Некогаш ќе разбереш, дека има луѓе кои никогаш не изневеруваат, но за да дојде до тоа треба да се помине низ многу изневерувања.
Некогаш ќе разбереш, дека надворешниот сјај не е ништо во споредба со внатрешната убавина. Затоа што сé што е од надворешна страна, постои до првиот дожд. Тоа што е внатре, секогаш гори, дури и да избледи до одвај виден жар. Но, доволно е да ги составиш усните како трубичка и нежно да дувнеш и огнот постепено ќе се разгори и ќе те згрее.
Некогаш ти ќе разберш, дека многу формули и афоризми кои си ги сретнал во светот околу тебе, се празни, па нека се и убави, множество зборови, но ништо повеќе. Важни се само оние вистини до кои ти самиот си дошол.
Еден ден ќе разбереш, дека добрината, нежноста, наклонетоста и грижата се појава на внатрешна сила, а не на слабост.
Подготви: Снежана Корнет
8ми декември 2019 лето Господово