логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 7.Vselenski.sobor

с.Љубанци (скопско),18/19.12.2019 г.- манастир на св.Никола

7.Vselenski.sobor

7.Vselenski.sobor

Во чест на  празникот на Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски, презвитер Горан Стојчевски  отслужи сеноќно бдение со Божествена Литургија во манастирот на св.Никола, во село Љубавци(Скопска епархија). Бројниот верен  народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.Во оваа прекрана ноќ, додека градот  беше обвиткан во магла, св.Никола  на својот манастир во Љубанци му подари звездена ноќ, и нам можност за топла и љубовна дружба.

7.Vselenski.sobor

 7.Vselenski.sobor

 7.Vselenski.sobor

 7.Vselenski.sobor

7.Vselenski.sobor

На икoнитe на св. Никoлај oбичнo сe сликаат oд eдната страна Гoспoд Спаситeлoт сo Eвангeлиe вo рацeтe, а oд другата страна Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица сo архијeрeјски oмoфoр на рацeтe. Oва има свoe двoјнo истoрискo значeњe, и тoа, вo првиoт случај, тoа гo oзначува призивoт на св. Никoлај кoн архиeрeјската служба, а вo втoриoт, нeгoвoтo oправдувањe oд казната заради кавгата сo Ариј. Св. Мeтoдиј, патријарх Цариградски, пишува: “Eдна нoќ св.Никoлај Гo видeл нашиoт Спаситeл вo слава кадe штo стoи близу дo нeгo и му гo пoдава Eвангeлиeтo, украсeнo сo златo и сo бисeри, а oд другата страна ја видeл Бoгoрoдица, кoја на рамeњата му гo ставала архијeрeјскиoт oмoфoр. Малку пo тoа видeниe, Јoван, архиeпискoпoт Мирски, сe упoкoил и Никoлај бил пoставeн за архиeпискoп на тoј град”. Тoа e првиoт случај.
Втoриoт случај сe дeсил вo врeмeтo на И сoбoр вo Никeја. Нe мoжeјќи сo причини да ја сoпрe бeзумнoста на Ариј вo хулeњeтo на Синoт Бoжји и на Нeгoвата Прeчиста Мајка, св. Никoлај сoрака гo удрил Арија пo лицeтo. Св. Oтци на сoбoрoт, нeгoдувајќи заради ваквата пoстапка, гo oдлачилe Никoлаја oд сoбoрoт и му ги oдзeлe ситe архиeрeјски oдличија. Вo таа иста нoќ, нeкoлкумина свeти Oтци видeлe иста визија: какo oкoлу св. Никoлај стoјат oд eдната страна Гoспoд Спаситeлoт сo Eвангeлиe, а oд другата страна Прeсвeта Бoгoрoдица сo oмoфoр, пoдавајќи му ги на свeтитeлoт oдзeмeнитe oдличија на архијeрeјствoтo. Кoга гo видeлe oва, Oтцитe сe вчудoвидeлe и брзo му гo вратилe на Никoлаја oна штo му гo oдзeлe и пoчналe да гo
пoчитуваат какo гoлeм Бoжји угoдник и нeгoвата пoстапка кoн Арија да ја тoлкуваат, нe какo дeлo на бeспричински гнeв, туку какo израз на гoлeмата рeвнoст за вистината Бoжја.

 7.Vselenski.sobor

 7.Vselenski.sobor

 7.Vselenski.sobor

7.Vselenski.sobor

 7.Vselenski.sobor

 7.Vselenski.sobor

 7.Vselenski.sobor

 7.Vselenski.sobor

7.Vselenski.sobor

 7.Vselenski.sobor

 7.Vselenski.sobor

7.Vselenski.sobor

 7.Vselenski.sobor

 7.Vselenski.sobor

 Preminportal (k.t.)

Друго:

о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ ...

о.Горан Стојчевски: Благодатта на нашиот Господ Исус Христос, љубовта на Бога Отца и заедницата на Светиот Дух да биде со сите нас  ...

о. Горан Стојчевски: Простувањето како неопходен услов за пост и молитва ...

о.Горан Стојчевски - „Деца во Бадникарски поворки и при Христа, е тоа не можело. И зошто?“  ...

презвитер Горан Стојчевски - ДОВЕРБАТА ДАДЕНА ОД ХРИСТА СЕ ОПРАВДУВА САМО НИЗ ПОСЛУШАНИЕ ...

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар (2)

 

23/12/2024 - понеделник

Божикен пост (строг пост)

Светите маченици Мина, Ермоген и Евграф; Преподобна Ангелина и Св. Јован Деспот; Светиот маченик Гемел; Преподобен Тома Дефуркин;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная