Преподобен Никита Ститат
Оној што со усрдност се труди да се приближува кон Бога и божественото – станува одраз на Божјиот образ со своите душевни и телесни добродетели. Бидејќи тогаш тој се упокојува во Бога и Бог во него, по сорастворањето во себеси доживува божествено блаженство, поради богатството на Божјите дарови; и според своето внатрешно устројство се чувствува дека е бог, а Бог е Оној Кој го создава неговото совршенство.


Готвачот му одговорил и рекол: „Јас сум лажго кој секогаш зборува лаги. Но, бидејќи ме обврза во името Христово, не можам, а да не зборувам вистина. Јас сум ѓавол и бев испратен од мојот господар да работам за водачот на оваа дружина, и да чекам ден кога тој нема да го прочита Канонот кон Богородица – во истиот тој ден да го заробам во пеколот. Веќе четиринаесет години пазам на него, и немаше ден, а да не ѝ се помоли на Богородица.“
Тамошните различни степени на состојбите Спасителот ги нарекол многу живеалишта. Царството е едно, но внатре, во себе, има многу разлики, според разликите меѓу оние што ќе влезат во него, според разликата на добродетелите и знаењето, според степенот на обожувањето. Зашто, како што вели апостолотː „Еден е болскотот на сонцето; друг е болскотот на месечината, инаков е, пак, на ѕвездите; па и ѕвезда од ѕвезда по болскотот се разликува“ (1. Кор. 15, 41), и покрај тоа што сите болскаат на божественото небо.
Првото нѐ оградува однадвор, а второто – одвнатре го насочува огненото сеоружје кон непријателот. Демоните оддалеку ги забележуваат испосниците и молитвениците, и бегаат далеку од нив за да не здобијат болен удар. Меѓутоа, дали треба мислиме дека ѓаволот мора да биде онаму каде што нема пост и молитва? Да, може и така да се размислува.
Ниту Ангел, ниту Архангел не може ништо против тоа што е дарувано од Бога: овде се устројуваат Отецот, Синот и Светиот Дух. Би било неправедно поради порочноста на некој друг да трпи штета оние кои со вера пристапуваат на спасение.Знаејќи го ова, најпрвин треба да се плашиме од Бога, да ги почитуваме свештениците укажувајќи им чест, како за нашите добри дела...
Луѓето не ја знаат силата на Христовото смирение. И заради тоа ги влече земното. Но човекот не може да ја познае силата на тоа слово Христово без Светиот Дух. А кој ја познал тој нема да ја остави таа наука, дури и да го збогатат со сите светски царства.
Пишувањето на обичните световни луѓе е најчесто пројавување на паднатиот човечки дух, со неговите гревовни духовни наклоности, навики и страсти.
На сите прашања Тој има дадено одговор. Нема прашање кое може да ја мачи човечката душа, а на него да не е даден посреден или непосреден одговор. Луѓето не можат да измислат повеќе прашања отколку што има одговори во Светото Писмо. Ако не најдеш одговор на некое прашање- тоа значи дека или си поставил бесмислено прашање или не знаеш да го читаш Светото Писмо и од него да го извлечеш одговорот.
Во секоја разумна природа има безброј промени и во секој човек секој час стануваат изменувања. Разумниот може да стане мудар, ако ги разбира сите овие промени и ако се самоиспитува; ако биде трезвен и ако се надгледува со својот ум, лесно може да дознае кога која промена ја прима неговата мисла и како одеднаш од мирна состојба преминува во вознемиреност и поради какви причини.
Живееме во време на апокалипсата и не мораш да бидеш пророк за тоа да ти биде јасно. Сѐ се случува толку брзо. Не знаеме што нѐ чека, тоа е јасно од ситуацијата што владее во светот. Затоа сега повеќе од кога било, треба да се потпреме на молитвата и со неа да му се спортивставиме на злото. Тоа е единственото решение. Да Му се молиме на Бога да се сожали на Своите созданија..
Има многу молитви, но најважна од сите е онаа, која ни ја дал Самиот наш Спасител – молитвата „Оче наш“, како што е речено и во Светото евангелие, зашто ја опфаќа во себе целата евангелска вистина, а по оваа молитва, прва според значењето и важноста е спасоносното повикување на нашиот Господ Исус Христос, Синот Божји. Тоа е Исусовата молитва. Многумина од нашите преподобни отци се потрудиле да нѐ научат на неа.
Коренот на похотата нема срам. Ако го сечеш секој ден, тој секој час одново ќе расне. Искорни го сосема од твоето срце, та да не може одново да расте секој ден и секој час. Ако го пресечеш и илјадапати, тој двапати повеќе ќе се обновува и ќе се засилува сѐ додека не се решиш потполно да го ископаш и отстраниш од твоето срце.
Итар е тој што нѐ врзува и знае со што и како кого да врзе; знае оти, ако го врзе со некои вериги што не ги сака, разумот негов веднаш ќе ги разврзе и ќе се ослободи. Затоа, секого го врзува со она со што се насладува. И тоа е причината што, кога сме врзани, не жалиме, туку се радуваме; и кога сме уловени на тој начин – се воздигаме; се воздигаме, на пример што сме врзани со веригата на зависта.
Како што на коработ, ако е добро опремен, со целата посада управува капетанот на бродот: тој на секого му кажува и му наредува што треба да прави; така и нашето срце има свој раководител и заповедник – тоа се умот и нашата совест, како и нашите помисли, кои нѐ осудуваат или оправдуваат. И светиот апостол пишува и вели: „Нивната совест им сведочи за тоа и нивните мисли помеѓу себе се обвинуваат или оправдуваат“ (Рим. 2, 15).
Како што е неразумен оној земјоделец, кој, иако потрошил многу за орање на своите ниви, ги оставил непосеани, па целиот свој труд попусто го правел, така и ние, ако го измачуваме нашето тело со тешки трудови и со големо внимание, спрема себе си, а не го сееме во нас семето на молитвата, ќе излезе како да сме се труделе и да сме работеле сами против себе си.
На првосоздадениот во рајот му било заповедано: „Ете ви дадов секаков вид растение“ 1. Мој. 1, 29). На Оној Кој го заповедал ова можеме да Му веруваме дека човекот е приспособен за таква исхрана. Дури можеме и да додадеме, дека таквата храна била многу погодна да го запазува неповреден образот Божји во човекот и неговата мисловна сила
Оние луѓе, врз кои паднала таа духовна роса на божествениот живот и го исполнила нивното срце со љубовта спрема Небесниот Цар – Христа, се приврзуваат кон таа убавина, кон таа неискажлива слава и убавина, и кон несфатливото богатство на вистинскиот Цар – Христа. Тие се предаваат во плен на таа желба и на таа љубов, стремејќи се целосно кон Христа























