БИЛАТЕРАЛНА СРЕДБА СО ДИРЕКТОРОТ НА УПРАВАТА ЗА СОРАБОТКА СО ЦРКВИТЕ И ВЕРСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ НА РЕПУБЛИКА СРБИЈА
Директорот на КОВЗРГ, г. Даријан Сотировски оствари билатерална средба со г-дин д-р Милета Радојевиќ - Директор на Управата за соработка со црквите и верските заедници на Р. Србија.
На ден 09. 12. 2019 година Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), г. Даријан Сотировски во Белград оствари билатерална средба со Директорот на Управата за соработка со црквите и верските заедници на Р. Србија - г-дин д-р Милета Радојевиќ, со што званично започна дводневна работна посета на Република Србија.
На средбата се разговараше за продлабочување на соработката помеѓу двете држави во сферата на верските прашања, за размена на искуства, како и за прашања околу заштитата на културното наследство.
За време на средбата заеднички делегациите го посетија и храмот во изградба „Свети Сава“, кој се очекува да биде еден од најголемите и најпрезентативни храмови во Европа.
Со ова средба беше прекинат повеќедеценискиот период на отсуство на било каква соработка на двете држави во верската сфера.
Извор: