Скопје, 16-ти јули 2017 лето Господово - храм на св. Јован Крстител,
на празникот на Светиот маченик Јакинт,Свети Анатолиј, патријарх Цариградски
На16.07.2017 година, во петата недела по Педесетница, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија го прославува споменот на Светиот маченик Јакинт,Свети Анатолиј, патријарх Цариградски, во храмот посветен на св. Јован Крстител, во скопската населба Ккапиштец, свештеникот Славчо Костадиновски отслужи Божествена Литургија.Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата, отецот произнесе празнична беседа.
„Овој ден го празнуваме чудото на нашиот Спасител Господ Исус Христос, што го направил над слепородениот. И во ова чудо, Спасителот ја користел водата како лек, слично со жената самарјанка и раслабениот. Христос му рекол на слепиот, кој бил таков и роден, да отиде во бањата Силоам и да се измие за да прогледа. Учениците го прашале: „Учителе кој згрешил, тој или родителите негови?" Бидејќи кога Христос го излекувал фатениот му рекол: „Еве сега си здрав и не греши повеќе"... Но Христос им вели дека сега не е од тие причини, туку да се јават делата на славата Божја. Односно, да го потврди Он Неговото Божество. Бањата се викала Силоам, што во превод значи „ИСПРАТЕН", а тој извор бил отворен по молитвите на пророкот Исаија, и секогаш кога некој човек ќе бил испратен од прор. Исаија тој имал вода, а кога ќе дошле војниците кои биле поробители на Еврејскиот народ, тој извор пресушувал. Затоа и Христос го испратил во Свое име, односно во име на Бога....“
Преминпортал (к.т.)
Друго:
- Божествена Литургија во храмот на св. Јован Крстител, н.Капиштец (28.02.2016)
- Славчо Костадиновски: ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА (16.07.2017)