Среќна нова
Утрото ме стигна –
ете она кое нова надеж долева,
очи неуморни трагаат
блискост за душа бараат.
Нови средби очекува,
човекот кој не прифаќа судбина
знае, се надева,
дека и во оваа нова година
како и во секоја одмината,
среќата – средба со Тебе претставува.
Долевај ми од присутноста
љубов врз глава зашеметена,
па да споделам со близината
и да испратам во далечината.
Среќна нова!
Од богољубивата поезија „Манастирски води“ на сестринството од Слепченскиот Претеченски манастир
Друго: