РЕЦЕНЗИЈА
на книгата на Иларион Алфеев „Животот и учењето на св. Григориј Богослов“.
Со големо внимание и со растечки интерес ја прочитав книгата на отецот јеромонах Иларион (Алфеев) за севти Григориј Богослов.
Според својот пристап, оваа книга претставува редок пример за придонес не само во нашето богословско познание на еден од најголемите светители на Православната Црква, туку и откривање на неговата личност како човек.
Мошне често трактатите посветени на големите богослови го оставаат на страна нивниот духовен раст „од сила во сила“, со што кај читателот се создава лажен впечаток дека богословте се издигнале во височините на богопознанието на широки, силни крилја. Всушност, патот на сите богослови бил сложен: затрупан со прашањата на нивното време, поврзан со особените својства на нивното душевно и умствено устројство, тој пат во голема мера зависел од богодадените средби и барања на Вистината во самраците на философската и богословската мисла на нивното време. Тие не успевале веднаш да најдат одговори не само на прашањата произлезени од нивните лични длабоки доживувања или, пак, поставени од нивните современици во рамките на самата христијанска заедница, туку и на прашањата коишто упорно се поставувале како резултат на мисловните излети и визии на нивните современици припадници на нивните, но и на „надворешните“ редови.
Книгата на отецот Иларион со восхитувачка јаснотија ни го открива внатрешнот пат на светителот и неговто постепено и сè појасно согледување на Вистината.
Во нашето време, кога пред секој верник, а со самото тоа и пред сета Црква, се издигаат прашања никнати од длабочините на црковното сознание, но и поставени од светот потонат во агонија и заблуда, и кој очајно бара одговори што би му биле достапни и разбирливи ние, верниците, сме должни да научиме внимателно да ги ислушаме прашањата не само на нашите истоверни, туку и на оние луѓе коишто се надвор од црковното искуство и коишто нè молат да им одговориме на достапен јазик на прашањата коишто тие имаат право да ги постават и на кои сме должни да одговориме творечки и со љубов.
Се надевам дека многумина ќе го вреднуваат придонесот направен од отецот Иларион во нашето поимање на патот на православното богословие преку текстовите на св. Григориј Богослов.
Митрополит Сурошски Антониј
Драган Михајловик