Пишувањето на обичните световни луѓе е најчесто пројавување на паднатиот човечки дух, со неговите гревовни духовни наклоности, навики и страсти.
Ги читаш световните весници и лесно се чита, лекомислено во се' се верува. Меѓутоа, ако земеш духовна книга, му станува тешко на срцето, се раѓа сомнежот, мнозина тоа го признаваат. Зошто е тоа така? Значи тоа не бидува поради својствата на книгата, ами од одликата на читателите, од вредноста на нивното срце, а највеќе - од ѓаволот, човековиот непријател , непријателот на се' што е свето и побожно. Додека ги читаме световните дела, ние не го задеваме ( ѓаволот ), и тој не остава на мира. Но штом се допреме до духовните книги, почнеме да мислиме за своето поправање и за спасението, веќе одиме против него, го дразниме, ја измачуваме неговата злоба, и ете го, тој не' напаѓа и измачува за возврат. Што да се прави? Да не се остава доброто дело туку да се трпи и со трпението да се спасува својата душа.
,,Со трпение спасувајте си ги душите ваши" - вели Господ.
Кога ќе седнеш да читаш или слушаш она кое што се чита, најпрвин помоли Го Бога, просејќи:
,, Господи Исусе Христе, отвори ги ушите и очите на моето срце, за да ги слушнам и да ги прочитам Твоите Зборови и да ја исполнувам Твојата волја.
,, Отвори ги очите мои, и ќе ги разберам чудесата од Твојот закон" (Пс. 118, 18).
,, Се надевам, Боже мој, дека Ти ќе го просветлиш срцето мое".
Секогаш така моли Го Бога да го просветли твојот ум и да ти ја открие силата на Своите зборови.
Старец Сава Псково-Печерски
ГОСПОДИ, ТИ СИ МОЈОТ ЖИВОТ
Библиотека Свети Гаврил Лесновски