логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

1. Седум значења на верата

Вера е некој да верува во недостижниот Бог, Кој од непостоење ги вовел во битие небото, земјата, морето и целото видливо и невидливо создание. таква вера имале сите древни пророци и праведници, од Адам до воплотениот домострој на нашиот Владика Исус Христос.

Вера, откако се воплоти Христос, е да се верува во Отецот и Синот и Светиот Дух, во едното Суштество во три Лица и во големото Таинство на воплотувањето на Христос, т.е. дека Синот и Словото на Бога и Отец, без да се оддели од Отецот, слезе од небото и се воплоти од Духот Свети и Марија Секогашдева и стана совршен човек, од тело и разумна душа – соединети со Божеството, така што во едното и исто лице Он беше Бог и човек, со две совршени природи – на Божеството и човештвото, соединети неразделно и неслиено;

дека тој (добро)волно страдал и бил распнат, и погребен бил исто така (добро)волно, и дека кога во времео на смртта се одделила Неговата душа, Божеството не се одделило ни од Неговата душа, ни од телото;

Дека Он во третиот ден воскресна и по четириесет дена се вознесе на небото, како човек, и седи на престолот на Своето Божество со Својата плот, воспеван со Отецот и Светиот Дух од сите небесни војски;

дека сите овие таинства на воплотениот Христов домострој беа извршени за оние што веруваат во Него повторно да се облечат во благодатта на Светиот Дух, да ги исполнуваат заповедите Божји и да го победуваат ѓаволот и сите невидливи демони; зашто без Светиот Дух никој не може ни гревот да го избегне, ни да ги исполнува заповедите Божји, ниту да ја одбива власта и силата што ја добиле над нас демоните.

Вера е уште, некој да им верува на ветените добра кои се изречени во Божествените Писма за оние што ги исполнуваат заповедите Божји и на опасностите од вечните маки за оние кои ги нарушуваат.

Вера уште е, некој да е верен на сè што е Божјо: догмати ли се, или заповеди, или подобро да се рече, да е верен на благодатта на Светиот Дух, заради што секој христијанин и се нарекува верен.Вера уште е, некој да се довери себеси на самиот Бог и од сета душа само на Него да го положува целото свое спасение.


Вера уште е, некој да е уверен, дека Бог прави сè, што сака Неговата благост и да е убеден дека, Он тоа го прави на најдобар начин.
Вера уште е, некој да се надева на големата и непобедлива сила на Седржителот Бог и да биде смел заради неа, така што би заповедал и гори би се преместувале; до таква вера малкумина достигнуваат, како што е и напишано, дека немаат сите таква вера (2. Сол. 3, 2).

Неможно е да се спаси некој, ако ја нема недостижната и цврста вера во Христа Господа, кој без премислување не верува во зборовите Божји, којнема љубов кон Бога и кон луѓето, љубов што настанува од добрата совест, од која се раѓаат смирението и миолостивоста.

2. Преку верата човекот се удостојува за Божјата благодат

Заради верата, пред секоја друга добродетел, доаѓа Божјата благодат, како основа на секоја добродетел и дури со помош на Божјата благодат се востановува секоја добродетел во срцето и станува дејствена; така што секоја добродетел, која не настанува од Божјата благодат, кај Бога не се смета за вистинска добродетел, бидејќи таквата добродетел не е Божја. се случува и демоните да наведат на некого некои јавни добродетели, научувајќи ги луѓето да изгледаат целомудрени, милостиви, кротки, и преку тоа држејќи ги во високоумие и гордост. Благодатта Божја доаѓа во човекот, макар нечист и осквернет, но кој има доброисповедно (благопризнателное) срце, а вистинска доброисповедност е тоа, со срцето да исповедаш дека благодатта е благодат (=добар дар). И неможно е оној што ја добил благодатта да биде доброисповеден и благодарен, ако прво не ја признава големината на благодатта што ја добил. Оние што не осознаваат колку е голема благодатта што ја добиле, не ја задржуваат.

И така, треба да се знае, дека благодатта а Сесветиот Дух доаѓа во секој што верува во Христа, не заради добрите дела што тој ги направил (ако би доаѓала зарди добрите дела, не би била благодат, туку плата за делата); но, таа доаѓа заради верата во Бога, доаѓа пред сите добри дела и веќе на неа као на цврста основа, се градат добрите дела, кои само со помош на благодатта и се покажуваат совршени, така што делата што се рпават без благодатта на Сесветиот Дух, Бог не ги смета за ништо – како сосем да не постојат. Доброто веќе не е добро, доколку тоа не е добро (на добар начин) направено, а неможно е доброто да биде направено без благодатта Христова. ако тоа би било можно, Бог не би дошол на земјата да стане човек, за да би му ја даувал на човекот таквата благодат само со чија помош секое добро може да биде направено. И блажен е човекот кој познал дека со помош на благодатта Христова секое добро може да биде добро направено, а очаен е оној што не го познал ова; таквиот напразно ја држи верата Христова.

Еве зошто повеќето луѓе, кога пеат псалми и молитви творат, само со уста ги произнесуваат псалмите и молитвите, а нивниот ум води разговор со бесовите, затоа што тие, бесовите, го земаат умот и го опкружуваат со суетни помисли, светски, плотски, злопаметливи, за доброто, молитвата и псалмопеењето да не би било добро правено, т.е. како што треба, на начин што на Бога му е угоден. Не е очигледно ли од ова, дека доброто не може да да биде добро правено без Христовата благодат? Ако е неможно доброто да биде добро направено без Божјата благодат, тогаш со какво вистинско добро може да се фали човекот како тоа да е сопствено, негово дело? Со никакво. Затоа вистинските христијани, сознавајќи дека ништо добро немаат во себе од себе, туку сè (што имаат е) од Божјата благодат, секогаш се смирени и скрушени, што служи и како признак за вистинските христијани. А високоумието, занесувањето, суетославието, дрскоста, гордоста, славољубието и привидното смирение, кои настануваат заради човечка слава, се признаци за невистинските христијани.


3. Без вера не може да му се угоди на Бога

Така верата и делата се две нешта, кои нераздвојно се поврзани меѓусебе. Верата е за добри дела, а добрите дела се вршат не за верата, туку со посредство на верата. Без вера никој не може да твори вистински добри дела и да му угодува на Бога; затоа што благодатта на нашиот Господ Исус Христос заради верата доаѓа во оној што поверувал во Него. Сопред мерката на верата, каква е кај секого, се дава и благодатта. Кој има голема вера, нему му се дава и голема благодат. Кој има мала вера, мала му е и благодатта. Но, треба да се памети и тоа дека само верата, па нека е и вистинска и православна, без добри дела нема да му донесе корист на тој што верува. Како појава на верата служи силата што излегува од верата, сила пак, на појавата служи ревносното сакање на Божјите заповеди и на богоугодните дела. Зашто живо дејствување (енергија) произлегува од силата со која, некој што ја има, може да направи нешто. И така, бидејќи е неможно без вера да му се угоди на Бога (а, на Бога му се благоугодни добрите дела), јасно е дека, верата ја дава силата за творење на добрите и богоугодни дела според Божјата волја. Под вера пак, овде во однос на оа што го зборувам, се подразбира не онаа; само да се верува во Христа и во сите негови зборови, но токму онаа, да се биде смел заради Христа и во срцето да се носи уверението дека со Христовата сила можеме и од злото да се ослободиме и секоја добродетел да ја извршиме, како што исповедал и светиот апостол Павле, велејќи: повеќе од сите се потрудив, не јас, туку Божјата благодат, која е со мене. (1.Кор. 15, 10).И така, кој не се удостоил да ја добие Христовата благодат и да ја познае како умно својствена на својата душа, тој суетно го носи името христијанин; тој е ист како иноверните. Тој може да исли дека, го избегнал секое зло и поминал низ сите добродетели, но навистина е лажливец и притворен. Нека ги раздал сите свои имоти на сиромашни, нека пости, бдее, нека спие на гола земја, нека се моли, нека вика; Господи помилуј! Но, ако во срцето нема убедување дека Божјата благодат, која се дава за верата, е Божја милост, и не ја бара оваа благодат да ја добие пред сé друго; ако не мисли дека само за добивање на оваа благодат тој го раздал својот имот и се подложува на лишувања и стардања, ако не се подвизува со таа цел; за да ја добие благодатта за прв пат преку Крштението, или, ако ја имал, а таа си заминала заради негов грев, повторно да ја врати преку покајанието, исповедта и самопонижувачки живот, туку дава милостиња, пости, прави бденија, молитви и друго, не со таа цел и не само за овој крај, туку мисли дека извршува славни добродетели и сами по себе вредни пред Бога добри дела; тогаш суетно се труди и се измачува.

Таа цел е онаа, за која спомнав, и е од почетокот на светот скриеното таинство на христијанството, кое се јави во последните времиња (Кол. 1, 26). Неа ја подразбира Павле, кога зборува за Бога, дека Он сака сите луѓе да се спасат, и до познавање на вистината да дојдат (1. Тим. 2, 4). Зашто, познавањето на вистината не е нешто друго, освен самата благодат. Таа е вистината, која настана преку Исуса Христа, според светото Евангелие (Јн. 1, 17). И христијанинот не може да најде милост кај Бога, ако не ја познае оваа благодат. Зашто, како што Христос не можеше да твори знаменија и чуда за неверните, така Он не може да помилува никого од оние што, иако веруваат во Него, не познале претходно, дека Христовата благодат, од Него и преку Него давана, таа самата и е милоста и спасението. Никој не може на друг начин да се спаси, ако не ја добие божествената благодат, која треба да го обожи или да го направи бог по благодат. Да се расположиме и ние, браќа, само за оваа цел да ги твориме сите свои дела, т.е. да ја добиеме и познаеме Божјата благодат и милоста од Исуса Христа, нашиот Господ, Кому слава и сила му, со беспочетниот Негов Отец и со Сесветиот Негов Дух, во вечни векови. Амин.

 

Извор: Преподобный Симеон Новый Богослов, Слово восемнадцатое

Преземено од : https://svitok.info/2008/03/08/%D1%81%D0%B2-%D1%81%D0%B8%D0%BC%D0%B5%D0%BE%D0%BD-%D0%BD%D0%BE%D0%B2-%D0%B1%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D1%81%D0%BB%D0%BE%D0%B2-%D1%81%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%BE-%D0%B7%D0%B0-%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B0/



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3111
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7571
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

07/11/2024 - четврток

Светите маченици Маркијан и Мартириј; Светиот маченик Анастасиј; Света Тавита;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Маркијан и Мартириј 25 октомври / 7 ноември 2024

Тропар на светите Христови маченици Маркијан и Мартириј 25 октомври / 7 ноември 2024

Господи Боже наш, Ти Кој се вочовечи, телото наше го зеде но Бог по суштина остана,мачениците Твои Маркијан и Мартириј,...

Тропар на св. Христов великомаченик АРЕТА 24 октомври / 6 ноември 2024

Тропар на св. Христов великомаченик АРЕТА 24 октомври / 6 ноември 2024

Блажен си ти Арето, верен слуга на Бога Живиот, кому Спасителот Му подари разум за умудрување на мнозина,  со дела достојни...

Тропар на светиот апостол Јаков брат Господов 23 октомври / 5 ноември 2024

Тропар на светиот апостол Јаков брат Господов 23 октомври / 5 ноември 2024

Како праведен Господов ученик,си го примил Евангелието,како маченик имаш смелост непобедлива,како јерарх се молиш, ти кој си брат Божји.

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная