логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Преподобен авва Исаиј
Списи
Слово дваесет и седмо
„Пази се!“ (Мој. 15, 9)


1.    Пази се внимателно, верувајќи во Господа, и надевајќи се во Него. Да веруваме дека нашиот Господ Исус Христос, Кој е вистински Бог и Кој има неискажлива слава и величественост, станал за нас човек и образец, како што е напишано: „Христос пострада за нас, оставајќи ни пример, за да врвиме по Неговите стапки“ (1. Петр. 2,21); Он се смирил со преголемо смирение, примајќи вид на слуга, осиромашил,претрпел многу срамни понижувања, но Он го сметал сето тоа за ништо, како што е речено кај светиот пророк Исаија: „Он беше измачуван, но страдаше доброволно и устата Своја не ја отвараше; како овца Он беше одведен на колење и како што е јагнето пред стрижачите свои безгласно, така и Он не ја отвори устата Своја. Он беше лишен од праведен суд. Но, родот Негов кој ќе го објасни? Зашто беше одземен од земјата на живите; заради беззаконијата на Мојот народ беше осуден на смрт“ (Исаија 53, 7-8). А најпосле, Он се подложил и на самата смрт, која била придружена со големи навредувања заради нас и заради нашето спасение, за ние, според Неговата заповед и поради нашите гревови, доброволно да претрпуваме кога некој, со право и без право, ќе нè навредува или ќе нè клевети, па дури ако нè подложи и на смрт – да бидеме кротки како овци водени на колење, да бидеме како неразумниот добиток, никако да не се противиме, туку ако можеме да се молиме или во краен случај да молчиме и сето тоа да го примиме со смиреност.
2.    Внимавај внимателно на себе си и верувај, дека е многу корисно и спасоносно за душата да биде изложена на навредувања и понижувања заради Бога, со радост и без очајание, помислувајќи, дека сме достојни за овие маки и страдања поради нашите гревови и сето тоа да го претрпиме заради нашите гревови во името на Господа, и на тој начин барем малку да ги подражаваме страдањата на нашиот Господ Исус Христос. И секогаш кога ќе си спомнеш за оние што те навредуваат и ожалостуваат, моли се за нив со срце и со душа, како да те удостоиле со најголеми дарови. Затоа никако да не им се лутиш.

3.    Пази се внимателно и пази се како од страшна смрт, од загуба на твојата душа и од вечните маки. Пази се да не ја презреш својата душа и да се предадеш на гордост и славољубие: да посакуваш слава и чест, или пофалби од луѓето или да мислиш за себе си дека си нешто, дека си  направил некоја голема добродетел, дека си подобар од другите. Пази се од срамна похот и бори се против најмалата телесна сласт. Одбегнувај да се запознаваш со некого без потреба, или да се допираш до телото на другиот, или да јадеш нешто без време; владеј со себе си на тој начин и оградувај се и од најмалото зло. Пази се да не паднеш во тешки гревови, особено пази се од малите гревови, за постепено да не почнеш да грешиш и со големи гревови.
4.    Пази се внимателно искрено и со душа да се сметаш од сите најмал, најгрешен од сите христијани, а душата твоја секогаш да плаче и да се смирува; како недостоен и малоумник, секогаш молчи и воопшто не зборувај без потреба.
5.    Внимавај на себе си: секогаш памети и имај ги пред твоите духовни очи вечниот оган и вечните маки; помислувај на оние што се осудени таму и сметај се повеќе дека си еден од нив, отколку дека си меѓу живите.
6.    Биди внимателен спрема себе си, па со душа и со срце да се сметаш најмал од сите христијани и дека Господ наш Исус Христос умрел и воскреснал за нас, та и ти за да не живееш повеќе за себе си, туку за Господа, Кој умрел за сите и воскреснал за нас (2. Кор. 5, 15), верувајќи дека секогаш се наоѓаш пред Неговото лице и дека Он непрестајно го гледа твоето срце.
7.    Биди секогаш внимателен и готов да ѝ се потчинуваш на Божјата волја: ако е и за смрт, за живот, за некакво страдање, со голема желба и вера – да очекуваш големи и страшни искушенија кои доаѓаат на тебе, па дури и страшни маки и најстрашна смрт.
8.    Биди внимателен , како да си пред лицето на самиот Бог, да не правиш ништо без Божја волја, па ако е тоа и најмала работа. Што и да посакаш било да кажеш, било да направиш, било да појдеш кај некого, било да јадеш или да пиеш нешто, да легнеш, да спиеш или да направиш нешто што и да е, запрашај се дали му е тоа угодно на Бога, испитај се и најди ја причината зашто го сакаш тоа. Дури тогаш, тоа што ќе го правиш прави го пред Бога. Така, во сите твои дела и зборови, проверувај се пред Бога, за да стекнеш навика да ја извршуваш само Неговата волја и да се надеваш само на Него.
9.    Биди внимателен тогаш, кога ќе те навреди некој и ќе се појави во тебе жалост или гнев, тогаш треба да молчиш и ништо да не говориш освен, она што е најпотребно, додека со молитва не го скротиш твоето срце. Дури тогаш, по сето тоа, проговори со твојот брат. Ако имаш потреба да го изобличиш твојот брат, а видиш дека во тебе има гнев и немир, никако да не говориш тогаш, за да не се разгневиш. Дури тогаш кога ќе видиш дека сте во добро расположение и кротост, и ти, и тој тогаш проговори му, но никако како оној што изобличува, туку како оној што напомнува, со голема смиреност.
10.    Биди многу внимателен секој ден очекувај ги искушенијата, страдањата, маките, па и самата смрт. Сè претрпувај спокојно, помислувајќи: „Во царството Божјо треба да влеземе преку многу маки“ (Дела 14, 22).
11.    Биди особено внимателен, да не бидеш своеволен – ни во зборови, ни во дела, ниту во твоите помисли; никако не барај да биде како ти што сакаш, туку настојувај да ја исполнуваш Божјата волја во сè. И ако се покаже нешто многу тешко, поднесувај го и прави го заради царството небесно, верувајќи со сето свое срце, дека тоа ќе ти биде покорисно од секоја човечка мудрост, бидејќи Божјата заповед е вечен живот, како што е напишано: „Дојдете, чеда, послушајте ме: јас ќе ве научам да се боите од Господа“ (Псал. 33, 11).
12.    Биди секогаш внимателен и чувствувај се како секогаш да се наоѓаш пред лицето на Бога, така што од никого ништо да не очекуваш, туку на сè да се надеваш со вера само од Него Единиот. И од што и да имаш потреба, моли Му се на Бога, да ти го даде она што е според Неговата волја. За сè што имаш, благодари Му на Бога, зашто сè си добил од Него; Он ти го подарил. Ако се лишиш од нешто, никако не надевај се на човек, не тажи и не мрмори против никого, туку поднесувај сè со трпение и спокојно. Помислувај во себе си, дека си достоен за уште поголеми страдања поради твоите гревови. Повторувај често во себе си: „Ако Бог сака, он може да се смилува на мене“. Ако имаш ваква вера и ваква надеж во Бога, Он може да ја задоволи секоја твоја потреба.
13.    Биди внимателен и не примај ништо веднаш, додека не се увериш, дека тоа ти го испраќа Бог заради твоите искрени трудови, па дури тогаш согласи се да го примиш со секаков мир. А кога ќе се увериш дека тоа ти се нуди од лукавсто, лицемерие и како повод за искушение, не согласувај се да го примиш, туку отфрли го, помислувајќи си ги зборовите од Светото писмо: „Подобро малку, но со страв Господов, отколку голема ризница, и со неа немир“ (Изрек. 15, 16).
14.    Биди внимателен и труди се да молчиш, за да ти подари Бог сила да можеш да се бориш и да се подвизуваш. Ако некој има потреба да говори со тебе, и, ако сознаеш дека таа негова потреба е благословна од Бога, и дека е Негова волја да говориш со тој човек, а не да молчиш, тогаш отвори ја твојата уста со страв Божји и со трепет, погледот твој нека биде свртен надолу, а зборовите твои да бидат одмерени и смирени. Кога говориш со некого, не говори многу: твоите зборови да бидат одмерени, и полни со љубов; проговори, но набргу замолчи. Ако потоа ти постават некое прашање, одговори сосем накусо само она што е потребно, а повеќе од тоа не говори.
15.    Биди особено внимателен во тоа: како да се воздржуваш од блудот, како да се воздржуваш од похотта на очите, на слухот, на јазикот и на допирот. Твоите очи нека бидат секогаш внимателни спрема твојата рачна работа и да не бидат свртени кон друг човек, освен кога видиш дека за тоа постои некаква неопходна потреба. На убава жена и на убав маж никако не гледај, без потреба. На твоите уши не им дозволувај да слушнат нешто против некого, ниту им дозволувај да слушнат некорисни разговори. Твојата уста да молчи; без потреба никако да не говори.
16.    Возљубени, кога ќе ги читаш овие работи, потруди се да ги извршуваш. Нека ти помага Бог во часовите на искушенијата. Амин.

Извор:

ДОБРПТОЉУБИЕ – Том I

27-ми март 2017 лето Господово

Подготви: Т.С.

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная