логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 sv.nikola.korica.jpg

IV

Во антиохискиот крај, близу Сарацените, живееше еден добродетелен и богобојазлив човек, по име Агрик, и имаше син единец, Василиј. Агрик беше украсен со благодатта Божја и изобилуваше со големо богатство, и имаше голема вера и љубов кон светиот отец Николај Чудотворецот. Секоја година тој свечено го прославуваше празникот на свети Николај и поставуваше две трпези: една за сиромасите, а друга за пријателите, соседите и останатите. Недалеку од градот Антиохија се наоѓаше црква посветена на светиот отец Николај. Таму секоја година за празникот на свети Николај се собираше многу народ. Една година за тој празник навали многуброен народ кон светата црква. Побожниот Агрик го испрати својот син Василиј со слугите, велејќи муна синот:
„Оди, чедо, во црквата на свети Николај и постапи онака како што си се научил од нас поранешните години: вечерната богослужба отстој ја со страв и срдечност, така и целата утрена и Божествената Литургија, па потоа врати се дома на ручек. А јас и мајка ти ќе подготвиме сè што е потребно за сиромашните.“
 

Откако ги ислуша внимателно зборовите на својот татко, Василиј со радост отиде в црква. Но за време на утринската богослужба налетаа Сарацените, ја опколија црквата и ги заробија сите мажи, меѓу нив и Агриковиот син Василиј. И сите како робови ги однесоа на островот Крит. Таму Василиј, како мошне убаво момче, Сарацените му го дадоа на кнезот Амир. Останатите робови, пак, едни ги продадоа, а другите ги затворија в затвор. Сараценскиот кнез го одреди Василиј да го двори и да муслужи лично нему.
Кога слушнаа за ова, родителите на Василиј удрија во плач и липање, и наместо радосно празнување нив ги постигна тажно чемреење. Обземени од тага тие две години не го празнуваа празникот на светиот отец Николај, туку сè везден плачеа и солзи ронеа, и вака зборуваа:
„Мил наш сине, не те гледаме ние сега со врсниците твои и со раце не те прегрнуваме, и со усни не те целиваме. Подобро ќе беше на постела болен да те негувавме, на раце да те подигавме и превртувавме, отколку што падна во раце на незнабожни луѓе. И смрт да те снајдеше, со радост ќе ì го предадевме твоето тело на земјата. И немаше срцето вака да ни се кине.“
На ваквото нивно тажење и лелекање се собираа кај нив роднините и соседите да ги тешат во болката и јадот. И тешејќи ги, им говореа:
„Зошто сте толку малодушни во тагата? Зарем не ви е познато какви многубројни чуда и на копно и на море прави чудесниот светител Николај? Тој избавува од меч и од секоја незаслу¬жена смрт; избавува и од ропство.“
Слушајќи ги тие зборови од своите блиски, Агрик донекаде се утеши, па ì рече на својата жена:
„Каква корист имаме волку што плачеме? Ете, веќе трета година како лелекаме; заборавивме и на празникот на светиот отец Николај и не отидовме кај него за празникот. Туку послушај ме сега: ајде да подготвиме свеќи, елеј и темјан, па да појдеме кај светителот и да му се помолиме со вера, да нè утеши во тагата по нашиот син Василиј и да нè охрабри со надеж. Зашто тој може да ни го врати синот или нас на некој начин да нè извести дали е жив или мртов.“
Штом го чутоа, жената мурече:
„Добро велиш, господине, да направиме како што предлагаш, бидејќи скоро ќе биде и празникот на светиот отец Николај.“ И така направија: со радост поитаа во црквата на свети Николај. И како што прилега го отпразнуваа празникот, па се вратија дома. Во својот дом приредија вечера, на којашто беа повикани нивните роднини и сите поблиски соседи. И почнаа да јадат и да пијат славејќи Го Бога и спомнувајќи ги чудата на светиот отец Николај. Во тоа време почнаа силно да лаат ку¬чињата во дворот. Агрик им рече на своите слуги:
„Одете и видете зошто толкулаат кучињата; да не има некоја ѕверка или нешто друго?“
Слугите излегоа, но ништо не видоа, а кучињата и натамупродолжија силно да лаат. Тогаш Агрик зеде светилки и со останатите појде да види што е тоа. И здогледаа во дворот човек во сараценска облека. Се исплашија и не знаеа кој е. Акога пријде Агрик поблиску, виде момче со чаша полна со вино во раката. И го гледаше ништо не зборувајќи, сиот обземен од страв и радост. Скаменет, тој најпосле одвај прозборе:
„О чедо мое, Василиј! Навистина ли те гледам тебе? Ти ли си или твојата сенка?“ Момчето Василиј одговори брзо:
„Јас сум, татко, твојот син единец когошто Сарацените го заробија и го одведоа на Крит како роб.“
Кога го слушна тоа, Агрик летна, го прегрна синот и почна да го бакнува, и го прашуваше:
„Чедо мое миличко, кажи ми, како побегна од рацете на безбожните Сарацени? Со кого се посоветува, чедо, за тоа? Ајде, кажи муна тато.“
Асинот мурече на таткото:
„Татко, не знам што да ти одговорам. Но ова единствено го знам: сега го прислужував кнезот сараценски на вечерата. Бидејќи кога ме заробија и ме одведоа на Крит, тамуме дадоа на сараценскиот кнез Амир. И од тоа време Амир ме одреди да го служам со вино, стоејќи пред него за време на трпезата со чаша полна со вино, како што и сега, татко, ме гледаш. И ете, не знам каква сила ненадејно ме зеде и со оваа чаша којашто сè уште ја држам в рака како со некој ветар ме пренесе и ме постави овде, и видов како на ова место ме поставува великиот свет отец Николај.“ Штом го чутоа, Агрик се исполни со радост заради големото чудо, го зеде сина си за рака и ì го предаде на неговата мајка. Атаа, кога го виде синот, од радост плачеше и многуумилни зборови мукажуваше, и прегрнувајќи го непрестајно го бакнуваше, а вака зборуваше:
„Сега те гледам, премило чедо мое Василиј. Сега неочекувано со своиве раце те прегрнувам. Сега, чедо мое сакано, те имам тебе, утехо на душата моја! Сега сите таги на моето мајчино срце се расточија, зашто, еве, во своите раце ги држам сите богатства.“
Кога за тоа слушнаа луѓето од околните места, брзо се собраа да се радуваат и да се веселат заради неискажливото чудо. И приредија чесна прослава во чест на светиот и велик отец Николај Чудотворец, славејќи Ја Пресвета Троица, Отецот и Синот и Светиот Дух, сега, секогаш и во сите векови. Амин.

 

V

Еднаш во Киев на празникот на светите маченици Борис и Глеб многународ се собра од сите градови и села заради празникот. Еден киевјанин кој имаше голема почит кон свети Николај и кон светите маченици Борис и Глеб седна на кораб за Вишгород за тамуда се поклони на гробот на светите маченици Борис и Глеб, а имаше со себе понесено свеќи, темјан и просфори, сè што е потребно за достојно празнување. Откако се поклони на моштите на светите и душата своја ја исполни со радост, тој тргна со коработ назад дома. За време на патувањето по реката Дњепар, неговата жена којашто држеше дете во рацете задрема и го испушти детето во водата, а тоа потона. Таткото почна да си ја кубе косата на главата, офкајќи:
„Тешко мене, свети Николај, затоа ли имам толкуголема вера кон тебе, за да не го спасиш моето дете од потопување! Кој ќе биде наследник на мојот имот? Кого ќе го научам свечено да го прославува твојот празник? Како ќе го јавувам твоето големо милосрдие што го излеа на сиот свет и на мене бедниот, кога моето дете се удави? Јас сакав да го воспитам просветувајќи го со чудата твои за после мојата смрт да ме фали мојот пород празнувајќи го свети Николај. Но светителу, ти ме нажали не само мене, тукуи себеси, зашто јас наскоро ќе морам да престанам да те прославувам во мојот дом, зашто сум стар и го чекам крајот. Да сакаше, можеше да ми го спасиш детето; но ти допушти тоа да се удави и не го спаси моето единче. Или сметаш дека не знам за твоите чуда? Та ним им нема број и јазикот човечки не е во состојба да ги раскаже. И јас, свет отецу, верувам дека ти можеш сè што ќе посакаш, но моите беззаконија претежнаа. Дури сега, раскинуван од жалоста, сфатив дека сета твар ќе ми се покоруваше како на Адам во Рајот пред гревот да ги држев беспрекорно Божјите заповеди. Асега сета твар станува на мене: водата потопува, ѕверот растргнува, змијата проголтува, молњата изгорува, лебот даден за храна не нè насити и, според волјата Божја, ќе ни биде на погибел. Ние, надарени со душа и разум и создадени според сликата Божја, не ја исполнуваме, сепак, како што треба волјата на својот Создател. О, оче свети Николај, немој да се разгневиш на мене што зборувам вака смело, бидејќи јас не ја губам надежта на спасение, имајќи те тебе за помошник.“
Неговата жена, пак, си ја кубеше косата и се удираше по образите. Најпосле, тие стасаа до градот и ужалени влегоа во својата куќа. Настапи ноќ, и тогаш архиерејот Христов Николај, брз на помош на сите што го повикуваат, направи прекрасно чудо, какво што немало порано. Ноќе тој го извади од реката удавеното дете и го положи живо и неповредено на хорот од храмот Света Софија. Кога дојде време за утринската богослужба, еклисијархот влезе во црквата и слушна детски плач на хорот. И долго стоеше размислувајќи кој ли пуштил жена таму. Потоа отиде кај оној што го одржуваше редот на хорот и почна да го прекорува. Овој се правдаше дека ништо не знае. Но еклисијархот го прекоруваше:
„Фатен си на дело, зашто деца врескаат на хорот!“
Овој се исплаши, а кога пријде виде дека катанецот е недопрен и слушна детски глас. Кога се качи на хорот, тој здогледа пред иконата на свети Николај детенце, сето накиснато од вода. Не знаејќи што да мисли, го извести за ова митрополитот. Откако отслужи утрена, митрополитот испрати да го повикаат народот на плоштадот и да прашаат чие детенце лежи на хорот во црквата Света Софија. Сите граѓани отидоа во црквата, чудејќи се од каде би можело да се најде на хорот дете мокро од вода. Дојде и таткото на детето да го види чудото, и штом го здогледа, го позна. Но не верувајќи си себеси, тој отиде кај својата жена и ì раскажа сè по ред. Атаа веднаш почна да го прекорува, велејќи:
„Та како не разбираш дека е тоа чудо направено од свети Николај!“
Мајката веднаш отиде в црква, го позна своето дете и пред и да го допре, падна пред иконата на свети Николај и го молеше со умиление и солзи. Амажот, стоејќи подалеку, ронеше солзи. Штом слушнаа за тоа, сите дојдоа да го видат чудото. И се собра сиот град, славејќи Го Бога и светителот Николај. Амитрополитот приреди чесен празник, каков што се прави на денот на празнувањето на свети Николај, и Ја прославија Пресвета Троица, Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин.

3.angeli.so.truba

Издавач:
Скопска Епархија
Библиотека КЛУЧ
Уредник:
Презвитер Игор Калпаковски
Превод и подготовка:
Сестрите од манастирот „Свети Никола“
с. Љубанци, Скопје
Корици и техничко уредување:Презвитер Игор Калпаковски
Печати:
Архиепископска печатница „Синај“
Тираж:
3000

 Друго:

3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 

Друго:

sv.Nikola.sajt.jpg

Свети Николај Мирликијски Чудотворец (житие и чуда)

 

Житие

Детството

Свети Никола е роден во Патара, во малоазиската покраина Ликија. Неговите родители, Теофан и Нона, биле познати и богати, но и побожни, милостиви луѓе. Тие биле бездетни и дури во поодминати години Бог им дал син единец- малиот Николај.

Од самото раѓање детето покажувало голема приврзаност кон Бога и кон Неговите светињи. При кршевањето, во кршталницата три часа стоел сам, без ничие придржување, што ја наговестувало неговата ревност во исповедувањето на името Божјo. Исто така, во среда и во петок го одбивал мајчиното млеко до заоѓањето на сонцето. Родителите се чуделе на тоа и му предвидувале строг испоснички живот, каков што св. Никола и навистина водел.

Младоста

Како што растел, св. Никола покажувал голема надареност и бистрина, ја изучувал светската мудрост, но најмногу го привлекувало Светото писмо. Времето го поминувал во храмот Божји и избегнувал суетни и празни разговори.

Неговиот чичко, епископ во градот Патара, по кого Никола и го добил своето име, забележал голем број доблести кои го краселе неговиот внук и им предложил на родителите да го дадат синот на служба на Бога. Родителите го прифатиле советот на епископот и го дале својот син единец на Оној од кого и го добиле на дар.

Младиот Никола бил незлоблив, кроток, срцето му било полно со љубов кон сите, на сите им простувал и секој негов збор бил мудар. Како таков тој бил ракоположен за ѓакон со радосен извик на сите присутни: Достоен е!, а подоцна бил ракоположен и за презвитер и тоа токму кога Црквата Христова била сурово гонета, а свештеничкиот чин барал голема љубов и вера во Бога. По ракоположувањето, новиот пастир уште повеќе се предал на доблестен живот, пост и на молитва. Кога се упоколиле неговите родители, св. Никола сето богатство што го наследил им го раздал на сиромашните и на немоќните. Еве едно од неговите многубројни дела на милосрдие од тоа време:
 

Свети Никола спасува човек и негови три ќерки од духовна пропаст

Во градот Патара живеел еден човек со три ќерки, некогаш богат, а потоа сосема осиромашен. Во големата сиромаштија му паднала на ум лоша мисла да ја претвори својата куќа во блудно место, а своите ќерки во блуднички и на тој начин да дојде до пари. Свети Никола слушнал за големата беда на тој човек, некако дознал за неговата опасна намера и се сожалил над него.

Една вечер, за да не биде виден од некого, св. Никола зел ќесе со злато и пошол кај куќата на тој човек. Кога стигнал кај куќата, го фрлил ќесето низ прозорецот и брзо заминал. Утредента, кога го видел златото, човекот не можел да им поверува на своите очи. Размислувал кој би можел да му направи толкава милост, и на никого не можел да се сети. Затоа му благодарел на Бога и горко се покајал за сè што имал намера да направи. Донел одлука добиеното злато да го даде како мираз за мажењето на најстарата ќерка.

На св. Никола му било многу мило кога слушнал за одликата на човекот и решил да го повтори своето дело. Повторно тајно уфрлил ќесе со злато низ прозорецот и исчезнал. На човекот ништо не му било јасно. Со солзи-радосници ми се молел на Бога да му открие кој му прави толкава милост. Ја омажил и втората ќерка и решил да не спие ноќе за да го открие својот добродетел.

По неколку ноќи, човекот слушнал ѕвекот на злато и кога влегол во собата, нашол уфрлено ќесе со злато покрај прозорецот. Излегол и брзо потрчал да го стаса таинствениот добродетел. Кога го стасал светиот Никола, паднал пред него, заплакал и почнал да му ги бакнува стапалата нарекувајќи го спасител и избавител. Свети Никола одвај го кренал од земја и го смирил, барајќи да му вети дека никому додека е тој жив нема да му каже за неговата помош.
 

Патот во Палестина

Во силната желба да ја посети Светата Земја, св. Никола тргнал на долг пат преку море.

Кога лаѓата пловела кон Египет, настанала голема бура. Небото се помрачило, а водата се кренала заканувајќи се да ја преврти лаѓата. Свети Никола на сите им кажал да бидат храбри и, без никаков сомнеж, да имаат доверба во Бога. И тој почнал усрдно да се моли. Набрзо морето се стишило и станало сосема мирно како воопшто да немало бура. На лаѓата настанала голема радост.

Малку време по тоа, се случило уште едно чудо. Еден морнар се качил на јарболот да направи нешто, се лизнал и паднал од големата височина, при што веднаш починал. Свети Никола брзо му пришол на морнарот и како од сон- го кренал од мртвите.

По долгиот пат и по големиот број исцелувања што ги правел св. Никола, лаѓата стигнала во Ерусалим. Со голема љубов св. Никола се поклонил на Христовиот Гроб, на светата Голгота, на чесното дрво од Крстот Господов (каде што вратата од храмот сама му се отворила) и со сето битие посакал да остане на тоа свето место. Но волјата Господова била поинаква. Бог не сакал да го лиши своето стадо од присуството на овој грижлив пастир, па му заповедал со Својот божествен глас да се врати во татковината.

 

Враќањето во Ликија

Така, по долгото време поминато во Палестина, св. Никола се вратил во Патара, и во манастирот Свети Сион, кој бил основан од неговиот чичко, продолжил да живее богоугоден живот. Меѓутоа, повторно му се јавил божествен глас: „Николај, појди на подвиг во народот, ако сакаш да бидеш овенчан од мене“. Тогаш на св. Никола му станало јасно дека Божјата волја е таква, што мора да го остави тивкиот и молитвен живот во манастирот и да појде во народот.

Не сакал да остане во Патара бидејќи таму премногу се расчуло за него. Заминал во најголемиот град во целата ликијска област- градот Мира, каде што живеел како просјак, немајќи никакво засолниште освен Божјиот храм.
 

Изборот за епископ

Во тоа време се упокоил епископот на цела Ликија, Јован. Најмудрите луѓе се собрале да изберат нов пастир. Поради големите несогласувања не можеле да се договорат, па решиле да му се помолат на Бога, за да им укаже Он на најдостојниот за светиот епископски чин. Пристапиле кон молитва и набрзо им стигнал одговорот: Господ му се јавил на најстариот епископ и му наредил таа ноќ да оди кај црквата и да застане пред црковната врата. Првиот што ќе дојде во црквата- ќе биде Божјиот избраник и неговото име е Николај. Стариот епископ им раскажал на другите за своето видување и таа ноќ отишол во црквата како што му било заповедано.

Свети Никола имал обичај да станува на молитва ноќе на полноќ, а по молитвата одел меѓу првите на утринското богослужење. Така и таа ноќ, воден од Светиот Дух, отишол во храмот Божји. Кога пришол кај црквата, го запрел стариот епископ и го прашал: „Чедо, како ти е името?“. Свети Никола не му одговорил. Епископот повторно го прашал, а светителот тивко му рекол: „Името ми е Николај; слуга сум на твоите светињи, владико“. Кога ги слушнал овие кротки и смирени зборови, епископот без никаков сомнеж го зел св. Никола за рака и го одвел пред другите епископи.

Со голема чест и со радост бил дочекан и воведен во црквата. Веста за чудесниот избор на пастирот на Ликија брзо се разнела меѓу народот и црквата била преполна од оние што дошле да го видат Божјиот угодник. По Божја волја неговите доблести повеќе не можеле да бидат скриени, и станале јавни за цела Ликија.
 

Страдањето на Црквата од незнабожечките цареви

Омилен во народот, епископот Николај бил кроток и незлоблив, со смирен дух. Бил облечен во проста облека, се хранел испоснички, само еднаш дневно кога ќе паднел мрак. Со голема одговорност и љубов се грижел за душите што му биле доверени од Бога. Своите подвизи на пост и молитва ги удвоил, а со својата силна вера и љубов го поучувал народот и му помагал, при што бројот на верниците постојано растел.

Во времето на незнабожечките цареви Диоклецијан и Максимијан, настанало големо гонење на Црквата Христова. Христијаните биле мачени и принудувани да се одрекнат од Христа. Свети Никола ревносно ја исповедувал верата пред идолопоклониците и бил подготвен да пострада. Затоа бил затворен во затвор со многу христијани, каде што го тешел и го бодрел намачениот народ.

По долгиот период во затвор, со доаѓањето на царот Константин на власт на Римската Империја, сите христијани биле ослободени и дошол крајот на гонењето на Црквата Христова.
 

Свети Никола на првиот вселенски собор

Царот Константин решил да свика Вселенски собор во градот Никеја (325 година) за да биде изложено и утврдено правото учење за верата Христова, а Ариевиот ерес (во тоа време најсилен) да биде осуден.

На Соборот биле присутни 318 свети Отци, меѓу кои бил и св. Никола. Тој храбро го разобличувал Ариј (кој бил присутен) и неговото погрешно учење. Во својата силна ревност го посрамотил еретикот не само со зборови туку и со дело, удирајќи го по образ. Тоа предизвикало големо негодување кај светите Отци и тие решиле поради таа дрскост да го лишат од епископскиот чин. Меѓутоа, во тие денови, некои од Отците имале видување како околу св. Никола стојат од една страна Господ Христос со евангелие, а од друга страна Пресвета Богородица со омофор, и како му ги враќаат знаците на неговиот чин што му биле одземени. Тогаш сите сфатиле дека на Бога му била угодна големата смелост на св. Никола и му го вратиле архиерејскиот чин.
 

Спасувањето на народот од глад

Набрзо по Соборот, во градот Мира и во целата ликијска област се јавила голема сиромаштија и глад.

На св. Никола му било жал за својот народ, па една ноќ на сон му се јавил на еден трговец што се наоѓал во Италија и кој имал полна лаѓа жито. Трговецот имал намера да замине во друг правец, но св. Никола му дал три златника и му наредил со житото да појде во градот Мира и таму да го распродаде. Кога се разбудил, трговецот не можел да се изначуди кога видел дека има златници во раката. Го послушал светецот, отишол таму каде што му било речено и го распродал житото, објаснувајќи им на луѓето како на чудесен начин се нашол кај нив.
 

Измирувањето на народот и восјката

Во тоа време, се случил бунт во големата Фригија. Откако дознал за тоа, царот Константин испратил тројца војводи со војска да го задушат бунтот.

Кога војската стигнала до ликијското пристаниште, немирното море не им дозволило да запловат кон одреденото место, така што морале да чекаат подобро време. Некои војници купувале производи за своите потреби, а некои и насилно одземале од блискиот град, па почнале тепачки и караници со локалните жители. Луѓето оделе кај св. Никола жалејќи му се на војската. Светецот брзо стигнал и со своите благи совети ги измирил двете скарани страни. Војводите ги казниле престапниците и кон светителот покажале голема почит.
 

Свети Никола спречува неправедно убиство

Додека го смирувал народот на пристаништето, од градот Мира му стигнала веста дека игуменот Евстатиј, поткупен од лоши луѓе, сака на смрт да осуди тројца невини луѓе. Со голема тага, св. Никола веднаш тргнал и тоа во придружба на тројцата војводи.

Бргу стигнале до местото на погубување. Многу народ стоел околу тројцата кутри луѓе. Со врзани раце и со покриени очи, веќе се свиткале кон земјата, очекувајќи го страшниот удар од меч. Џелатот веќе го извлекол мечот и сиот бесен почнал да мавта со него. Тогаш светителот Христов со праведен гнев поминал низ народот, без никаков страв му го истргнал на џелатот мечот од рака и го фрлил мечот наземи. Толку силен и бестрашен бил св. Никола, што никој не се осмелувал да го запре. Големо задоволство и радост кај присутниот народ предизвикало ова храбро дело на Божјиот праведник. Потоа пристигнал и игуменот Евстатиј и сакал да му пријде на светителот. Свети Никола го одбил, не дозволувајќи му да му пријде сè додека овој не го признал својот грев.

Трпјцата војводи што дошле со св. Никола на гилотината, со големо воодушевување зеле благослов од архиерејот Божји и се упатиле за Фригија.
 

Спасувањето на тројцата војводи

Војводите во Фригија брзо го задушиле бунтот и со радост се упатиле кон Византија за да му ја објават на царот храбрата победа. Царот Константин ги пречекал со големи почести и ги удостоил со учество во царскиот совет. Меѓутоа, тоа почнало да им пречи на некои завидливи и лоши луѓе, при што почнале да клеветат дека војводите му посакуваат зло на царот. За таа своја завера го придобиле епархот со многу злато. Му ја дале клеветата, а епархот му ја пренел на царот. Царот Константин, без никаква истрага, избрзано ги испратил своите војводи в затвор и по убедување од епархот, решил да ги погуби.

На војводите не им било јасно зошто се осудени на смрт. Горко плачеле и тажеле, а потоа едниот од нив се сетил на св. Никола, па се договориле да му се помолат на Бога. Бог, Кој секогаш ги слуша молитвите на оние што усрдно Го молат, брзо им ја услушал молитвата. Таа ноќ на царот на сон му се јавил св. Никола и му рекол брзо да ги пушти од затвор тројцата војводи зашто тие се наклеветени и се невини. Уште и му се заканил дека ако не го послуша, ќе погине од оние што ќе се побунат. Зачуден, царот го прашал: „Кој си ти што ми упатуваш мене и на државата такви закани?“, а светителот му одговорил: „Името ми е Николај, архиереј сум во Мирската митрополија“. Со истото видување св. Никола му се јавил и на подмитениот епарх. Утредента ги извеле војводите пред царот, кој мислел дека со магии навеле такви соништа кај него. Војводите искрено исповедале дека не знаат за никакви магии и дека секогаш му биле предани на царот. Тоа предизвикало сожалување кај царот. Потоа св. Никола им се прикажал само на војводите, бодрејќи ги, при што тие почнале да го повикуваат на помош. Кога царот слушнал дека го спомнуваат името на светителот од неговиот сон, ги прашал кој е тој, а војводите му раскажале за св. Никола и за неговата чудесна помош.

Царот се покајал поради својата избрзана одлука и ги пуштил војводите со богати дарови да одат во градот Мира кај св. Никола.
 

Крајот на земниот живот на свети Никола

Свети Никола правел голем број чуда на земјата. Спасувал морепловци, исцелувал болни, им помагал на сиромашните. Како голем угодник Божји дочекал длабока старост. Малку боледувал со телото, а потоа со радост и со псалмопеење се преселил кај Господа. Неговото свето тело е положено во соборната црква во Мирската митрополија и набрзо од него почнало да тече чудотворно миро со кое се помазувале и се исцелувале болните. Народот доаѓал од сите страни да му се поклони на овој прекрасен светител.

Така св. Никола продолжил да му помага на верниот народ, правејќи уште поголеми чуда на оние што со вера го повикуваат на помош, сè до денес.

 
 Чуда на свети Николај

(мала и премала е оваа книга за да ги собере сите чудеса на овој силен угодник Божји)
 

Свети Никола му го враќа видот на светиот крал Стефан Дечански

Принцот Стефан, синот на кралот Милутин, бил многу уважен и ценет во целата тогашна Србија. Го краселе голем број доблести, бил добар, мил, кроток, милостив.

Неговата маќеа Симонида, ќерка на византијскиот цар, сакакала нејзиниот син Константин да го заземе престолот, па затоа постојано го клеветела и го валкала принцот Стефан пред својот сопруг. За несреќа, некои српски великани почнале да му откажуваат послушност на кралот, не можејќи повеќе да ги поднесуваат сплетките против принцот, а тоа на кралот му било претставено божем принцот Стефан подготвува бунт против него. Кралот Милутин непромислено и избрзано наредил да го одведат Стефана во еден замок во скопската област и таму, покрај црквата на св. Никола да го ослепат.

Со извадени очи и со страшни болки, маченикот единствено молитвата го крепела. Таа ноќ по ослепувањето, речиси в зора, тој малку задремал. На сон му се јавил прекрасен светител, кој му рекол: „Не тагувај, Стефане! Еве ги твоите очи на мојата дланка“. Стефан го прашал: „А кој си ти, господине мој, што покажуваш толкава грижа за мене?“. Светителот му одговорил: „Јас сум Николај, епископ Мириклијски“. Откако се разбудил, Стефан му заблагодарил на Бога што му испратил утешител во тешките страдања.

Стефан, со своите два малолетни сина, Душан и Душица, бил протеран од Србија и затворен во еден цариградски дворец. Слеп и затворен, принцот Стефан се предал на молитва и на духовен живот. Брзо се прочул и кај византискиот цар како голем ревнител на Христовата наука  и изобличувач на разни ереси.

По пет години од прогонството, Бог го исцелил својот трпелив угодник: за време на бдението спроти празникот Свети Никола, Стефан стоел на своето место во црквата и смирено се молел. Седнал и малку задремал кога се читало житието на св. Никола. На сон му се јавил глас: „Се сеќаваш ли што ти кажав кога ти се јавив минатиот пат?“. Стефан паднал пред светителот и му рекол: „Знам дека ти си големиот светител Николај, но не се сеќавам што си ми рекол“. Свети Никола му одговорил: „Ти реков да не тагуваш, зашто твоите очи се во мојата рака, и ти ги покажав. Она што ти го ветив тогаш, еве сега дојдов да го исполнам“. Потоа, светителот го осенил Стефана со крсни знамиња и му рекол: „Господ наш Исус Христос, Кој на слепиот од раѓање му дарува вид, и на твоите очи им го дарува поранешниот вид“. Светителот исчезнал, а преплашениот Стефан се разбудил- и прогледал. Го криел маченикот Христов ова чудо и се преправал слеп сè додека на Бога не му станало угодно да го врати во Србија и да го постави за крал.

 
Спасувањето на рускиот офицер од стрелање

Во Подол, северно преградие во Киев, во 1920 година, живеела една стара жена, вдовица, со својот син и со својата ќерка. Имала голема почит и љубов кон св. Никола и во моментите на тешкотии одела во храмот што бил посветен на овој прекрасен Божји светител и се молила пред неговата икона. Секогаш добивала утеха и олеснување за своите маки.

Во тоа време властите во градот постојано се менувале: Белогвардејци, Црвени, Директориум, Полјаци, Германци… Нејзиниот син станал офицер, а сите поранешни офицери при промените на власта биле уапсувани на самото место. Тоа се случило и со синот на ова жена. По апсењето, неговата сестра трчала од еден „оддел“ до друг со цел да измоли ослободување за својот брат. Мајката отишла во црква пред иконата на св. Никола. Долго се молела. Кога се вратила дома, била утешена и сигурна дека св. Никола ќе помогне. Набрзо дознале дека нејзиниот син исчезнал.

Утредента в зори, синот се појавил- изгладнет, извалкан и исцрпен. Го раскажал следниот случај. Поголема група офицери, меѓу кои бил и тој, биле водени во Печерск, преградие во ридови, близу Киево-Печерската Лавра. Таму имало еден голем хиподром во чија близина уште од време на Петар Први биле ископани ровови како одбрана од шведската восјка. Кај тие ровови се извршувале стрелања. Веќе биле близу хиподромот кога пред конвојот одеднаш се појавил низок старец. Му пришол на командантот и го прашал: „Каде ги водите?“

Во „Духоњиновиот Генералштаб!“ (жаргонски во тоа време тоа значело „на стрелање“), „Бегај, старецу!“, викнал командантот. Старецот навистина се тргнал, но водејќи го со себе и синот на вдовицата, кого го зел за рака, велејќи: „Пуштете го. Јас го познавам“.

Ниту командантот ниту кој било од стражарите што ја придружувале групата не одговорил ниту, пак, направил што било за да го спречи старецот. Старецот го одвел момчето зад еден агол и му рекол: „Оди дома кај својата мајка“. И веднаш исчезенал.

Старицата била пресреќна и веднаш побрзала в црква за да им заблагодари на Господа и на св. Никола што ѝ се вратил синот жив. Утредента и момчето заедно со мајка си се упатило в црква. Иако и порано одел во храм Божји, сето тоа не го интересирало нешто многу. Кога мајкла му го довела пред иконата на св. Никола, момчето пребледело. Некако успеало да прошепоти: „Мајко моја, па тоа е старецот што ме спаси…“.

Прекрасен е Бог во Светите свои!

 
Исцелувањето пред икона

На сестрата Татјана во јуни 1997 година ѝ била поставена следната дијагноза: агресивен облик на тумор на лимфните јазли и уште 18 месеци живот. Татјана тогаш имала околу 50 години, но поради големиот број хемотерапии изгледала како многу постара. Била тешка само 40 килограми. По две години, во февруари 1999 година, отец Илија во руската православна црква Свети Јован Претеча во Вашингтон ја донел мироточивата икона на св. Николај Чудотворец. Парохот на Татјана сакал иконата да ја однесе во нејзиниот дом и таму да отслужи молебен за нејзино оздравување, кое таа решително го одбила, инсистирајќи дека сака лично да дојде во црквата и да се помоли. Навистина било потресно да се гледа како нејзиното слабо тело се крши во метании пред светиот лик на иконата. Два дена подоцна, Татјана имала закажано хемотерапија. По прегледот нејзиниот доктор на големо чудење заклучил дека повеќе го нема туморот на лимфните јазли. Бил зачуден не сфаќајќи како можело тоа толку брзо да се случи. Сосема збунет ѝ рекол на Татјана да оди дома и да одмора еден месец од понатамошни хемотерапии. По еден месец, Татјана отишла на контрола. Докторот ја испратил на детаљни испитувања- анализа на крвта, скенирање итн. Сите резултати биле негативни,  што медицински и научно било невозможно. Докторот ѝ дал целосен отпуст. Оттогаш, Татјана редовно учествува во заедничките молитви на благодарења што по ова и слични исцелувања се служат пред мироточивата икона на Божјиот светител, свети Николај архиепископ Мирликијски Чудотворец.

 
Превел:

Петар  Петковски,
дипломиран теолог

 

 

 

 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3212
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная