Духот
Трета мисла
Ме следиш
Како роса утринска
При небесна ведрина,
Никогаш не се двоумиш
Близок,
За Таков те знам
И така Име Ти изговарам
Срамежливо, испрекинато,
Дрзок да не бидам
Кога не Те спомнувам
Во мисли расеани,
За Твое постоење заборавам
Денови одолговлекувам кратки
Духу на вистината
Кој си насекаде и се исполнуваш -
Против Тебе најмногу се војува –
Човек вера во религија претвора
Искривува страста учење
Како светлина во призма прекршена,
Не сака лага да има будење
Затоа близу до вистина престојува
Зарем чекав и овој ден
Да доживеам крај неразбуден,
Но не оставај да не бидам напоен
Со поглед кон далечина неизненаден
Мисла во тежина
Нека остане
Напор да донесе свежина
Кога утро нема да осамне
Уште блиска ноќна идила
Да надополни денска празнина,
Часови да прослават
Радост која не ме одмина
Сопатничка она ми стана
Во секој миг кој на Тебе ме потсетува
Поттик дава на силава
Лага да фрли во вртлог на вистина.
Духу на вистината ...
Од стихозбирката Манастирски води на сестринството од Слепченскиот Претеченски манастир
12-ти јуни 2018 лето Господово
Друго: