Животоносен Источник
Патека не ни посла
туку пат отвори,
во плотта наша
Животот да се обнови.
Но во Тебе Пресвета,
Он се смести,
Он на Кого Небесата престол му е,
Патека не ни посла
туку пат отвори,
во плотта наша
Животот да се обнови.
Но во Тебе Пресвета,
Он се смести,
Он на Кого Небесата престол му е,
Како што јадеме леб и пиеме вода секој ден, и живото тело секогаш повторно сака да јаде и да пие, така и душата не се заморува од постојаното благодарење на Бога, но уште повеќе сака да мисли на Него. Исто така, колку повеќе дрва ставаме во огнот, толку повеќе тој се разгорува. Така е и со Бога. Колку повеќе мислиш на Него, толку повеќе се разгорува љубовта и ревноста спрема Него
Цвет не можам да донесам
зошто таква градина немам,
која послана може да биде
од мириси кои срце не ги виде.
Го праша земјата небото
за тебе, о света Евгенијо,
се двоумеше цветот да заспие
а за убавината на душата да не дознае.
Зошто огнот не те согоруваше,
камен, меко тело не дробеше,
зошто душа за вера небесна обручи
а уште лик на светлина пред тебе не се појави ?
Во деновите на цар Ирод, кога во скромна пештера близу Витлеем се роди Спасителот на светот Христос, во источните земји на небото заблеска сјајна и голема, до тогаш невидена ѕвезда. Ѕвездата сјаеше со блескава светлина и полека, но постојано, се движеше во еден правец, таму каде што се наоѓаше Еврејската земја. Ѕвездарите, како што тогаш ги нарекуваа мудреците, веднаш го забележаа новото светило.
Но задачата овде е да се разгледаат можностите и одликите на двата календари - јулијански и григоријански - главно во однос на литургискиот живот на Православната Црква.
Една од основните мерни единици на сите календарски системи е годината. Но, годината како временски период не се одредува еднотипично. Современата астрономија има неколку математички слики на години.
Некогаш ќе разбереш, дека надворешниот сјај не е ништо во споредба со внатрешната убавина. Затоа што сé што е од надворешна страна, постои до првиот дожд. Тоа што е внатре, секогаш гори, дури и да избледи до одвај виден жар. Но, доволно е да ги составиш усните како трубичка и нежно да дувнеш и огнот постепено ќе се разгори и ќе те згрее.
По повод двестегодишнината од раѓањето на Дичо Зограф (1819-2019), вечерва, во 19 часот, во Ликовниот салон на Македонската академија на науките и уметностите ќе биде отворена изложба на негови икони. Изложбата ќе ја отворат претседателот на МАНУ, академик Таки Фити, г.г. Стефан, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, и Сашо Цветковски, научен советник од истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ при МАНУ.
Овој труд е резултат на свештеното секојдневие на Неговото блаженство, дело на неговото архипастирско дело во изминатите 20 години како Поглавар на нашата света Македонска православна црква - Охридска Архиепископија и низ 33-те години како архиереј во епархиите во Македонија и дијаспората.
Промотори на изданието беа академик Витомир Митевски и проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, Декан на Православниот богословски факултет.
Во амфитеатарот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) беше промовирана книгата – проповеди„ Слова за Словото“ 1 и 2, од авторот, Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, а во издание на Книгоиздателството „Матица македонска“. „Слова за Словото“, всушност претставува еден собир на мисли и размисли, на расудувања и поуки, на факти и информации, на
Уште при прво читање, паѓа в очи не само разнородната содржина туку и низа јазични, стилски и композициски обележја кои упатуваат не само на продуховен туку и на широко образован автор со изграден стил и префинет и длабоко осмислен начин на изразување. Меѓу другото, добрите познавачи на беседништвото во антиката и во византискиот свет, тука ќе препознаат многу траги од таа блескава традиција чии носители се славните имиња на
Радувај се, дрво живототворно !
Радувај се, ти кое неплодно – спасение донесе !
Радувај се, ти кое неродно – во живот процвета !
Радувај се, ти кое – без крошна
човечкиот род го засолна !
„Денес мојот син тргнува во училиште. Сѐ ќе му биде чудно и ново и затоа би сакал да бидете нежни кон него. Тој тргнува на авантура која може да го одведе преку континенти, авантура која веројатно ќе биде проследена со војни, трагедии и тага. Да го живее таквиот живот ќе му треба вера, љубов и храброст.