логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

3
✜✣✜
Да се грижиме, да гледаме и мислиме на она што е горе, да го паметиме, кон него да се прилепуваме, да бидеме во постојано општење со него и никако погледот наш да не го свртуваме надолу, каде што се телесните задоволства и похотите на овој лажлив и преоден свет. Прекрасно е со очите на нашето срце да гледаме во горниот свет и да ги пазиме некоја раска да не влезе во нив - некоја лоша помисла или нешто друго што не Му е угодно на Бога, та тоа да не ги помрачи нашите духовни очи.- Свети Ефрем Сирин
✤✣✤
Смирение не е кога грешникот за грешник се смета; вистински е смирен оној, кој во себе нешто големо сознава, но сепак себеси за голем не се смета. Смирен е оној, кој е сличен на Павла, но кој за себеси вели: " Јас и самиот не судам за себеси" ( 1. Кор. 4,3) и: " Христос Исус дојде во светот да ги спаси грешниците, меѓу кои сум прв јас" ( 1. Тим. 1,15). Па така, да се биде по заслуги голем, а себеси да се понижува и смирува, тоа е вистинското смирение! - Свети Ефрем Сирски✜✣✜
Совеста има природен стремеж кон Бога, се стреми кон Бога и сѐ што е Божјо и ја отфрла измамата, која се прикрала во неа. Гревот често бесрамно нѐ напаѓа, но совеста служејќи се со временските можности го победува. Ако некој почнува да се плаши, ако се наоѓа во темнина, таа објаснува дека тоа станува поради гревот, зашто и Светото писмо вели:" Нечесниот бега, кога никој не го гони" ( Изрек. 28,1). И кога некој патувајќи по вода, кога бура се подигнува, тој од совеста своја ќе биде изобличуван; таа ќе му го напомнува неговото нечесно дело. Таа ни ги напомнува нашите беззаконија и за време на земјотресите. Нашите страсни дела таа ни ги напомнува и тогаш кога сме на пат. И, најпосле, ако душата на грешникот не се обрати, совеста го изобличува и тогаш кога паѓа во телесни болести; тогаш од желба да си го запази животот, тој ветува пред Бога дека гревот свој ќе го победи и ќе го остави. Плашејќи се од својата смрт и од тоа дека може да го загуби вечниот живот, измачуван од совеста, тој прибегнува кон покајанието, - кон овој посредник меѓу Бога и луѓето. - Свети Ефрем Сирин
✜✣✜
Оној што сака да живее мирно на секое место, тој нека не го бара својот спокој, туку на другите спокојот во Господа, - тој само на тој начин ќе најде спокој на својата душа. А лошиот и нетрпеливиот - никаде спокој не може да најде. - Свети Ефрем Сирски
✜✣✜
 Сакаш ли да бидеш свет и непорочен храм Божји? Тогаш имај го во твоето срце Неговиот образ. Под Божји образ не треба да ја разбираш Неговата икона, која е направена со бои, туку оној Негов образ, кој бива сликан во нашата душа со нашите добри дела, постот, бдеењето, успесите во доброто, воздржувањето и молитвите, а боите за оваа небесна икона на нашиот Господ и Спасител сеː чистите помисли, кои се далеку од сè што е земно и нашиот  постојанен чист живот.
✤✣✤
Омраза кон никого немај во срцето и зло за зло не враќај, но Божјата љубов придобиј ја; неа Светото писмо над сите добродетели ја поставува и ја споредува со Самиот Создател на сѐ, зашто таму е речено: " Бог е љубов" (1. Јов. 3,8). Паднатиот, но кој во себе нема омраза и завист, Господ нема да го остави паднат; рака ќе му подаде да стане, затоа што љубовта не ја отфрлил. А оној што навидум сигурно стои, но со гордост се воздигнува, и омраза во себе носи, тој е во голема опасност; мракот на омразата му ги заслепил очите и тој не гледа каде оди. - Свети Ефрем Сирин✜✣✜
Зошто нè победува непријателот? Зошто страстите се умножуваат во нас? – Дали тоа не бива поради нашата непокорност? – Кога нè поучуваат ние не сме внимателни, кога нè изобличуваат и нè повикуваат да се поправиме, ние упорни остануваме. Од луѓето се скриваме, а за Бога не помислуваме. Страшната духовна змија нè учи како да ги победуваме со зборови оние, кои сакаат да нè поправат. Поради тоа гревот се умножува во нас и нема во нас противник против себе.✜✣✜
Почеток на плачот е познавањето на себеси. Да не плачеме човечки, туку по Бога, Кој ги знае тајните на срцето, за од Него да добиеме утеха. Да бидат лицата наши светли и да им се радуваме на Господовите дарови преку Светиот Дух; да плачеме и да тажиме духовно, молејќи Му се на Бога да ни ги прости сите наши гревови и да нè запази до крајот на нашиот земен живот. Плачот изградува и запазува, плачот со солзи и ја измива душата и ја исчистува. Плачот го раѓа целомудрието, ја отсекува похотата и добродетелите ги укрепува. Плачот Го прославува Бога и од ангелите утеха добива.✤✣✤ .
Гневливиот ја убива и ја погубува својата душа.
Да, и навистина, гневливиот ја убива и ја погубува својата душа затоа што целиот живот го поминува во смут и е далеку од спокојство. Тој му е туѓ на мирот, далеку е и од здравјето; затоа што и неговото тело непрестајно се топи, и душата тагува, и телото венее и лицето е покриено со бледило, и мислата го прелажува, и разумот изнемоштува, и помислите течат како река. - преподобен Ефрем Сирин✤✣✤
Огради се од сѐ што им е спротивно на добродетелите. Ако постиш, а при тоа безумно се смееш, лесно ќе бидеш уловен. Ако за време на молитвата плачеш, а кога си меѓу луѓето - се однесуваш световно, тогаш набргу ќе бидеш уловен во демонските мрежи. Ако си и целомудрен, но ако си невнимателен и безгрижен, твоето паѓање нема да се забави. Покајанието треба да биде принесувано со сето срце. Покајникот треба да биде постојано ист, односно да биде каков што бил во почетокот, - кога почнал да се кае. Ако има некакви недостатоци, тоа е знак дека не се обратил совршено и потполно. Ако се измени, ако почне пак да греши, тој треба самиот да се обвинува за тоа, затоа што во своето срце не ја поставил тврдата основа на животот во Бога. Таквиот човек се кае како некое дете кога го учат; плаче кога е тепано по потреба, а не по слободна волја. Законите на овој свет ги поправаат луѓето и нивното однесување, но тие не се во состојба да ја изменат расположбата на нивното срце - исто така, некој се кае со задна мисла, дека можеби понекогаш ќе може да му се предаде и на гревот. - Свети Ефрем Сирин✤✣✤
Замисли двајца патници. И едниот и другиот се враќаат дома. Тие се сретнале еден со друг на патот кога се стемнувало. Се задржале во една гостилница и кога се зазорил новиот ден се разделиле еден од друг. Секој од нив знае што има во својот дом, дали има богатство или немаштија, дали спокој или мака и страдање. Истото бива и со нас во овој живот, зашто и земниот живот е сличен на гостилница, каде се разделуваме, секој оди по својот пат и знае што е пред него. Зашто секој знае што испратил пред себе на небото: молитви со солзи, често бдеење, скрушено пеење псалми, воздржување и смирение, одрекување од сѐ што е земно, нелицемерна љубов и приврзаност за Христа. Ако сето ова си го испратил пред себе си, тогаш не плаши се затоа што одиш во спокој. - Свети Ефрем Сирски
✜✣✜
Молитвата, која се извршува подолго, со душа што се измачува, со напрегнат ум, - се издигнува кон небото. Како што водата, додека тече по рамно место и има голема широчина, не се издигнува нагоре, но кога рацете човечки ѝ стават преграда, го преградат нејзиниот тек, кога ја стеснат, таа, побргу и од стрела, се стреми нагоре; така и човечкиот ум, кога се разлива и расејува, тогаш кога има поголема слобода, а кога скрушеноста и некаква мака на срцето го стеснува, тогаш тој во таа прекрасна притеснетост се устремува нагоре и почнува почисто и посилно да Му се моли на Бога. А тоа дека молитвата,  кога е упатувана кон Бога со чувство на мака и страдања, бива слушана од Бога, за ова ни сведочи светиот пророк, кој викаː „Кон Господа повикав во маката своја, и Он ме услиши“ (Псал. 119,1). Па затоа да ја разбудуваме нашата совест, да ја предизвикуваме маката на нашата душа со спомнувањето на нашите гревови, за да ја направиме достојна да бива услишувана, да биде трезвена, будна и способна со своите извикувања да стигнува дури до небесата. Ништо не ги одгонува од нас така успешно мрзливоста и неработењето, како чувствата на мака и страдање, кои го собираат умот и го враќаат кон него самиот. Кој е исполнет со ваква жалост и се моли, тој по молитвата ќе биде во состојба да се радува. Како што натрупувањето на облаците од почетокот прават воздухот да се помрачи, и кога ќе почне од нив да паѓа дожд и кога облаците постепено ќе ја загубат насобраната пареа во нив, тогаш одново воздухот станува чист и јасен, така и нашата душевна мака, додека е затворена внатре во нас, ја помрачува нашата мисла, а кога ќе се испразни во молитвените солзни зборови и излезе надвор, тогаш таа создава во душата поголема светлина, исполнувајќи го умот на оној што се моли слично на сончев зрак, со мислата за Божјата помош.

 

За Преминпортал : Т.С.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3118
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7588
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/11/2024 - среда

Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул; Светиот маченик Епимах; Светиот маченик Никола Хиоски; Преподобните Спиридон и Никодим;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Света девојко Анастасио,ние кои те прославуваме,срцата кон Небесата  ги подигнуваме,со солзи духовни радосно твоето име го повикуваме,моли се за нас...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная