логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Свети Теофан Затворник
Извадок од книгата ,,Писма на вечното спасение”

 

Нови книги во издание на ,,Небесни цветови" при манастирот св. Атанасиј Велики

За дистрибуција на книгите можете да се информирате на:

- Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или тел. 078 384 867-

- во Струмица:  тел. 075 490 655

-во Скопје: тел.  070 276 721

п.с-  За секое проширување на  мрежата на дистрибуција на книгите, ќе ја надополнуваме оваа информација

 

,,Наутро ќе се помолам и ќе прочитам нешто, така малку ќе ја згреам душата, но потоа, тргнуваат работите една по друга, и се исчезнува, па повторно сум како камен. Како да ја сочувам утринската собраност и топлината?”.

 Собраноста и топлината самите по себе неразделно ќе престојуваат во душата, при сите дела кога тие ќе постанат суштински квалитет на вашиот внатрешен живот. А, на тој степен тие ќе се искачат кога во душата ќе се разгори молитвено оганче, за кое порано ви пишував (писмо 10). Но, и дотогаш можат да се употребуваат некои начини, за при тие дела и средби помалку да се расејувате.

Прво - никогаш не брзајте и не се вознемирувајте. Се правете не брзајќи, како кога носите чаша вода плашејќи се да не ја истурите, но без непотребната тромост и грижејќи се се да направите на најдобар начин. За притоа вашата душа секогаш да остане на место, седнете и разгледајте ги сите ваши работи кои обично ги правите, како и средбите, и однапред определете во кој случај како да се однесувате, за да не се опуштите. Ако искуството потврди дека она што сте го замислиле води кон некоја цел, секогаш постапувајте според замисленото, а ако се покаже неприлично, смислете нешто друго наместо тоа. Така постапувајќи, вие наскоро ќе најдете начин како да се однесувате за мислите да не се расејуваат и да се сочува топлината на срцето.

Второ – ништо не правете опуштено, туку со внимателност, како на вас да гледа некој кој е овластен за истиот час да ви повика на секоја грешка. А, всушност, навистина е така. Постои севидечкото око Божјо, кое е кон вас свртено, а постои и вашиот Ангел Чувар кој ви е секогаш сопатник; светителите Божји нас, исто така, н# гледаат.

Трето -  какви работи и да морате да правите, повеќето од нив нека се и световни, знајте дека можат да бидат извршувани така што ќе бидат морални и на Бога угодни. Ништо не правете за угодување на себеси, туку секогаш за помош и задоволство на вашата околина; така ќе искажувате самоодрекување и љубов. Ако при ова и при секое дело успеете да ја додадете и заповедта која му одговара, и потоа го правите тоа од покорност на Божјата волја, љубов спрема Бога и желба за богоугодување, тоа истото ќе го извршувате како да сте на служба кај Бога. Таквата мисла посилно од с# останато ќе ја чува вашата душа во нерасеано внимание.

 Јас мислам дека ова е доволно за повеќе да не ви се случува она за кое се жалите. Но, секако, с# зависи од тоа со колкава ревност се зафаќате на Божјото дело. Млитавото дејствување е слично на преместување од нога на нога, тоа никаде не прилега и не приведува кон никаков добар крај.  

13-ти декември, лето Господово 2015

 Друго:

Св.Теофан Затворник: Писмо 10

 

Нови книги во издание на ,,Небесни цветови" при манастирот св. Атанасиј Велики

  • За дистрибуција на книгите можете да се информирате на:
  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или тел. 078 384 867
  • Во Струмица: информации на тел. 075 490 655
  • во Скопје: тел. 070 276 721

п.с-  За секое проширување на  мрежата на дистрибуцијата на книгите, ќе ја надополнуваме оваа информација

 

сестра Харитина е задолжена за севкупната организација на дистрибуцијата на најновите изданиа на едицијата „Небесни цветови“:

1. Свети Теофан Затворник- ,,Писма на вечното спасение”,

2. Архимандрит Софрониј (Сахаров)-  ,,Да се види Бог каков што Он е”

 13.12.2015 год.

Преминпортал

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная