Надеж
Од кога дознав са себе
Се прашував дали постоиш,
Дали си само спомната во бајките
Или си дел од нас – а само молчиш.
Гледајки ги промените,
Кажуваа дека нема бегање
Од кругот на животот –
Нема да остане ништо од имотот,
Ништо од своината
Нема нешто што смртта не поминала.
Се прашував тогаш
Да не е тоа прелага,
Возможност да постоиме
Но никогаш да не опстоиме.
Се што постои има крај
Заклучок логичен –
Тогаш - нема рај.
Очај се надви
Над главата моја,
Тупост ми претеше нели –
Од таа смеа силна,
Од тоа ликување дрско
На човек да му стане мрско.
Се редеа книги
И писанија разни,
Се менуваа учени
Но сето тоа беа сказни,
Рецепт по рецепт за живот вечен
Терапија за смртта од која треба да бидам лечен.
Јас незнаев – но секогаш ме пратеше
Се сомневав, но ти не се губеше
Тагував – но не очајував
Пагав – но постојано војував.
Се менуваа облаците,
ветровите низ косата ,
ме запозна со Женикот,
кого светот не Го стави во именикот.
Не му придаде значење,
туку го предаде на мачење –
за да те уништи тебе,
соголи силата твоја
замени со очајот беден
кој само на пеколот му е вреден.
О надеж моја,
О крила ангелски,
Кога и последни искри занемуваат
Љубовите со тебе не нахрануваат,
Ликовите тогаш се откриваат
Името твое го призиваат.
Лагата бега, занемува
Вечноста нас ни се открива -
Ти си занавек соединета
Од него излезе и во Него се вракаш
Еден целосен спој
Кој е Спасителот мој.
Од богољубивата поезија „Манастирски води“ на сестринството од Слепченскиот Претеченски манастир
Друго: