логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


232.

1.    Господ ветил дека ќе испрати друг Утешител, а тоа го исполнил на Светата  Педесетница. Колку е ова големо!


Ја празнуваме Педесетницата и слегувањето на Светиот Дух, за што говори Господ, велејќи: „Подобро е за вас Јас да си отидам, оти, ако не си отидам, Утешителот нема да дојде при вас; ако пак заминам, ќе ви Го пратам. А кога ќе дојде Он, Духот на вистината, ќе ве упати на секоја вистина: но од Себе нема да зборува, а ќе говори што чуе, и ќе ви ја каже вистината“ (Јован 16, 7-13). Какво е ова ветување! Со колку нешто големо сме удостоени! Спасителот не ни ветил дека ќе ни испрати ангел, или човек, туку Самиот Дух, Кој има иста суштина на Него. Па така, Единородниот Божји Син ја извршил работата на Отецот, се вознел на небото, а Светиот Дух слегол. Не слегол при нас друг Бог. Не, тоа никако, туку друг Утешител, како што е напишано. О, неискажливо човекољубие! Самиот Бог е наш Утешител! Он ја утешува натажената и измачена душа: и дава сила да не очајува во тешките прилики, како што сведочи и апостолот, велејќи: „Бевме во маки: однадвор напади, одвнатре страв. Но Бог, Кој ги утешува смирените, нѐ утеши“ (2. Кор. 7, 5). Он го утешува срцето, исплашено со демонски стравувања, го издигнува преку смела надеж кон непобедливата храброст, како што сведочи светиот Давид, кој вели: „Покажи со мене чудо за добро, па да видат оние, што ме мразат, и да се засрамат, зашто Ти, Господи, ми помогна и ме утеши“ (Псал. 85, 17). – Утешителот го одушевува смутениот ум, му дава мир со Бога и тој се смирува, како што сведочи апостолот, велејќи: „Ние сме пратеници место Христа, како Бог да зборува преку нас. Ве молам во името на Христа помирете се со Бога!“ (2 Кор. 5, 20). Ја гледаш ли несфатливата Божја снисходливост? Го гледаш ли неспоредливиот дар? Горе е Единиот Син Божји, Кој се застапува за нас пред Отецот, како што е напишано: „Кој е од десната страна на Бога, и Кој се застапува за нас“ (Рим. 8, 34). А Светиот Дух долу утешува на најразлични начини.


2.    Како да благодариме? Да Го исповедаме големиот Цар и да се воодушевиме за извршување на секое добро; да се бориме против сѐ што е страсно и телесно; во секоја неволја – утехата да ја бараме само од Господа.

Како да Му благодариме за ова на Господа? Ни останува само да ја запееме песната од псалмите и да извикуваме: „Сите коски мои ќе речат: Господи, кој е подобен на Тебе, Кој спасуваш слаб од силен, беден и сиромав од грабителите нивни?“ (Псал. 34, 10). И пак: „Помошта наша е во името на Господа, Кој ги создаде небото и земјата“ (Псал. 123, 8). И уште: „Да не ми беше помогнал Господ, душата моја брзо ќе се преселеше во адот“ (Псал. 93, 17). И: „Господ е мој помошник, нема да се уплашам: што може да направи човек?“ (Псал. 117, 6). Имајќи Го Светиот Дух, непобедливата сила, Големиот Заштитник – Бога и Помошникот, да не се плашиме од непријателот и од спротивните сили, а имајќи го Него за закрилник, да побрзаме храбро да се зафатиме со подвижнички и исповеднички борби, и дење и ноќе, не измамувајќи се од измамите на ѓаволот, не попуштајќи под неговите непрестајни напади, да ја изгасиме телесната љубов, која го исполнува како со оган домот на нашата душа.  - Ве уверувам, дека тоа не е задоволство, туку дека е опасна болест, дека не е сласт, туку е      застранување на умот и негово помрачување. Ова го знаат оние што го скротиле телото, што ја измиле неговата нечистотија и кои се прилепиле кон Единиот Бог со сето свое срце. А што е она што е најслатко и најпосакувано? – Оној што го добил него, тој и во телото е над телото, во светот е, а е и над светот: живее овде во овој свет, а е и над него. Во тоа се брановите на благодатта, кои се подигнуваат од поддувнувањето на Духот; ја исполнуваат со спокој душата, колку е тоа можно.

3.    Да бегаме од сѐ што Му е неугодно на Бога.


Зошто дозволуваме сластољубието да нѐ победува и да нѐ измамува толку многу, така што сме прилепени за земјата, за телото и за крвта, и целосно сме се отуѓиле од нашиот предобар Бог? – Да бегаме од секоја страст, од среброљубието, од изворот на предавството: да бегаме од неверувањето кое нѐ одвојува од општењето со Бога. Да бегаме од секоја друга страст, која ја напаѓа нашата душа; од гневот, зависта, самољубието, самоувереноста, за да не нѐ најде смртта неподготвени и да нѐ отуѓи од Бога, зашто отуѓувањето од Бога е отуѓување и од царството небесно. Од ова нема да избегаат оние што го прават она што не Му е угодно на Бога. Да го избегнеме гневот што нѐ очекува; да почнеме постојано да Му угодуваме на Бога. – Да се обновиме себеси и да ги очистиме нашите души! Бидете храбри, Господ е близу до сите што Го повикуваат.

 

Извор. ДОБРОТОЉУБИЕ

Подготви: Т.С.

2- јуни 2017 лето Господово



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2019
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2040
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 487
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

07/05/2026 - четврток

Светиот маченик Сава Стратилат; Преподобна Елисавета; Светите маченици Пасикрат и Валентин; Преподобен Тома Јуродив; Светите маченици Лука и Никола;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил  8 април/26 март 2026

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил 8 април/26 март 2026

Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная