логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


2. За покајанието
1. Покајанието е обновување на крштевањето. Покајанието е очистување на совеста. Покајанието е завет со Бога за исправање на нашиот живот. Покајанието е измирување со Господа преку извршување на добри дела, спротивни на поранешните наши гревови. Покајаниеи настануваат поради мрзливост, некои поради напуштањето од страна на Божјата промисла и од згрозувањето на Самиот  Бог. Некој ми има раскажувано, дека во паѓањата, кои ни се случуваат по Божја промисла, се удостојуваме брзо да станеме, зашто Оној Кој нè предава – не му дозволува на демонот на жалоста долго да нè држи во својата власт.
4. Кога раната е уште нова и топла, таа лесно се лекува; застарените и занемарените рани тешко се лекуваат. Тогаш за нивното исцелување потребен е голем труд, сечење, измивање и горење. Многу рани во текот на времето стануваат неисцеливи, „но за Бога сè е можно‘ (Матеј 19, 26).
5. Пред да паднеме во грев бесовите ни го претставуваат Бога човекољубив, а откако згрешиме – непристапно строг.
6. Не верувај му на непријателот, кој по паѓањето во грев ти наштетува, велејќиː „Гледај тоа и тоа да не го направиш, а ова е ништо“. Често и малите дарови го смирувале големиот гнев на судијата (и обратно).


7. Оној што вистински бара да се увери дека направените гревови му се простени, тој секој ден кога не плачел го смета за загубен, макар и да направил во тој ден многу добра.
8. Никој од оние, кои треба да плачат за своите  гревови, да  не ја намалува својата ревност, мамејќи се со мислата дека на смртниот час ќе добие известување за простувањето. Тоа не е сигурно. Пророкот се молиː „Допушти ми да здивнам, пред да заминам и да ме нема веќе‘ (Псал. 38,13), а апостолот велиː „Каде што е Духот Господен, таму има слобода“ (2. Кор. 3,17), - таму има разрешување и простување; таму каде  што е вистинското смирение таму се веригите разврзани. А во кого ги нема овие две работи, тој да не се мами, зашто тој е уште врзан.
9. Оние што живеат во светот, и само тие, се далеку од овие известувања. Но некои од нив, оние што прават милостиња, на својот смртен час увидуваат колку тоа било плодно и корисно.
10. Оној што плаче за себеси, тој нема да биде свесен ни за другите. – Песот, кој е угризан од ѕверот, се разбеснува против него уште повеќе, доживувајќи ја болката од раната.
11. Да се потрудиме да испитаме дали нашата совест престанала да нè изобличува затоа што се задушуваме од злото што го правиме, а не поради тоа што е чиста. Белег на тоа дека сме разрешени од паѓањето еː нашето постојано признавање дека сме должник.
12. Да внимаваме сите, особено ние што сме паднати, да не навлезе во нашето срце погубното учење на безбожниот Ориген. Тоа е нечисто затоа што го истакнувало особено Божјото човекољубие, кое им е особено според желбите на сластољубивите.
13. Во самиот почеток на нашиот подвиг ние ги исповедаме нашите гревови пред нашиот добар судија, пред нашиот духовен отец насамо, а ако тој заповеда, тогаш и пред сите браќа. Зашто тогаш нашите духовни рани, бидејќи објавувани и откривани, не се подлутуваат, туку биваат исцелувани.
14. За време додека се исповедаш, како по твојот надворешен изглед, така и внатрешно, со твоите мисли и чувства, биди како осуден престапник, кој го наведнал своето лице кон земјата, а ако можеш, натопувај ги нозете на својот духовен отец со твоите солзи, како на Самиот Христос.

15. Бесовите обично ни внушуваат кога грешиме или сосема да не се исповедаме пред нашиот духовен отец, или, кога се исповедаме, вината за нив да ја фрламе на други луѓе.

16. Не мами се со духот на вознесувањето и кажувај му ги на твојот духовен отец твоите гревови, не скривај ги; без самопосрамување неможно е да се избавиме од вечниот срам. Откривај ја твојата рана пред лекарот и не срамувај се да му речеш: „Оче, еве, ова е мојата жива рана; неа никој друг не ми ја направил, туку таа е од мојата мрзливост; никој друг не е виновен за неа, ни човек, ни дух, ни тело, ниту нешто друго, туку јас и мојата мрзливост“.

17. Свети Јован Претеча барал исповед од оние што доаѓале кај него да се крстат; тој немал лично потреба од тоа, тој самиот го барал нивното спасение.

18. Ништо толку не им се противи на оние што се кајат како збрканоста од раздразнувањето, зашто покајанието бара големо смирение, а раздразнителноста е знак на големо воздигнување.

19. Сончевиот зрак, кога ќе навлезе во домот низ некаква пукнатина – тој осветлува сè што е во него, така што и најситната прашинка бива видлива; исто така, кога стравот Божји ќе дојде во човечкото срце, - тој му ги посочува сите негови гревови.

20. Како што водата ги измива буквите, така и солзите ги измиваат и очистуваат нашите гревови.

21. Како што, кога нема вода, буквите ги бришат со други средства, така и душата, која е лишена од солзи, своите гревови ги очистува и избришува со жалењето, воздивнувањата и со многуте самоосудувања.

22. Како што новата рана може брзо да биде излекувана, така, напротив, долговремените душевни рани тешко се лекуваат, макар што можат да бидат излекувани.

23. Како што оној кој го погребал својот татко се срамува веднаш потоа да појде на свадбена веселба, така неприлично е и оние што плачат за своите гревови – да бараат во овој свет удобства или чест и слава.

24. Како што живеалиштата на слободните луѓе се разликуваат од живеалиштата на осудените престапници, така и начинот на живеење на оние што плачат за своите гревови треба да биде сосема поинаков од начинот на живеење на невиновните.

25. Чувството на душата е нејзино природно својство, но гревот го задушува тоа чувство. Сознанието предизвикува или прекратување на злото или негово намалување. Сознанието е раѓање на совеста, а совеста е збор и изобличување на ангелот пазител, кој ни е даден на светото крштение. Затоа и забележуваме, дека оние што не се просветени со светото крштевање не биваат толку измачувани за своите лоши дела, колку што се оние што веруваат.

26. Оној што сака да се избави од товарот на своите гревови, да им подражава на оние што седат над гробовите надвор од градот и да не престанува да пролева топли и горчливи солзи, да не ги прекниува безгласните ридања на своето срце сè додека не Го види Христос Исуса како дошол и го дигнал каменот на ожесточеноста на неговото срце и, како четиридневниот Лазар – да го разврзе од неговите гревовни врски и да им заповеда на Своите слуги – на ангелите: „Одвиткајте го (од неговите страсти) и оставете го да оди!“ (Јован 11,44) – кон блажената бестрасност

.Извор: ДОБРОТОЉУБИЕ – Том I

Подготви: Т.С.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная