Најбогат дар за Божиќ од најсиромашните
Тато беше починат пред 5 години во една несреќа во рудникот. Еден месец пред Божиќ, нашиот свештеник нѐ извести сите, дека планира да направи една хуманитарна акција за најсиромашното семејство во црковната општина. Побара од сите за време од еден месец да заштедиме неколку пари за да ги подари на таа фамилија. Се мислевме што можевме да направиме ние четирите. Планот на мама беше да јадеме цел месец само компири.