сребрениот кивот со светите мошти на Мироточецот. Во тој момент немаше повеќе од триесет до четириесет луѓе во храмот. Околу десетина жени пред кивотот му пееја молебен на светителот. Единствениот од црковниот клир што се наоѓаше во храмот, беше младиот и ново ракоположен ѓакон заедно со ѓаконицата - неговата сопруга.
Тогашниот старешина на храмот и иден епископ на Верија, Науса и Кабанија, Пантелеимон, им дал задолжение да останат во храмот и да го чекаат.
Одеднаш, жените кои го пееја молбениот почнаа да викаат! Ѓаконот се стрча кон нив, а тие со измешани чувства му го покажаа кивотот! Кивотот буквално беше искапен во една масловидна супстанца на миро (велам миро зошто благоуханието беше неспоредливо).
Со сигурност можеше да кажеш дека некој истурил одозгора најмалку две кофи со ароматична течност (го користам зборот кофи за да биде јасно дека количината на миро кое течеше врз масивните ѕидови на сребрениот кивот со релјефните претстави, беше голема).
Ѓаконот за момент се стаписа: Светителот мироточи!!! Не сомневајќи се ни најмалку за чудото и во состојба на радост, изненадување и возбуда потрча да донесе памук од олтарот.
Се врати трчејки и почна да го собира мирото со памукот од надворешните ѕидови на кивотот и да им дава парчиња миронатопен памук на поклониците. Го собираше мирото а тоа повторно се појавуваше и продолжуваше да излива без да постои видлив извор.
Карактеристично му остави голем впечаток една ситуација: со едно големо парче памук избриша еден мазен дел од кивотот. Памукот целосно го впи мирото, како сува крпа кога впива течност од стакло. Една од жените ја допре дланката на местото од кивотот што го имаше избришано. Ѓаконот со восхитување ја виде нејзината раката натопена со мрсното зелено – жолто миро.
Во меѓувреме, благоуханието го имаше исполнето целиот храм и се прелеваше од отворените врати кон улицата на свети Димитриј, привлекувајки ги минувачите кои брзаа да видат од каде доаѓа таа миризба. Сите се упатуваа кон кивотот со мошти на свети Димитриј, којшто се наоѓаше не во киворот (сѐ уште не беше изграден во тоа време) туку напред пред олтарот на храмот.
Пријатните изненадувања не застанаа овде!
Поклониците забележаа дека сите икони на храмот каде и да се наоѓаа, на балдахините или на олтарот, мироточеа.
Ѓаконот виде како поклониците вадеа марамчиња и ги бришаа заштитните стакла на иконите од олтарот и марамчињата пожолтуваа од мирото кое течеше од двете страни на стаклото и внатрешната и надворешната.
Големината на чудото беше таква што не оставаше простор за сомнеж. Не сфативме што се случуваше, беше нешто како сон како магла, но се случи.
Го допираа нашите раце, го гледаа нашите очи, го мирисаа нашите органи за мирис!!! За кратко време се создаде редица од луѓе кои со насолзени очи се поклонуваа на кивотот од Мироточецот и дознаа зошто му е даден тој епитет.
Во меѓувреме во хрмот пристигна стрешината со други клирици. Го отклучија кивотот и ги открија светите мошти на заштитникот на градот Солун. Благоухаа, но тоа беше мирис на светите мошти. Мирисот на мирото беше различен и карактеристичен.
Блажениот митрополит Солунски г-дин Пантелеимон II (втори) Хрисофакис го препиша чудото на мироточение на свети Димитриј на следниот настан:
Таа вечер на празничното славење на универзитетот по повод ослободувањето на Солун, главниот говорник целосно го игнорираше светителот во својот говор и воопшто не го спомена.
Свети Димитри со мироточението изјави дека како што никогаш не го остави својот град Солун така и сега е присутен секаде и тој е оној што го спаси градот од ропството и од земјотресите но и сведочеше за индиферентноста на Солуњаните кои се покажаа неблагодарни и се оддалечуваат од Христос и Неговите светии.
Поминаа 32 години оттогаш. Јас сум тогашниот ѓакон на храмот, сега свештеник во Солун и ви ги пишувам случувањата како што ги паметам. Во тој момент беше како да живееме една света тајна.
Не можам да ви опишам што чувствував! Радост, изненадување, трепет, возбуда... Не можам точно да прецизирам. Сепак тоа е случување за зајакнување на верата што нè исполнува со радост, надеж и чувство на Христовото присуство и Неговите светии. Верата ни е жива.
извор: https://www.agiospatrokosmas.gr/.../h-sugklonistikh.../...
fb