Духот
единаесетта мисла
Кон кого очи да подигнам
Голотија да покажам,
Кон кого рака да испружам
Рака празна од која се срамам
Дали кон Тебе Спасителе
Кој ми даде лесно бреме
Или на Тебе Творче Седржителе
Кој во мугрите и мене ме виде
Глас да произнесам
Подигнат над вис висина,
Духот да го побарам
Да паднам под Негова закрила
Умудри ме
Не давај недостоен да пропадне,
Со утеха закрили ме
Пред срце да ми се раскине
Тежина оваа да ја поднесам
на нејзино чело сака да се напише,
Ненавидникот гладен да не го нахранам
Да не се прочита – разделени сме
Еден со друг
Преку дурбин се гледаме
Наместо напред, само во круг,
За пекол подлога постанавме
Не, не се откажувам
Се додека здив не испуштам
На Твои полиња ќе работам
Ваков, никаков, таму ќе Те чекам
Духу на Вистината…
Од богољубивата поезија „Манастирски води“ на сестринството од Слепченскиот Претеченски манастир
Друго: