СВ. ПРОХОР ПЧИНСКИ
Според житието свети Прохор Пчињски потекнувал од некое село од Овчеполието. Родителите, татко му Јован и мајка му Ана биле чесни и побожни луѓе што долго немале деца. Поради тоа биле несреќни и секогаш го молеле Бога да им даде пород. И по многу години Бог ги дарувал со машка рожба на која и ставиле име Прохор.



На овој ден се празнуваат два настани поврзани со Чесниот Крст: прво, пронаоѓањето на Чесниот Крст на Голгота, и второ, враќањето на Чесниот Крст од Персија во Ерусалим. Обиколувајќи ја Светата Земја Св. царица Елена намисли да го побара Чесниот Крст на Христос.
Св. Јован Дамаскин ја напушта Сирија и прими монаштво во прочуената Лавра на Свети Сава Осветен во Палестина. Со себе ја понел и неговата Добротворка, Пресвета Троеручица. Откако се замонашил од другите отци во Лаврата дознава дека Свети Сава Осветен, пред своето блажено упокојување (VI век), дал заповед покрај неговиот гроб да ја прицврстат неговата ,,патерица” т.е. игуменскиот стап.
Сeкoј грeв e нoж и oбичнo луѓeтo бидуваат пoгубeни сo oнoј грeв кoјштo гo правeлe сo жeлба. Taка се случило и со Салoмија, сквeрната ќeрка на Ирoдијада, кoја ја пoбарала и ја дoбила главата на Св. Јoван Крститeл на тас.
На Маслиновата Гора, на местото каде се вознел Христос, плачејќи се молела Бог да ја земе од овој свет.
Третата година од Својата проповед на земјата Господ Исус почесто им зборуваше на Неговите ученици за Неговото скорешно страдање, но и за Неговата слава после страдањето на Крстот. За да не ги раслаби Неговото страдање та да отпаднат од Него, Он, Премудроста, сакаше пред да се случат страдањата делумно да им ја покаже Својата Божествена слава.
Старецот Порфириј е роден во 1906 година во Свети Јован Каристијски, на Евија. Неговото световно име е Евангелос. Во училиште одеше само две години. Болеста на учителот и сиромаштијата на семејството го принудија да работи како овчар, пасејќи ги нивните неколку говеда.
Основоположник и татко на монаштвото во Русија. Роден е во малото место Љубеч близу Чернигов. Рано ја остави својата татковина и отиде на Света Гора, каде што се замонаши и се подвизуваше во манастирот Есфигмен. Според едно небесно јавување игуменот го упати во Русија за да создава таму монаштво.
А таму каде што се скри Елисавета со Јован, се отвори пештера и потече вода и со Божја сила израсна плодородна палма.
Ученик на Светите Методиј и Кирил и еден од Петточислениците коишто најревносно соработуваа со овие словенски апостоли. Свети Наум патуваше во Рим, каде што се прослави со чудотворна моќ и со голема ученост. Знаеше многу јазици. Со помош на царот Борис Михаил, по враќањето од Рим тие се населија на бреговите на Охридското Езеро. Додека Свети Климент дејствуваше како епископ во Охрид, дотогаш Свети 
Житието на светите исповедници и праведни Спасе и Спаса, започнува и се испреплетува со историјата на големиот и познат манастир посветен на Вознесението Христово, кој се наоѓал над селото Заграчани, во месноста која и денес е позната како Бабуш. Според пишаните извори и спроведените археолошки истражувања, манастирот постоел сè до големите освојувања на
За нас најзначаен е описот за светиот архиепископ охридски Варлаам, кој е опфатен во неговата „Книжка“, и за кој се смета дека самиот Јован го препишал од локален изворник, набрзо откако се случил овој настан. Воедно, светиот Варлаам Велешки е првиот и единствен досега познат светител кој е поврзан со градот Велес.
Црквата го именувала овој празник според настанот опишан во Светото Евангелие – кога Господ Исус Христос, во третата година од Својата Евангелска мисија, на средината (преполовението) на Старозаветниот празник Сеници влегол во Храмот и почнал да поучува. „А кога се преполови празникот, влезе Исус во Храмот и поучуваше...“(Јован, 7, 14-36).
Со името на светиот апостол и евангелист Јован се поврзани два празника. Празникот на 21/8 мај, е востановен во чест на чудата што се случувале над неговиот гроб. Имено, покрај многуте чуда што ги направил за време на животот (воскреснал мртви, исцелил болни, ја скротил бурата на морето, а кога патниците на бродот немале вода за пиење солената вода ја претворил во
На тој остров Свети Јован мнозина ги обрати во христијанството со зборови и чуда и добро ја утврди Црквата Божја. Овде го напиша своето Евангелие и Откровението. Во времето на царот Нерва, којшто им даде слобода на сите заробени, Јован повторно се упати во Ефес, каде што проживеа извесно време утврдувајќи го таму своето порано започнато дело. Имаше над сто години кога се престави кај Господ. 























