логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



За оние што се подвизувале и што својот подвиг добро го завршиле
1.    Еве кои знаци ги направил Господ Исус Христос пред да се издигне на крстот. Во светото Евангелие читаме „Одете кажете му на Јована што видовте и што чувте: слепи прогледуваат, хроми проодуваат; лепрозни се очистуваат, глуви прослушуваат, мртви воскреснуваат и на бедните им се проповеда Евангелието: и блажен е оној, кој не ќе се соблазни поради мене“ (Лука 7,22-23).

2.    Многу се, знаците што ги направил нашиот Господ Исус Христос. Но ние треба да знаеме дека секој од овие знаци, освен своето буквално значење, има и друго – преносно значење. Тоа што слепите ќе прогледаат, значи: слеп е оној што ја полага својата надеж на овој свет; а ако, напуштајќи го, својот поглед го впери во надежта што ја очекува, тогаш тој навистина го презрел овој свет и прогледал. Исто така, зборовите: „хроми проодуваат“ значат, дека оној што Го љуби Бога, а во исто време ги љуби и телесните мудрувања на срцето, тој е хром; но ако ги остави телесните мудрувања и Го возљуби Бога со сето свое срце, тој престанува да биде хром и оди право. Зборовите, пак, „глуви прослушуваат“ значат; оној што е во состојба на расеаност – тој е глув, поради тоа што е заробен од надворешните работи и што е должен да не го заборава она што е потребно; па ако се ослободи од тоа ропство, тој ќе почне да слуша. А зборовите „лепрозните се очистуваат“ значат дека не треба, според она што е запишано во старозаветниот Закон, да влезе нечист во Господовиот дом, односно оној што го мрази својот ближен, што му завидува или што го осудува и оној што ќе се ослободи од тие гревови, тој ќе биде чист.

3.    Па така, когa ќе прогледа слепиот, кога хромиот ќе почне да оди, кога ќе прослуша глувиот, кога ќе се очисти лепрозниот, тогаш оној човек што бил мртов и со недостатоци додека бил далеку од својот Спасител, се обновува и се преродува, тогаш почнува да благовестува со она што станало со него – што прогледал, што проодил, што прослушал и што се очистил. Ти си должен сето ова, што станало со тебе, да му го кажеш, да му го исповедаш на оној што те крстил.

4.    Еве што е крштевањето: тоа е тешко страдање на телото и молчењето. За Јована пишува дека облеката му била од камилски влакна и дека се опашувал со кожен појас и дека живеел во пустината (сп. Матеј 3, 4). Тоа е белегот на страдањата. Тоа најнапред го чисти човекот. И кога ќе го придобие, тогаш се отвора патот да се издигне на својот крст. Крстот е белегот на идната бесмртност. На крстот се издигнува откако претходно ја затворил устата на фарисеите и садукеите (садукеите се слика на неверувањето, а фарисеите – на лукавстото, лицемерието и славољубието, како што е напишано; „И од тој ден никој веќе не се осмели да Го праша“(Матеј 22, 46).

5.    Најпосле, Господ ги испратил апостолите Петар и Јован да ја приготват пасхата. Тоа е слика на следново: кога умот ќе види дека е од сè слободен, почнува да се приготвува за бесмртност, ги соединува сите чувства, хранејќи ги преку причестувањето со Господ.

6.    И тоа што Господ Исус Христос се молел, велејќи: „Оче Мој, ако е можно, нека Ме одмине оваа чаша“ (Матеј 26, 39) и овие зборови се однесуваат на нас. Зашто, кога умот посака да се издигне на крстот, тој тогаш има потреба од многу молитви и од многу солзи, како и од тоа – потполно да Му се предаде на Бога, молејќи се на неговата добрина: да го укрепува и да го запазува додека не го издигне, не го обнови и не го освети, зашто има голема опасност за умот додека се наоѓа на крстот. И додека се моли, тој има потреба со него да бидат Петар, Јован и Јаков, кои ги означуваат: силната вера, храбрата надеж на срцето и љубовта спрема Бога.

7.    Еве го значењето на тоа што станало заради нас со Самиот Господ – со нашиот возљубен Господ Исус Христос, Кој бил за нас пример и слика за сè, како што вели апостолот: „За да Го познавам Него, и силата на Негвото воскресение, и учеството во неговите страдања, грижејќи се мојата смрт да биде слична со неговата, та некако да го достигнам воскресението на мртвите“ (Фил. 3, 10-11). Жолчката, која ја вкусил зарди нас, значи: дека сме должни да ја победиме секоја лоша похот и да ја затвориме нашата уста и да не ѝ дозволуваме на ниедна од нив да излезе преку неа, ниту да ја извршуваме на дело. Оцетот, што го вкусил за нас, означува: дека сме должни да го гаснеме секое наше самоволие и да се бориме против секоја суета. Плукањето, на кое бил изложен заради нас, означува дека сме должни да се бориме против секакво угодување на луѓето и против секакво светско самољубие. Трновиот венец, што го исплеле и што Му го ставиле на Неговата глава, означува дека сме должни со трпение да ги издржиме сите навредувања и понижувања. Трската, со која Го удирале по Неговата глава, означува дека сме должни секогаш да го имаме шлемот на смирението врз нашата глава и да ја одбиваме секоја ѓаволска гордост. Камшикувањата на Господа пред распнувањето означува; да не го свртуваме нашето внимание на понижувањата и навредите од луѓето. Разделувањето на Неговата облека со жреб, тогаш кога Он бил сосем спокоен, означува, дека сме должни да го презираме сè што е од овој свет пред да се издигнеме на крстот, според зборовите на апостолот; „Со радост позволивте вашиот имот да се разграби, знаејќи дека на небесата имате подобар и траен имот“ (Евр. 10,34).

8.    Сето ова човекот е должен да го направи пред да се издигне на крстот. И ако не го направиш тоа што го направил Он, според твоите сили, како човек, нема да можеш да се издигнеш на крстот. Она што било во третиот час, кога луѓето со жестоко срце Го распнале Господа заради нашето спасение, тоа е за нас поука, дека треба да се вооружиме против секое очајание и против малодушноста, сè додека не умре гревот, според она што е напишано, дека Он го уништил непријателството со Својот крст. А тоа во деветиот час кога Господ Исус Христос го подигнал Својот глас и извикал: „Боже Мој, Боже Мој, зошто си ме оставил?“ (Матеј 27, 46) – тоа е пример за нас: по трпеливото поднесување на тешките подвизи против страстите, сè додека не изгаснат, најпосле, смелост со смиреност да викаме кон Бога. А тоа што Он по стемнувањето на сонцето го предал Својот Дух, - е укажување за нас дека, ако нашиот ум се ослободи од секаква надеж во овој видлив свет, тоа означува дека гревот умрел во нас. – Црковната завеса се расцепила на две од горниот крај до долниот, - тоа е слика и уверување дека и умот ќе се ослободи од страстите и дека ќе биде разрушена преградата меѓу него и Бога. А тоа што се распаднале камењата и што се отвориле гробовите, тоа е слика и уверување, дека тогаш гревот умре во нас, тогаш ќе се раскине секоја тежина и секое слепило и ќе се уништи сè што ѝ е спротивно на душата, и чувствата, кои умреле и кои ѝ принесувале плодови на смртта – почнуваат да заздравуваат и да стануваат непобедливи. А тоа што бил обвиен со чисто платно и со мириси, тоа е слика за тоа дека по смртта на гревот, душата со светост бива обвиена и негниежливоста ја успокојува. А тоа што Го ставиле во нов гроб, во кого пред тоа никого не погребале и што навалиле голем камен на вратата од гробот, тоа е слика и уверување дека умот ќе се ослободи од сè и дека преминува во другиот свет, дека се исполнува со нова мудрост и дека внимава на она, во што нема ништо гниежливо и дека почнува да мисли за она што на гние и не пропаѓа. Впрочем, „каде што е телото, таму ќе се соберат и орлите“ (Лука 17, 37). – А тоа што воскреснал во славата на својот Отец, што се вознесол на небото и што седнал „од десната страна на престолот на величието на висините“ (Евр. 1, 3), тоа ни е за пример на нас и за уверување, според зборовите на апостолот: „И така, ако сме воскреснале заедно со Христа, барајте го она што е горе, каде што Христос седи оддесно на Бога; мислете за небесното, а не за земното, зашто вие умревте, и вашиот живот е сокриен со Христа во Бога (Кол. 3, 13).

9.    А Неговото име е чесно, кое прави милост, кое е слика за светиите во сè, силно да се застапува за нашата немоќ, и, поради нашата сиромаштија, ќе ни ги прости нашите гревови, та и ние да добиеме милост заедно со сите што се достојни за неа. Амин.

 

Подготви: Т.С.

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная