Премин Портал

Кожувчанка

Еве, ќе ви кажам три работи што треба да ги почитувате, за да знаете дека сте луѓе кои можат да се надеваат на спасение:

TVITer382a

1. Да бидете добро исповедани.

Сфаќате ли дека тоа е Света Тајна што нè спасува? Зашто она што вие ќе го разрешите, и Јас го разрешувам! Таа Света Тајна е втемелена во Светото Писмо. И толку! Тие гревови повеќе не се спомнуваат ниту на Страшниот суд, ниту на митарствата. Значи, завршено е! Затоа, добро исповедани.

Зашто, кога човек добро ќе се исповеда, почнува да се преиспитува: „Пцуев, така размислував, го направив тоа…“ Почнува да се испитува до најситните подробности, да го изострува своето внимание, да ги преиспитува своите постапки и да се разоткрива себеси.

Затоа дури ве молам да си ги запишувате гревовите уште кога ќе ги направите, за да не ги заборавите. Не е лесно, зашто сатаната ќе направи да ви исчезне моливот, да немате хартија при себе и на крајот да заборавите.

Што друго да ви кажам? Не оставајте сè само на свештеникот да ве прашува. Тој ве испрашува според одреден редослед и начин на испитување. Но вие ја знаете и најситната подробност на својот грев, знаете и за она што можеби не е опфатено со неговите прашања.

Затоа, бидете добро исповедани. Зашто, кога човек искрено и целосно ќе се исповеда, не може така лесно повторно да греши и може да се надева на своето спасение. Тоа е првото.

2. Настојувајте да бидете спомнувани на светите Литургии.

Зашто, мили мои, честичката со вашето име се става во Светата Крв. Свештеникот ги изговара зборовите:

„Омиј, Господи, со Твојата Света Крв гревовите на овде спомнатите Твои слуги, по молитвите на Богородица и на сите Твои светии.“

Потоа сите честички од дискосот се ставаат во путирот со Светата Крв. И сфаќате ли? Каде и да се наоѓате, било да сте живи или починати, се молат за вас; на Литургијата се спомнуваат и живите и упокоените.

А што ве чини тоа? Настојувајте да бидете спомнувани на Литургијата. Било да ве познава некој свештеник, било да ве познава некој духовник, или, пак, вие, браќа, да поднесувате имиња за спомнување — важно е да бидете спомнувани.

Тоа е сè.

Литургијата не е човечко делоње, мили мои. Ниту ангелско. Таа е непосредно Божјо дело! Зашто не можете вие да го претворите лебот и виното. Тој е Оној Кој Е!

И кога би било можно да се отворат небесата, па дури и покривот над олтарот, на небото не би виделе повеќе светлина и поголем поредок отколку што има во светиот олтар, меѓу ангелите, зашто Христос е со нас.

Имаме дури и една молитва што ја изговараме при Входот:

„И удостој, Господи, со нашиот вход да влезат и ангелите што сослужуваат со нас!“

Значи, свештеникот има власт. Зашто таму е мноштво ангели! Таму е Христос! Зарем со тоа може да си играш?!

Затоа, настојувајте да бидете спомнувани на Литургијата.

3. Вршете милосрдие. Давајте милостина.

О, кога само би знаеле!… И Влахуца вели: „Милосрдието е севкупното Свето Писмо!“ Тоа е нешто најголемо што може да постои. Зашто тогаш покажувате дека љубите.

И ете, тоа е вистинско воспитување. Човеку, ако ти е речено: „Ќе примите стопати повеќе“, не плаши се дека ќе осиромашиш. Сакаш ли да се збогатиш? Давај!

Но, зарем треба да гледаме како да се збогатиме? Мене срцето ме боли за сиромавиот. А тебе не те боли срцето за него? Воопшто?

Еднаш се најдов пред еден просјак, кој немаше нозе и седеше на улица. Тој очекуваше да ги испразнам џебовите, без шега! Но јас немав ништо. Така се случи — немав ништо. Одев пеш, немав пари дури ни за такси.

И му реков:

„Брате, немој да ми се лутиш, немам ништо, но ти ја давам мојата топла рака!“

„О, оче, такво нешто никој досега не ми дал!“

И си реков: „Се снајдов! Победив!“

Ете, сакам да ви кажам: не бидете рамнодушни. И не чекајте само да ги сретнете сиромасите и страдалниците. Барајте ги! Барајте ги, зашто кога ќе ги најдете нив, сте се нашле себеси. Сте се запишале таму, горе.

Спасителот не може да ве заборави. Не може да ве заборави кога вршите такво милосрдие.

И одвојувајте од себе, по секоја цена.

Но, милосрдието не значи само да извадите нешто од торбата. Имаш пријател кој страда, кој минува низ којзнае каква мака, кој е нажален. Му велиш: „Зошто си тажен? Зошто си тажен?“ Го утешуваш и воопшто не го оставаш сам. И тоа значи дека си му направил милосрдие.

Му упатуваш и корисен збор:

„Остави, човеку, не се измачувај толку што ти починал таткото. Остави, мили мој, зашто Бог знае. Не се исцрпувај. Да бидеме спокојни, да го спомнуваме на молитва и да му помогнеме таму горе (зашто можеме да му помогнеме, во согласност со нашиот живот).“

И бидејќи побаравте од мене корисно слово, ќе ви раскажам една кратка приказна.

Еден ученик бил огорчен затоа што неговиот татко, кој лежел на смртна постела, не го благословил, за и тој да се спаси.

Зборовите на благословот што ги добиле сите негови браќа биле овие:

„Спасувај се!“

Тогаш му рекле на таткото:

„Еве, на ученикот не му кажа корисен збор.“

„Повикајте го овде“, одговорил таткото.

И тогаш му рекол онака како што ви кажувам и јас сега:

„Спасувајте се! Спасувајте се!“

Архимандрит Арсениј

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Мај 30, 2026
TVITer29

ЗАДУШНИЦА – ВРСКА НА ЉУБОВТА МЕЃУ ЗЕМЈАТА И НЕБОТО

Во пресрет на Педесетницата, кога Црквата го очекува слегувањето на Светиот Дух и откривањето на својата полнота како Тело Христово,

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Ное 30, 2025 Полезно и Потребно 2200
Patot.na.podviznikot53
Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 3630
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 3671
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

Најново од духовност

☦ Православен календар

Пост

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј  16 ноември /3 ноември /2026

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 16 ноември /3 ноември /2026

На овој ден се празнува преносот на моштите на Св. Георгиј од Никомидија во градот Лида Палестинска, каде што пострада...

Тропар на светиот Христов великомаченик Димитриј 8 ноември/ 26 октомври 2026

Тропар на светиот Христов великомаченик Димитриј 8 ноември/ 26 октомври 2026

Во затворот му се јави ангел Божји и му рече: „Мир на тебе, страдалецу Христов. Биди храбар!“ По неколку дена...

Тропар на светиот апостол Јаков брат Господов  5 ноември/23 октомври  2026

Тропар на светиот апостол Јаков брат Господов 5 ноември/23 октомври 2026

Се нарекува брат Господов затоа што му беше син на праведниот Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица. Кога праведниот Јосиф беше...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная