Свети Кипријан Картагински – ЗА ДОБРОТО ОД ТРПЕНИЕТО

А пак трпението, премили браќа, не само што ги чува добрините, туку и ги гони несреќите. Подржувајќи го Светиот Дух и сврзувајќи се со сè она, што е небесно и божествено, против делата на плотта и телото, со кои душата е освоена и обземена, тоа се бори со крепоста на своите доблести. Да разгледаме најсетне некој од бројните примери, за да се разберат од овие неколку и останатите.




О, Адаме, кој го вложи во тебе тој страв и кој ти рече дека си гол? – Тоа е последица на отстапувањето од Божјите заповеди. Потоа, следело изгонувањето од блаженото место и пресудата да поднесува труд, жалости и лишувања во текот на овој живот. Затоа, да се држиме што подалеку од советите на ѓаволот.Непријателот наш секогаш е готов да ни дава свои лекарства; секогаш треба да бидеме подготвени да ги одбиваме.

Не е тоа главното, туку друго: да го соединиме воздржувањето од храна со воздржувањето од штетното за душата и да пројавиме големо усрдие во духовните работи! Кој пости, треба да биде покаен, смирен, кроток, тивок, да ја презира славата на земниот живот! Кој ги презрел задоволствата на животот, тој е должен да ја презре и суетата на славата и
Што ќе правам во оној час кога ќе бидам заобиколен од моите познати, кои, кога ќе ме видат во таква лоша состојба, ќе се разбегаат од мене; тие ме сметале за блажен, зашто не гледале дека сум преполн со беззаконија и нечистотија и не знаеле дека сум Го заборавил Господа, Кој ги испитува срцата и утробата. – Таму е вистинскиот и жален срам;
Никој да не се издигнува над другиот, да не мисли дека е подобар од другиот и во нешто погоре од него, туку напротив, секој, како Христов ученик, да се смета полош од сите луѓе. Секој со љубов, простота, без славољубие и самољубие, со взаемно почитување, да му се покорува на својот ближен - во страв Божји,..
Омраза кон никого немај во срцето и зло за зло не враќај, но Божјата љубов придобиј ја; неа Светото писмо над сите добродетели ја поставува и ја споредува со Самиот Создател на сѐ, зашто таму е речено: " Бог е љубов" (1. Јов. 3,8). Паднатиот, но кој во себе нема омраза и завист, Господ нема да го остави паднат; рака ќе му подаде да стане, затоа што љубовта не ја отфрлил.






























