ПЕТОК ВО ШЕСТАТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (07.04.2017)
ирмос:Каменот, Кого Го отфрлија ѕидарите, глава од аголот постана. Тој е камен, врз Кого Христос Црквата ја утврди, од нежнабожците искупувајќи ја.
Чудо надумно и преславно: Создателот на сѐ, не од незнаење, а како да незнае прашуваше: каде лежи оној, кого го оплакувате? Каде е погребен Лазар, кого наскоро од мртвите вам ќе ви го воскреснам?