Скопје, 22.12.2019 - храм на св. Јован Крстител, н. Капиштец
(27 Недела по Педесетница)
Свето евангелие според светиот апостол Лука 13:10-17
Зачнувањето на Света Ана
На 22ри декември .2019 година, во дваесет и седмата недела по Педесетница, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија го прославува споменот на Зачнувањето на Света Ана, Света Ана, мајката на Пророкот Самуил, во храмот посветен на св. Јован Крстител, во скопската населба Капиштец, свештеникот Славчо Костадиновски во сослужение на ѓаконот Игор Трпкоски, отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На крајот на Литургијата отецот произнесе празнична беседа.
„Лажното пријателство, лажната побожност, лажното добродетелство, лажните сведоштва се зли дела, кои на Господа не му се мили, а пак, фарисеите биле најмногу познати токму по својата дволичност, и оттаму дволичноста, според нив, се нарекува и фарисејство, иако самата дволичност никогаш не е еднострана појава, туку претставува целокупен сплет на гревови.
Драги браќа и сестри, и ние, честопати се наоѓаме во слични ситуации, во каква што се беше нашол старешината на синагогата. И ние, не сакајќи да им се спротивставиме на некои наши користољубиви искушенија, чиниме неправди, одејќи по патот на невистината и застанувајќи во заштита на неправдата. А тоа, благочестиви, е катастрофално погубно за секој човек. Треба да бидеме искрени, тешко ни е да се одречеме од нешто што ни донесува краткотрајна полза, а ја отфрламе Божјата правда и чиниме неправда. Забораваме дека Божјата правда не може да се одбегне. Тука нема избор. Секој ќе одговара и ќе треба да положи сметка за извршеното недело.“(Извадок)
Преминпортал (к.т.)
Друго:
- Божествена Литургија во храмот на св. Јован Крстител, Скопје (29.07.2018)
- Славчо Костадиновски: ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА (16.07.2017) ...
- Божествена Литургија во храмот на св.Јован Крстител, н.Капиштец (16.05.2017)