логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

лого

19ти декември   2020 лето Господово


sv.nikola.korica.jpg
Еве светител Божји којшто постојано го пишува Евангелието Христово; го пишува непрестајно од небото со своите чуда, како што непрестајно го пишуваше во времето на својот живот на земјата. Го пишува по целата земја, на сите пет континенти. Сиот исполнет со чудесниот и чудотворен Господ, тој и не живее поинаку, туку постојано чудотворејќи. Затоа и го стекна надимето Чудотворец при своето славно име – Николај. Непрестајно живеејќи со Господ Исус Христос, со тоа најмило чудо на сите светови: архангелските, ангелските, човечките, животинските, растителните, минералните, тој и самиот стана едно од најмилите чуда на земјината историја, и на небесната историја, во мера во којашто неа ја создаваат човечките битија.

Човекољубието на овој сесожалив светител Божји е неизмерно, бидејќи е целото проникнато со човекољубието на единиот човекољубец – Бог. Затоа и неговите чуда се неизмерни и безбројни. Од нив треба да се споменат барем неколку, за во деновите и ноќите на нашите неволји и маки да се сепнеме и да тргнеме и поитаме кон него со молитва, со крик, со воздишка, со солзи и плач. Атој, бескрајно човекољубив и потресно сожалив, ќе се сожали на нас, ќе ни притекне брзо на помош, ќе нè избави од челуста на нашите чу¬довишта, демоните, какви и да се, од каде и да идат. Не се сомневај во тоа, само верувај! Бидејќи вистината на Севистинитиот е оваа: Сè е можно за оној што верува. А на прво место можно е за светиот миленик Христов, големиот Николај Чудотворецот, којшто е целиот пронижан со богочовечка и семоќна вера Христова: со сета душа, со сето срце, со сиот ум, со сето свое битие, со сиот свој живот, со сета своја вечност.

I

Во Цариград живееше еден човек, по име Николај, којшто се издржуваше од ракоделие. Побожен, тој се беше заветувал деновите посветени на празнувањето на свети Николај Чудотворец да ги празнува вистински прославувајќи го овој угодник Божји. Тој тоа го исполнуваше истрајно, според зборовите на Светото Писмо: Почитувај Го Господа со имотот од праведните трудови твои (Изрек. 3:9); и на тоа секогаш цврсто се сеќаваше. Така тој достигна длабока старост и, немајќи повеќе сила да работи, западна во голема немаштија. А се приближуваше празникот на свети Николај и старецот, размислувајќи што да прави, ì рече на својата жена:
„Наскоро ќе биде празникот на нам омилениот голем Христов архиереј Николај. Но како ние бедните во нашата немаштија ќе го отпразнуваме овој ден?“
Неговата побожна жена муодговори:
„Ти знаеш, господине мој, дека м удојде крајот на нашиот живот, бидејќи и тебе и мене нè постигна старост. Дури и да ни се случи тоа животот да ни заврши сега, ти држи го тој завет и не заборавај ја твојата љубов кон светителот.“


Sveti Nikola.indd 59 27.11.2007 11:10:31 Небесните чуда на свети Николај Мирликиски0
Таа му укажа на својот маж на килимот што го имаа и му рече:
„Земи го овој килим, па однеси го и продај го, и купи сè што е потребно за достојно празнување на празникот на свети Николај. Ние ништо друго немаме, а овој килим не ни е неопходен, бидејќи немаме деца на коишто би можеле да им го оставиме.“
Штом го слушна тоа, побожниот старец ја пофали својата жена, го зеде килимот и отиде. А кога одеше по плоштадот на којшто се наоѓаше столбот на светиот цар Константин Велики и кога поминуваше покрај црквата на свети Платон, него го сретна секогаш готовиот за помош свети Николај, во облик на чесен старец, и го праша:
„Пријателе мил, каде одиш?“
„Одам на пазар“, одговори тој. Кога му пријде поблиску, свети Николај рече:
„Добро дело. Но кажи ми колкуго продаваш тој килим, би сакал да го купам.“
Старецот му одговори на светителот:

„Овој килим во свое време е купен за осум златници; а сега ќе земам за него колку што ќе ми дадеш.“
Светителот му рече на старецот:
„Се согласуваш ли да ти дадам за него шест златници?“
„Ако ми дадеш толку“, одговори старецот, „јас со радост ќе ти го дадам.“
Свети Николај ја спушти раката во својот џеб, го извади златото, мудаде на раце на старецот шест големи златници, и му рече:
„Земи го ова, пријателе, и дај ми го килимот.“
Старецот со радост го зеде златото, зашто килимот вредеше помалку од тоа. А кога се разделија, луѓето на пазарот што стоеја во близина го прашаа старецот:
„Да не гледаш привидение, старче, та сам си зборуваш?“
Бидејќи тие го видоа само старецот и го слушнаа неговиот глас, а светителот за нив беше невидлив и нечуен.

За тоа време свети Николај отиде со килимот кај жената на старецот и ì рече:
„Со твојот маж сме стари пријатели. Ме сретна и ми се обрати со ваква молба: од љубов кон мене, однеси ì го овој килим на мојата жена, а јас треба да завршам една друга работа.“
Штом го рече тоа, светителот стана невидлив. А жената која го виде чесниот маж ко јшто блескаше во светлина и го зеде килимот од него, не смееше од страв ни да праша кој е тој. Мислејќи дека мажот ì ги заборавил зборовите што му ги кажа таа од љубов кон светителот, жената се разгневи на него и рече:
„Тешко мене, бедната! Мојот маж е законопрестапник и полн е со лаги.“
Велејќи ги тие зборови и слично на тоа, таа не сакаше ни да го погледне килимот, побожно горејќи од љубов кон светителот.
Не знаејќи што се случило, нејзиниот маж изнакупи сè што беше потребно за празникот на свети Николај и си одеше накај дома сиот радосен што го продаде килимот и што не е принуден да отстапи од својот благочестив обичај. Кога стигна тој дома, разгневената жена го пресретна со горчливи зборови и мурече:
„Оди си од мене, зашто го излажа свети Николај! Вистина рече Христос, Синот Божји: Никој што ја ставил раката своја на ралото и погледнува назад, не е достоен за Царството Божјо (Лука 9:62).“
Штом го рече тоа и слично на тоа, таа му го донесе килмот на мажот и му рече:
„Ете, земи! А мене веќе нема да ме видиш. Ти го излажа свети Николај, и затоа ќе изгубиш сè што си стекнал со празнувањето на неговиот празник. Бидејќи е напишано: Кој го држи сиот закон, а згреши во едно, ќе биде виновен за сè (Јак. 2:10).
Слушајќи ги од жената тие зборови и гледајќи го килимот, старецот стоеше восхитен и не наоѓаше зборови да ì одговори на својата жена. Долго стоеше вчудоневиден и најпосле му стана јасно дека свети Николај извршил чудо. Воздивнувајќи од дното на срцето и исполнувајќи се со радост, тој ги подигна рацете свои кон небото и рече:

„Слава Ти Христе Боже, Кој правиш чуда преку Твојот светител Николај!“
Потоа ја праша својата жена:
„Заради стравот Божји, кажи ми кој ти го донесе овој килим, маж или жена, старец или момче?“
Жената муодговори:
„Старец чесен и лачезарен, облечен во светли облеки ни го донесе овој килим и ми рече: ‘Твојот маж ми е пријател, па ме сретна и ме замоли килимов да ти го донесам тебе; земи го’. Го зедов килимот и не се осмелив да го прашам донесителот, бидејќи сиот блескаше во светлина.“
Штом го слушна тоа од жена си, старецот се восхити и ì го покажа на жената златото што му беше преостанало и сè што имаше купено за празникот на свети Николај: храна, вино, просфори и свеќи. И воскликна:
„Жив ми Господ, човекот што го купи килимот од мене и повторно го донесе кај нас бедните и смирени слуги дома, навистина е свети Николај, бидејќи оние што ме видоа во разговор со него ме прашаа: ‘Не гледаш ли привидение?’ Тие ме видоа само мене, а тој им беше невидлив.“
Тогаш обајцата, старецот и жената, воскликнаа вознесувајќи Му благодарност на Семоќниот Бог и пофалба на Неговиот голем архиереј Николај, брзиот помошник на сите коишто со вера го повикуваат. Исполнети со радост тие веднаш појдоа во црквата на свети Николај, носејќи ги златото и килимот, и му раскажаа за тоа на сиот клир во црквата и на сите што се беа затекнале таму. И сите што го чуја нивното кажување Го прославија Бога, Ко јшто им дарува милост на своите слуги, и свети Николај. Испратија кај патријархот Михаил и го известија за сè. Патријархот нареди на старецот да му се даде помош од имотот на црквата Света Софија. И го отпразнуваа празникот чесно, со молитви и пофалби кон Бога.

3.angeli.so.truba

II

Во Цариград живееше еден благочестив човек по име Епифаниј. Тој беше многу богат и многу уважуван од царот Константин (станува збор за Константин Мономах, кој царуваше од 1042 до 1060 година). Еднаш тој намисли да си купи за слуга еден роб; и во третиот ден од месецот декември зеде седумдесет и два златници, го јавна коњот и одјава на пазарот каде што трговците дојдени од Русија продаваа робови. Но не му појде од рака да купи роб и тој се врати дома. Штом слезе од коњот, тој влезе во палатата, го извади од џеб златото што го носеше на пазар, го стави некаде во палатата и го заборави местото каде што го остави. А тоа му се случи по дејството на ѓаволот, којшто непрестајно војува со христијанскиот род. Бидејќи ѓаволот, не поднесувајќи ја побожноста на овој маж, намисли да го турне во бездната на гревот. Утредента наутро големецот го повика слугата што го служеше и мурече:
„Донеси ми го златото што ти го дадов синоќа, ми треба за на пазар.“
Штом го чу тоа, слугата се уплаши, бидејќи господарот не беше мудал залто, и рече:
„Господару, не си ми дал злато.“
На тоа господарот возврати: „О, зла и лажлива главо, каде го стави златото што ти го дадов?“
Слугата се колнеше дека не сфаќа за што зборува неговиот господар. Големецот се разлути и им нареди на слугите да го врзат и немилосрдно да го тепаат и да го оковаат во синџири. А во себе си рече: „Неговата судбина ќе ја решам штом ќе помине празникот на свети Николај“, бидејќи овој празник се паѓаше по два дена.
Заклучен сам во одајата, слугата со солзи повика кон семоќниот Бог, Кој ги избавува оние што се во неволја:
„Господи Боже мој, Исусе Христе, Седржителу, Сину на живиот Бог, Кој живееш во непристапна светлина, кон Тебе викам, зашто Ти го знаеш срцето на човекот, Ти си им помошник на сиромашните, избавување на оние што се во неволји, утеха на тажните – избави ме од оваа необјаснива напаст! Устрој милостиво избавување, за и господарот мој, избавувајќи се од гревот и неправдата сторени кон мене, да Те прослави Тебе со весело срце, и јас, Твојот ништожен слуга, избавувајќи се од оваа напаст која што неправедно ме постигна, да Ти вознесам благодарност за Твоето човекољубие.“
Велејќи го тоа и слично на тоа со солзи и додавајќи ì на молитвата молитва и на солзите солзи, ова момче повика кон свети Николај:
„О, чесен оче свети Николај, избави ме од беда! Ти знаеш дека не сум виновен за она за што ме обвинува господарот. Утре ќе осамне твојот празник, а јас сум во голема неволја.“
Падна ноќ и момчето, уморно, заспа. Па му се јави свети Николај, секогаш брзиот помошник на сите што со вера го повикуваат, и рече:
„Не тагувај, Христос ќе те избави преку мене, слугата Свој.“
Во тој миг паднаа синџирите од неговите нозе и тој стана и Му вознесе пофалба на Бога и на свети Николај. Во тој час светителот мусе јави и на неговиот господар, и го укори:
„Зошто му направи неправда на својот слуга, Епифаниј? Ти самиот си виновен, зашто заборави каде го стави златото. Момчето го мачиш без причина, а тоа ти е верно. Но бидејќи тоа не го смисли ти самиот, туку те научи исконскиот зол непријател, ѓаволот, еве, ти се јавувам за да не пресуши твојата љубов кон Бога. Стани и ослободи го момчето. А ако не ме послушаш, ќе те снајде голема несреќа.“
Потоа, покажувајќи му го со прст местото каде што беше положено златото, свети Николај рече:
„Стани, земи си го твоето злато и ослободи го момчето.“
Кога го рече тоа, тој стана невидлив.
Големецот Епифаниј се разбуди сиот треперејќи, отиде до местото во палатата што му го покажа светителот и го најде златото кое што самиот го беше ставил таму. Тогаш, обземен од страв и исполнет со радост, рече:
„Слава Ти, Христе Боже, Надеж на сиот род христијански! Слава Ти, Надеж на безнадежните и брза Утехо на очајните! Слава Ти, зашто го покажа светилото на сиот свет и брзото станување на паднатите во грев, свети Николај, којшто исцелува не само од телесни, тукуи од душевните соблазни.“
Сиот во солзи тој падна пред чесната икона на свети Николај и рече:
„Ти благодарам, чесен отецу, зашто ме спаси мене недостојниот и грешниот и дојде кај мене ништожниот очистувајќи ме од гревовите. Со што да ти возвратам за тоа што погледна на мене и дојде кај мене?“
Откако го кажа тоа и слично на тоа, големецот отиде кај момчето, и кога виде дека оковите паднале од него го спопадна уште поголем ужас и многусе прекоруваше себеси. И веднаш нареди да го ослободат момчето и да го опсипат со секакво внимание. Самиот, пак, цела ноќ ја мина во бдеење, благодарејќи Муна Бога и на свети Николај којшто го избави од таков грев. Акога заѕвони за утрена, тој го зеде златото и со момчето отиде во црквата на свети Николај. Овде со радост им раскажа на сите со каква милост го удостои Бог и свети Никола. И сите Го прославија Бога Којшто твори такви чуда прекуСвоите угодници. Акога заврши утрената, во црквата господарот мурече на момчето:
„Чедо, не јас, грешниот, тукутвојот Бог, Создателот на небото и земјата, и светиот угодник Негов Николај нека те ослободат од ропството за и мене барем некогаш да ми биде простена неправдата што ти ја нанесов од незнаење.“
Штом го рече тоа, тој го раздели златото на три дела: еден дел ì даде на црквата на свети Николај, другиот им го раздаде на сиромасите, а третиот му го даде на момчето, велејќи:
„Чедо, земи го ова и никому нема да бидеш должен, освен на свети Николај. А јас ќе се грижам за тебе како грижлив татко.“
И вознесувајќи Му благодарност на Бога и на свети Николај, Епифаниј си отиде дома сиот радосен.

III

3.angeli.so.truba

 

Во Цариград живееше еден благочестив човек, полн со вера во Господа Христа. Тој го сакаше многу и го почитуваше големиот угодник Божји свети Николај. Еднаш, подготвувајќи се по некоја работа да отпатува со кораб во друга земја, тој според својот обичај отиде во црквата на свети Николај и му се помоли на Божјиот светител. Потоа се прости со пријателите и со соседите, па се качи на коработ и отпатува. Во три часот по полноќ почна да дува силен ветар и започна невреме. Морнарите се растрчаа околу притегнувањето на едрата, им прискокна на помош и овој благочестив човек, но некако се сопна и падна во морето. Мракот беше страшен, ветерот силен, та не можеа да мупритекнат на помош на давеникот, иако сите го сожалуваа и офкаа. А тој, онака облечен, борејќи се со брановите и тонејќи, викна:
„Свети Никола, помогни ми!“
И – о чудо! Тој одеднаш се најде во својата куќа во Цариград, иако му се чинеше дека уште е во длабочината на морето. Неговите домашни, штом го чуја неговиот глас, запалија свеќи. На тоа дотрчаа и соседите и го видоа како стои насред куќа, громогласно зборува, а облеката сета му се цеди од морската вода. Сите се скаменија од ужас и страв, неспособни збор да прозборат.
А давеникот им рече:
„Браќа, што се случува? Знам дека вчера се простив со вас, па отидов на кораб. Коработ се отисна и ние пловевме по морската шир. Потоа  дувна силен ветар, настана бура, морнарите се растрчаа околу едрата, а јас некако се препнав и, зафатен од ветрот, паднав во морето и го повикав на помош свети Никола. А сега каде сум, не знам. Кажете ми, да не сум полудел? Што се случило со мене?“
А тие, кога го слушнаа што кажува и гледајќи како морска вода мутече од облеката, разбраа дека се случило прекрасно чудо. И сите почнаа да се радуваат со него и долго од радост плачеа и воскликнуваа: „Господи помилуј!“
Потоа давеникот се преоблече и отиде во црквата на свети Николај. И остатокот од ноќта го помина во молитва, плачејќи, правејќи метании и вознесувајќи Му благодарност на Бога и на чудесниот угодник Негов, светителот Николај.

 

3.angeli.so.truba

Извор:

 ЖИТИЕ

И НЕБЕСНИТЕ ЧУДА

НА СВЕТИ НИКОЛАЈ ЧУДОТВОРЕЦ

архиепископ на Мира Ликиска (Мирликиски)

Превод и подготовка

Сестрите од манастирот

Свети Никола, с. Љубанци, Скопје

СКОПЈЕ

2007

(продолжува)

3.angeli.so.truba

НЕБЕСНИТЕ ЧУДА НА СВЕТИ НИКОЛАЈ (IV и V дел)

 

19ти декември  2020 лето Господово

Извор

TVITer270

П.П. 2007-12-19 02:20:12

 

Друго:

 

sv.Nikola.sajt.jpg

 

Свети Николај Мирликијски Чудотворец (житие и чуда)

 

Житие

Детството

Свети Никола е роден во Патара, во малоазиската покраина Ликија. Неговите родители, Теофан и Нона, биле познати и богати, но и побожни, милостиви луѓе. Тие биле бездетни и дури во поодминати години Бог им дал син единец- малиот Николај.

Од самото раѓање детето покажувало голема приврзаност кон Бога и кон Неговите светињи. При кршевањето, во кршталницата три часа стоел сам, без ничие придржување, што ја наговестувало неговата ревност во исповедувањето на името Божјo. Исто така, во среда и во петок го одбивал мајчиното млеко до заоѓањето на сонцето. Родителите се чуделе на тоа и му предвидувале строг испоснички живот, каков што св. Никола и навистина водел.

Младоста

Како што растел, св. Никола покажувал голема надареност и бистрина, ја изучувал светската мудрост, но најмногу го привлекувало Светото писмо. Времето го поминувал во храмот Божји и избегнувал суетни и празни разговори.

Неговиот чичко, епископ во градот Патара, по кого Никола и го добил своето име, забележал голем број доблести кои го краселе неговиот внук и им предложил на родителите да го дадат синот на служба на Бога. Родителите го прифатиле советот на епископот и го дале својот син единец на Оној од кого и го добиле на дар.

Младиот Никола бил незлоблив, кроток, срцето му било полно со љубов кон сите, на сите им простувал и секој негов збор бил мудар. Како таков тој бил ракоположен за ѓакон со радосен извик на сите присутни: Достоен е!, а подоцна бил ракоположен и за презвитер и тоа токму кога Црквата Христова била сурово гонета, а свештеничкиот чин барал голема љубов и вера во Бога. По ракоположувањето, новиот пастир уште повеќе се предал на доблестен живот, пост и на молитва. Кога се упоколиле неговите родители, св. Никола сето богатство што го наследил им го раздал на сиромашните и на немоќните. Еве едно од неговите многубројни дела на милосрдие од тоа време:
 

Свети Никола спасува човек и негови три ќерки од духовна пропаст

Во градот Патара живеел еден човек со три ќерки, некогаш богат, а потоа сосема осиромашен. Во големата сиромаштија му паднала на ум лоша мисла да ја претвори својата куќа во блудно место, а своите ќерки во блуднички и на тој начин да дојде до пари. Свети Никола слушнал за големата беда на тој човек, некако дознал за неговата опасна намера и се сожалил над него.

Една вечер, за да не биде виден од некого, св. Никола зел ќесе со злато и пошол кај куќата на тој човек. Кога стигнал кај куќата, го фрлил ќесето низ прозорецот и брзо заминал. Утредента, кога го видел златото, човекот не можел да им поверува на своите очи. Размислувал кој би можел да му направи толкава милост, и на никого не можел да се сети. Затоа му благодарел на Бога и горко се покајал за сè што имал намера да направи. Донел одлука добиеното злато да го даде како мираз за мажењето на најстарата ќерка.

На св. Никола му било многу мило кога слушнал за одликата на човекот и решил да го повтори своето дело. Повторно тајно уфрлил ќесе со злато низ прозорецот и исчезнал. На човекот ништо не му било јасно. Со солзи-радосници ми се молел на Бога да му открие кој му прави толкава милост. Ја омажил и втората ќерка и решил да не спие ноќе за да го открие својот добродетел.

По неколку ноќи, човекот слушнал ѕвекот на злато и кога влегол во собата, нашол уфрлено ќесе со злато покрај прозорецот. Излегол и брзо потрчал да го стаса таинствениот добродетел. Кога го стасал светиот Никола, паднал пред него, заплакал и почнал да му ги бакнува стапалата нарекувајќи го спасител и избавител. Свети Никола одвај го кренал од земја и го смирил, барајќи да му вети дека никому додека е тој жив нема да му каже за неговата помош.
 

Патот во Палестина

Во силната желба да ја посети Светата Земја, св. Никола тргнал на долг пат преку море.

Кога лаѓата пловела кон Египет, настанала голема бура. Небото се помрачило, а водата се кренала заканувајќи се да ја преврти лаѓата. Свети Никола на сите им кажал да бидат храбри и, без никаков сомнеж, да имаат доверба во Бога. И тој почнал усрдно да се моли. Набрзо морето се стишило и станало сосема мирно како воопшто да немало бура. На лаѓата настанала голема радост.

Малку време по тоа, се случило уште едно чудо. Еден морнар се качил на јарболот да направи нешто, се лизнал и паднал од големата височина, при што веднаш починал. Свети Никола брзо му пришол на морнарот и како од сон- го кренал од мртвите.

По долгиот пат и по големиот број исцелувања што ги правел св. Никола, лаѓата стигнала во Ерусалим. Со голема љубов св. Никола се поклонил на Христовиот Гроб, на светата Голгота, на чесното дрво од Крстот Господов (каде што вратата од храмот сама му се отворила) и со сето битие посакал да остане на тоа свето место. Но волјата Господова била поинаква. Бог не сакал да го лиши своето стадо од присуството на овој грижлив пастир, па му заповедал со Својот божествен глас да се врати во татковината.

 

Враќањето во Ликија

Така, по долгото време поминато во Палестина, св. Никола се вратил во Патара, и во манастирот Свети Сион, кој бил основан од неговиот чичко, продолжил да живее богоугоден живот. Меѓутоа, повторно му се јавил божествен глас: „Николај, појди на подвиг во народот, ако сакаш да бидеш овенчан од мене“. Тогаш на св. Никола му станало јасно дека Божјата волја е таква, што мора да го остави тивкиот и молитвен живот во манастирот и да појде во народот.

Не сакал да остане во Патара бидејќи таму премногу се расчуло за него. Заминал во најголемиот град во целата ликијска област- градот Мира, каде што живеел како просјак, немајќи никакво засолниште освен Божјиот храм.
 

Изборот за епископ

Во тоа време се упокоил епископот на цела Ликија, Јован. Најмудрите луѓе се собрале да изберат нов пастир. Поради големите несогласувања не можеле да се договорат, па решиле да му се помолат на Бога, за да им укаже Он на најдостојниот за светиот епископски чин. Пристапиле кон молитва и набрзо им стигнал одговорот: Господ му се јавил на најстариот епископ и му наредил таа ноќ да оди кај црквата и да застане пред црковната врата. Првиот што ќе дојде во црквата- ќе биде Божјиот избраник и неговото име е Николај. Стариот епископ им раскажал на другите за своето видување и таа ноќ отишол во црквата како што му било заповедано.

Свети Никола имал обичај да станува на молитва ноќе на полноќ, а по молитвата одел меѓу првите на утринското богослужење. Така и таа ноќ, воден од Светиот Дух, отишол во храмот Божји. Кога пришол кај црквата, го запрел стариот епископ и го прашал: „Чедо, како ти е името?“. Свети Никола не му одговорил. Епископот повторно го прашал, а светителот тивко му рекол: „Името ми е Николај; слуга сум на твоите светињи, владико“. Кога ги слушнал овие кротки и смирени зборови, епископот без никаков сомнеж го зел св. Никола за рака и го одвел пред другите епископи.

Со голема чест и со радост бил дочекан и воведен во црквата. Веста за чудесниот избор на пастирот на Ликија брзо се разнела меѓу народот и црквата била преполна од оние што дошле да го видат Божјиот угодник. По Божја волја неговите доблести повеќе не можеле да бидат скриени, и станале јавни за цела Ликија.
 

Страдањето на Црквата од незнабожечките цареви

Омилен во народот, епископот Николај бил кроток и незлоблив, со смирен дух. Бил облечен во проста облека, се хранел испоснички, само еднаш дневно кога ќе паднел мрак. Со голема одговорност и љубов се грижел за душите што му биле доверени од Бога. Своите подвизи на пост и молитва ги удвоил, а со својата силна вера и љубов го поучувал народот и му помагал, при што бројот на верниците постојано растел.

Во времето на незнабожечките цареви Диоклецијан и Максимијан, настанало големо гонење на Црквата Христова. Христијаните биле мачени и принудувани да се одрекнат од Христа. Свети Никола ревносно ја исповедувал верата пред идолопоклониците и бил подготвен да пострада. Затоа бил затворен во затвор со многу христијани, каде што го тешел и го бодрел намачениот народ.

По долгиот период во затвор, со доаѓањето на царот Константин на власт на Римската Империја, сите христијани биле ослободени и дошол крајот на гонењето на Црквата Христова.
 

Свети Никола на првиот вселенски собор

Царот Константин решил да свика Вселенски собор во градот Никеја (325 година) за да биде изложено и утврдено правото учење за верата Христова, а Ариевиот ерес (во тоа време најсилен) да биде осуден.

На Соборот биле присутни 318 свети Отци, меѓу кои бил и св. Никола. Тој храбро го разобличувал Ариј (кој бил присутен) и неговото погрешно учење. Во својата силна ревност го посрамотил еретикот не само со зборови туку и со дело, удирајќи го по образ. Тоа предизвикало големо негодување кај светите Отци и тие решиле поради таа дрскост да го лишат од епископскиот чин. Меѓутоа, во тие денови, некои од Отците имале видување како околу св. Никола стојат од една страна Господ Христос со евангелие, а од друга страна Пресвета Богородица со омофор, и како му ги враќаат знаците на неговиот чин што му биле одземени. Тогаш сите сфатиле дека на Бога му била угодна големата смелост на св. Никола и му го вратиле архиерејскиот чин.
 

Спасувањето на народот од глад

Набрзо по Соборот, во градот Мира и во целата ликијска област се јавила голема сиромаштија и глад.

На св. Никола му било жал за својот народ, па една ноќ на сон му се јавил на еден трговец што се наоѓал во Италија и кој имал полна лаѓа жито. Трговецот имал намера да замине во друг правец, но св. Никола му дал три златника и му наредил со житото да појде во градот Мира и таму да го распродаде. Кога се разбудил, трговецот не можел да се изначуди кога видел дека има златници во раката. Го послушал светецот, отишол таму каде што му било речено и го распродал житото, објаснувајќи им на луѓето како на чудесен начин се нашол кај нив.
 

Измирувањето на народот и восјката

Во тоа време, се случил бунт во големата Фригија. Откако дознал за тоа, царот Константин испратил тројца војводи со војска да го задушат бунтот.

Кога војската стигнала до ликијското пристаниште, немирното море не им дозволило да запловат кон одреденото место, така што морале да чекаат подобро време. Некои војници купувале производи за своите потреби, а некои и насилно одземале од блискиот град, па почнале тепачки и караници со локалните жители. Луѓето оделе кај св. Никола жалејќи му се на војската. Светецот брзо стигнал и со своите благи совети ги измирил двете скарани страни. Војводите ги казниле престапниците и кон светителот покажале голема почит.
 

Свети Никола спречува неправедно убиство

Додека го смирувал народот на пристаништето, од градот Мира му стигнала веста дека игуменот Евстатиј, поткупен од лоши луѓе, сака на смрт да осуди тројца невини луѓе. Со голема тага, св. Никола веднаш тргнал и тоа во придружба на тројцата војводи.

Бргу стигнале до местото на погубување. Многу народ стоел околу тројцата кутри луѓе. Со врзани раце и со покриени очи, веќе се свиткале кон земјата, очекувајќи го страшниот удар од меч. Џелатот веќе го извлекол мечот и сиот бесен почнал да мавта со него. Тогаш светителот Христов со праведен гнев поминал низ народот, без никаков страв му го истргнал на џелатот мечот од рака и го фрлил мечот наземи. Толку силен и бестрашен бил св. Никола, што никој не се осмелувал да го запре. Големо задоволство и радост кај присутниот народ предизвикало ова храбро дело на Божјиот праведник. Потоа пристигнал и игуменот Евстатиј и сакал да му пријде на светителот. Свети Никола го одбил, не дозволувајќи му да му пријде сè додека овој не го признал својот грев.

Трпјцата војводи што дошле со св. Никола на гилотината, со големо воодушевување зеле благослов од архиерејот Божји и се упатиле за Фригија.
 

Спасувањето на тројцата војводи

Војводите во Фригија брзо го задушиле бунтот и со радост се упатиле кон Византија за да му ја објават на царот храбрата победа. Царот Константин ги пречекал со големи почести и ги удостоил со учество во царскиот совет. Меѓутоа, тоа почнало да им пречи на некои завидливи и лоши луѓе, при што почнале да клеветат дека војводите му посакуваат зло на царот. За таа своја завера го придобиле епархот со многу злато. Му ја дале клеветата, а епархот му ја пренел на царот. Царот Константин, без никаква истрага, избрзано ги испратил своите војводи в затвор и по убедување од епархот, решил да ги погуби.

На војводите не им било јасно зошто се осудени на смрт. Горко плачеле и тажеле, а потоа едниот од нив се сетил на св. Никола, па се договориле да му се помолат на Бога. Бог, Кој секогаш ги слуша молитвите на оние што усрдно Го молат, брзо им ја услушал молитвата. Таа ноќ на царот на сон му се јавил св. Никола и му рекол брзо да ги пушти од затвор тројцата војводи зашто тие се наклеветени и се невини. Уште и му се заканил дека ако не го послуша, ќе погине од оние што ќе се побунат. Зачуден, царот го прашал: „Кој си ти што ми упатуваш мене и на државата такви закани?“, а светителот му одговорил: „Името ми е Николај, архиереј сум во Мирската митрополија“. Со истото видување св. Никола му се јавил и на подмитениот епарх. Утредента ги извеле војводите пред царот, кој мислел дека со магии навеле такви соништа кај него. Војводите искрено исповедале дека не знаат за никакви магии и дека секогаш му биле предани на царот. Тоа предизвикало сожалување кај царот. Потоа св. Никола им се прикажал само на војводите, бодрејќи ги, при што тие почнале да го повикуваат на помош. Кога царот слушнал дека го спомнуваат името на светителот од неговиот сон, ги прашал кој е тој, а војводите му раскажале за св. Никола и за неговата чудесна помош.

Царот се покајал поради својата избрзана одлука и ги пуштил војводите со богати дарови да одат во градот Мира кај св. Никола.
 

Крајот на земниот живот на свети Никола

Свети Никола правел голем број чуда на земјата. Спасувал морепловци, исцелувал болни, им помагал на сиромашните. Како голем угодник Божји дочекал длабока старост. Малку боледувал со телото, а потоа со радост и со псалмопеење се преселил кај Господа. Неговото свето тело е положено во соборната црква во Мирската митрополија и набрзо од него почнало да тече чудотворно миро со кое се помазувале и се исцелувале болните. Народот доаѓал од сите страни да му се поклони на овој прекрасен светител.

Така св. Никола продолжил да му помага на верниот народ, правејќи уште поголеми чуда на оние што со вера го повикуваат на помош, сè до денес.

 
 Чуда на свети Николај

(мала и премала е оваа книга за да ги собере сите чудеса на овој силен угодник Божји)
 

Свети Никола му го враќа видот на светиот крал Стефан Дечански

Принцот Стефан, синот на кралот Милутин, бил многу уважен и ценет во целата тогашна Србија. Го краселе голем број доблести, бил добар, мил, кроток, милостив.

Неговата маќеа Симонида, ќерка на византијскиот цар, сакакала нејзиниот син Константин да го заземе престолот, па затоа постојано го клеветела и го валкала принцот Стефан пред својот сопруг. За несреќа, некои српски великани почнале да му откажуваат послушност на кралот, не можејќи повеќе да ги поднесуваат сплетките против принцот, а тоа на кралот му било претставено божем принцот Стефан подготвува бунт против него. Кралот Милутин непромислено и избрзано наредил да го одведат Стефана во еден замок во скопската област и таму, покрај црквата на св. Никола да го ослепат.

Со извадени очи и со страшни болки, маченикот единствено молитвата го крепела. Таа ноќ по ослепувањето, речиси в зора, тој малку задремал. На сон му се јавил прекрасен светител, кој му рекол: „Не тагувај, Стефане! Еве ги твоите очи на мојата дланка“. Стефан го прашал: „А кој си ти, господине мој, што покажуваш толкава грижа за мене?“. Светителот му одговорил: „Јас сум Николај, епископ Мириклијски“. Откако се разбудил, Стефан му заблагодарил на Бога што му испратил утешител во тешките страдања.

Стефан, со своите два малолетни сина, Душан и Душица, бил протеран од Србија и затворен во еден цариградски дворец. Слеп и затворен, принцот Стефан се предал на молитва и на духовен живот. Брзо се прочул и кај византискиот цар како голем ревнител на Христовата наука  и изобличувач на разни ереси.

По пет години од прогонството, Бог го исцелил својот трпелив угодник: за време на бдението спроти празникот Свети Никола, Стефан стоел на своето место во црквата и смирено се молел. Седнал и малку задремал кога се читало житието на св. Никола. На сон му се јавил глас: „Се сеќаваш ли што ти кажав кога ти се јавив минатиот пат?“. Стефан паднал пред светителот и му рекол: „Знам дека ти си големиот светител Николај, но не се сеќавам што си ми рекол“. Свети Никола му одговорил: „Ти реков да не тагуваш, зашто твоите очи се во мојата рака, и ти ги покажав. Она што ти го ветив тогаш, еве сега дојдов да го исполнам“. Потоа, светителот го осенил Стефана со крсни знамиња и му рекол: „Господ наш Исус Христос, Кој на слепиот од раѓање му дарува вид, и на твоите очи им го дарува поранешниот вид“. Светителот исчезнал, а преплашениот Стефан се разбудил- и прогледал. Го криел маченикот Христов ова чудо и се преправал слеп сè додека на Бога не му станало угодно да го врати во Србија и да го постави за крал.

 
Спасувањето на рускиот офицер од стрелање

Во Подол, северно преградие во Киев, во 1920 година, живеела една стара жена, вдовица, со својот син и со својата ќерка. Имала голема почит и љубов кон св. Никола и во моментите на тешкотии одела во храмот што бил посветен на овој прекрасен Божји светител и се молила пред неговата икона. Секогаш добивала утеха и олеснување за своите маки.

Во тоа време властите во градот постојано се менувале: Белогвардејци, Црвени, Директориум, Полјаци, Германци… Нејзиниот син станал офицер, а сите поранешни офицери при промените на власта биле уапсувани на самото место. Тоа се случило и со синот на ова жена. По апсењето, неговата сестра трчала од еден „оддел“ до друг со цел да измоли ослободување за својот брат. Мајката отишла во црква пред иконата на св. Никола. Долго се молела. Кога се вратила дома, била утешена и сигурна дека св. Никола ќе помогне. Набрзо дознале дека нејзиниот син исчезнал.

Утредента в зори, синот се појавил- изгладнет, извалкан и исцрпен. Го раскажал следниот случај. Поголема група офицери, меѓу кои бил и тој, биле водени во Печерск, преградие во ридови, близу Киево-Печерската Лавра. Таму имало еден голем хиподром во чија близина уште од време на Петар Први биле ископани ровови како одбрана од шведската восјка. Кај тие ровови се извршувале стрелања. Веќе биле близу хиподромот кога пред конвојот одеднаш се појавил низок старец. Му пришол на командантот и го прашал: „Каде ги водите?“

Во „Духоњиновиот Генералштаб!“ (жаргонски во тоа време тоа значело „на стрелање“), „Бегај, старецу!“, викнал командантот. Старецот навистина се тргнал, но водејќи го со себе и синот на вдовицата, кого го зел за рака, велејќи: „Пуштете го. Јас го познавам“.

Ниту командантот ниту кој било од стражарите што ја придружувале групата не одговорил ниту, пак, направил што било за да го спречи старецот. Старецот го одвел момчето зад еден агол и му рекол: „Оди дома кај својата мајка“. И веднаш исчезенал.

Старицата била пресреќна и веднаш побрзала в црква за да им заблагодари на Господа и на св. Никола што ѝ се вратил синот жив. Утредента и момчето заедно со мајка си се упатило в црква. Иако и порано одел во храм Божји, сето тоа не го интересирало нешто многу. Кога мајкла му го довела пред иконата на св. Никола, момчето пребледело. Некако успеало да прошепоти: „Мајко моја, па тоа е старецот што ме спаси…“.

Прекрасен е Бог во Светите свои!

 
Исцелувањето пред икона

На сестрата Татјана во јуни 1997 година ѝ била поставена следната дијагноза: агресивен облик на тумор на лимфните јазли и уште 18 месеци живот. Татјана тогаш имала околу 50 години, но поради големиот број хемотерапии изгледала како многу постара. Била тешка само 40 килограми. По две години, во февруари 1999 година, отец Илија во руската православна црква Свети Јован Претеча во Вашингтон ја донел мироточивата икона на св. Николај Чудотворец. Парохот на Татјана сакал иконата да ја однесе во нејзиниот дом и таму да отслужи молебен за нејзино оздравување, кое таа решително го одбила, инсистирајќи дека сака лично да дојде во црквата и да се помоли. Навистина било потресно да се гледа како нејзиното слабо тело се крши во метании пред светиот лик на иконата. Два дена подоцна, Татјана имала закажано хемотерапија. По прегледот нејзиниот доктор на големо чудење заклучил дека повеќе го нема туморот на лимфните јазли. Бил зачуден не сфаќајќи како можело тоа толку брзо да се случи. Сосема збунет ѝ рекол на Татјана да оди дома и да одмора еден месец од понатамошни хемотерапии. По еден месец, Татјана отишла на контрола. Докторот ја испратил на детаљни испитувања- анализа на крвта, скенирање итн. Сите резултати биле негативни,  што медицински и научно било невозможно. Докторот ѝ дал целосен отпуст. Оттогаш, Татјана редовно учествува во заедничките молитви на благодарења што по ова и слични исцелувања се служат пред мироточивата икона на Божјиот светител, свети Николај архиепископ Мирликијски Чудотворец.

 
Превел:

Петар  Петковски,
дипломиран теолог

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2023

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2023

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная