Песна
Одговор
Која ли свесност имаме
Во кого надеж вложуваме ?
Помали сме од бубамара
На која и поставиле препрека
Но она може барем да полета.
Жална ли елегија ќе пишувам за себе
Или ќе се поттикнувам на будење,
Ќе продолжи ли животот без мене
Или ќе излезам од ова чмаење ?
Би сакал благодарност да изразам
За сите утехи кои не ги поимам
За сите поткрепувања кои не ги разбирам
За целото внимание кое не го гледам
За целата заштита која не ја заслужувам.
И сега ?
Да Те восфалувам и издигам до небото
Зборови да барам неискажани за Тебе
Да кажувам на светот колку би болело
Кога Ти не би се грижела за мене.
Зарем сум по речит од златоустите
Зарем попевлив од слаткопојците
Поиздржан од канонарсите
Подлабок од живописците
Поторжествен од Ангелите –
Дознав сега – точно сега
Јас сум МАЛ,
Иако од овај кострет не се бега
И мене Бог душа ми дал.
А Ти да ме водиш за рака
Преку свиоци на умот мој
Преку воздишки и секоја мака
До место кое ми го приготвил Тој.
А сега прими малку зборови
Не се цветови – не припремив градини
Не се дворови – не најдов камења достојни
Туку влажни капки
Налик на солзи мали
Светнати во детски очи
Подигнати во росна пајажина.
За да бидат обвивка на Твојот врат
Во себе да носат шепот благ –
Јас немам што друго да ти подарам
Освен едно - БЛАГОДАРАМ
Од богољубивата поезија „Манастирски води“ на сестринството од Слепченскиот Претеченски манастир
Друго:
13-ми април 2018 лето Господово
ПП