Исцелени се десет лепрозни, а се врати само еден да се заблагодари на Господ (Лк. 17, 21-19).
Не е ли таков размерот на благодарењето и меѓу луѓето кои примиле добро од Господ? И кој од луѓето не примиле добро, или, подобро кажано, што имаме и што станува со нас што не е добро? А дали се сите благодарни на Бог и дали благодарат за сè?
Има, напротив, и такви кои на себе си го дозволуваат прашањето: „Зошто Бог го дал животот? Подобро би било да нè нема“. Бог ти го дал животот заради вечното блаженство. Тој ти го дарувал животот како дар и те снабдел штедро со сите способности за вечното блаженство. Сега сè само од тебе зависи. Треба само многу малку да се потрудиш. Меѓутоа, ти велиш: „Да, но јас наидувам само на горчина, несреќа, болест и напаст...“ Па што! И тоа спаѓа во бројот на средствата за стекнување на вечното блаженство. Само потрпи! Целиот твој живот не може ни миг да се нарече во однос на вечноста. Во однос на вечноста, тоа не е ништо дури и ако треба целиот живот да страдаш. Но, имаш и часови на утеха. Не гледај на сегашното, туку на тоа што ти се спрема во иднината и потруди се да му бидеш достоен. Тогаш нема ни да ги приметиш горчините. Сите тие ќе бидат проголтани со несомнена надеж на вечната утеха. Благодарноста тогаш нема да затаи во твојата уста.
Свети Теофан Затворник
Избор од фејсбук страната на : Катица Проданова