Манастир св.Гаврил Лесновски
ЧУДОТО СО ЧЕСНАТА РАКА НА СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ
Во околината на Антиохија имаше една огромна и страшна змија, која незнабожните Елини ја почитуваа како едно од своите погани Божества. И секоја година и пренесуваа по една жртва. Една чедна девојка, посебно чувана за таа пригода и ја давале на змијата да ја изеде, додека целиот народ го гледал тоа. Една година коцката му се падна на еден христијанин, тој да ја даде својата ќерка за жртва на змијата. Тој со многу солзи го молеше Христа Бога и неговиот свет Крстител, неговата ќерка да ја избави од таквата горка смрт. Дојде во храмот за да се помоли. Додека ја целиваше светата рака на свети Јован Крстител, тој тајно одгриза со забите дел од малиот прст, го сокри, се помоли и си отиде.
А кога дојде тој црн ден, во кој требаше да се принесе невина девојка за жртва, се слеа целиот народ во гледалиштето. Во одреденото време дојде и таткото, водејќи ја својата ќерка за жртва на змијата, а срцето му беше полно со молитви и надеж во Бога. И гледај, страшната змија излезе од својата пештера и се упати кон девојката да ја проголта. А таткото без престан се молеше и кога се приближи змијата и ја рашири својата страшна челуст, тој го фрли делчето од прстот во нејзината уста и таа веднаш падна мртва.
И се спаси девојката од лутата смрт. таткото со солзи радосници громко му благодареше на Бога Спасителот и неговиот свет Крстител. И му раскажа на народот за оваа прекрасно дело Божјо. Тогаш настана празник и големо веселие за сите во Антиохија и голем број на незнабошци поверуваа во Христа Бога. А на местото каде што се случи ова чудо изградија огромна и прекрасна црква во име на свети Јован Крстител.
Извор: ФБ профил на: Свети Отци- Свето Предание
Манастир св.Гаврил Лесновски
Таму каде што никој не гледа
Еднаш многу одамна живееше еден духовник кој имаше еден ученик што го сакаше повеќе од останатите, а што кај другите ученици предизвикуваше љубомора. Учителот, познавајќи ги нивните срца, го препозна тоа.
Подобар е од вас во однесувањето и во размислувањето, – им рече. – Да го препуштиме на искушение, за и вие тоа да го сфатите.
И им кажа да му донесат дваесет птици, велејќи им на учениците:
- Секој од вас нека земе по една птица, нека ја однесе некаде каде што никој не гледа, нека ја убие, а потоа повторно нека ја донесе.
И сите ученици отидоа, ги убија птиците и ги донесоа мртви. Сите, освен омилениот ученик. Тој ја донесе птицата жива.
- Зошто не ја уби? – го запрашаа.
- Затоа што учителот рече дека тоа треба да се направи некаде каде што никој не може да види, – одговори ученикот. – Но, каде и да одев, Господ гледа.
- Го гледате ли сега степенот на неговото разбирање? – воскликна учителот.
Учениците Го замолија Бога за прошка.