логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Нови книги во издание на библиотеката,,Небесни цветови" при манастирот св. Атанасиј Велики

За дистрибуција на книгите можете да се информирате на:

- Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или тел. 078 384 867

- во Струмица:  тел. 075 490 655

-во Скопје: тел.  070 276 721

Цена:  300  ден.

п.с-  За секое проширување на  мрежата на дистрибуцијата на книгите, ќе ја надополнуваме оваа информација

Ве известуваме дека книгата ќе биде изложена за продажба на штандот на  Македонската православна црква на годинешниот 29-ти МЕЃУНАРОДЕН САЕМ НА КНИГАТА, кој ќе се одржи од 04. 04. 2017 -  10. 04. 2017 година, на Скопскиот саем.

 

 

 АСКЕТСКИ ОПИТИ - Книга ПРВА

СОДРЖИНА:
-Предговор
-За следењето на Господ нашиот Исус Христос
-За покајанието
-За видувањето на Христос
-За читањето на Евангелието
-За читањето на светите Отци
-За оддалечувањето од читање книги кои во себе содржат лажно учење
-Вистина и Дух
-За љубовта кон ближниот
-За љубовта кон Бога
-За постот
-За молитвата - Прв дел
-За молитвата - Втор дел
-Осумте главни страсти, со нивна поделба и ограноци
-За добродетелите кои стојат наспроти осумте главни гревовни страсти
-Дневен Апостол 1-ви Февруари 1840 година
-Размислување за верата
-Градина во време на зима
-Дрвото во зима пред прозорецот на ќелијата
-Мисла на брегот на морето
-Молитва на прогонетиот човек
-Гробишта
-Глас од вечноста (Мисла на гробот)
-Учење за плачот на Преподобниот Пимен ВеликиЗА ИСУСОВАТА МОЛИТВА
Разговор на старецот со ученикот
-Прв дел
За Исусовата молитва воопшто
-Втор дел
За прелеста
-Трет дел
За практикувањето на Исусовата молитва

За покајанието

,,Покајте се и верувајте во Евангелието! Покајте се, зашто се приближи Царството Небесно!” (Мк. 1, 15, слично со Мт. 4, 17). Тоа биле првите зборови од проповедта на Богочовекот. Истите тие зборови Он ни ги говори и сега, со посредство на Евангелието.

Кога гревот најмногу се засили во светот – во светот се симна сесилниот Лекар. Он се симна во земјата на прогонството, во земјата на нашите страдања и маки, кои претходат на вечните маки во адот, да го благовести избавувањето, радоста, исцелението на сите луѓе без исклучок. ,,Покајте се!”

Силата на покајанието се основа на силата Божја: Лекарот е семоќен – и лекот кој Он го дава е семоќен.
Тогаш, во времето на Својата проповед на земјата – Господ ги призивал на исцеление сите кои боледувале од гревот, и никаков грев не го сметал за неисцелив. И сега Он продолжува да ги повикува сите, да ветува и дарува простување на секој грев, исцеление на секоја духовна немоќ и гревовна болест.

О, туѓинци земни! О, сите вие, кои брзате или се влечете по широкиот пат, со незамолчаливиот шум на земните грижи, забави и веселби, по цвеќиња, помешани со бодликави трња, вие кои брзате по тој пат кон крајот, кој на сите им е познат и кој сите го заборавате – мрачниот гроб, и уште помрачната и пострашна вечност, запрете! Оттргнете се од прегратката на светот, кој постојано ве држи во плен и заробеништво! Послушајте го она што ви го објавува Спасителот, обратете внимание на Неговите зборови! ,,Покајте се и верувајте во Евангелието”, ви говори Он вам, ,,покајте се, зашто се приближи Царството Небесно.”
Крајно ви е потребно вам, земните скитници, да обратите потполно внимание на тоа суштествено полезно, спасително советување: инаку ќе стигнете до гробот, ќе стигнете до прагот и вратата на вечноста, не стекнувајќи никакво правилно сфаќање ни за вечноста, ни за должностите на оној кој стапува во неа, приготвувајќи за себе во неа единствено праведна казна за вашите гревови. Најтежок од гревовите е – невниманието кон зборовите на Спасителот, занемарувањето на Спасителот. ,,Покајте се!”

Лажливиот, обманлив пат на земниот живот: за оние кои го почнуваат, тој претставува бесконечно поприште (бојно поле), исполнето со реалност; за оние кои го завршуваат – најкраток пат, украсен со празни сновиденија. ,,Покајте се!”

И славата, и богатството, и сите други гнилежни стекнувања и надмоќности, за чие стекнување ослепениот грешник го употребува сиот свој земен живот и сите сили на душата и телото, тој мора да ги остави во оние момент во кои од душата насилно се соблекува нејзината одежда – телото, и кога невидливите ангели ја водат душата на судот на праведниот Бог, Кој таа не го знае, Кој го занемарувала. ,,Покајте се!”
Луѓето се трудат, брзаат да се обогатат со сознанија, но сознанија малку важни, погодни само за привремено, кои оспособуваат за задоволување на потребите, удобностите и барањата на земниот живот. Познанието и делото коишто ни се суштински потребни, заради кои единствено и ни е даруван нашиот земен живот – познанието на Бога и помирувањето со Него, при посредство на Искупителот – ние потполно ги презираме. ,,Покајте се!”
Браќа! Да се загледаме, без пристрасност, при светлината на Евангелието, во нашиот земен живот. Тој е ништовен! Сите негови блага му се одземаат со смртта, а често и многу пред смртта, во разни неочекувани околности. Тие тлености се недостојни, како блага кои толку брзо исчезнуваат, да се нарекуваат блага! Тие побрзо се – лаги, мрежи. Тие кои ќе впаднат во тие мрежи, и кои во нив ќе се заплеткаат, се лишуваат од вистинитите, вечни, небесни, духовни добра, коишто се достигнуваат со вера во Христос и со следењето на Него по таинствениот пат на евангелскиот живот. ,,Покајте се!”

Во какво страшно слепило сме ние! Колку тоа слепило очигледно го докажува нашиот пад! Ние ја гледаме смртта на нашите браќа; знаеме дека и нам неизбежно, и можеби многу брзо таа ни следува, затоа што никој од луѓето не останал засекогаш на земјата; ние гледаме многумина, и пред смртта, дека ги изневерила земната среќа, дека таа често се претвора во несреќа, слично на секојдневно вкусување на смртта. Не погледнувајќи на тоа, толку јасно сведоштво од самиот опит, ние трчаме за минливи блага, како да се постојани, како да се вечни. Сето наше внимание е завртено кон нив! Заборавен е Бог! Заборавена е величествената и воедно грозна вечност! ,,Покајте се!”

Ќе н# изневерат, браќа, неизбежно ќе н# изневерат сите гнилежни блага: богатите ќе ги издаде нивното богатство, славните нивната слава, младите нивната младост, мудрите нивната мудрост. Само едното вечно, суштествено благо човекот може да го стекнува во време на земното туѓинување: вистинското Богопознание, помирување и соединување со Бога, коишто ни ги дарува Христос. Но заради добивање на тие највиши блага потребно е да се остави гревовниот живот, потребно е да се намрази тој. ,,Покајте се!”
,,Покајте се!” Што значи да се покаеш? Значи: да се признае, да се раскае за своите гревови – одговорил некој велик свет Отец на тоа прашање – и повеќе да не се враќа на нив . На тој начин многу грешници се претвориле во светии, многу беззаконици во праведници.

,,Покајте се!” Отфрлете ги од себе не само јавните гревови – убиството, разбојништвото, блудот, клеветата, лагата, туку и погубните задоволства, телесните наслади, злосторничките мечтаења и беззаконите помисли – с#, с# што е забрането во Евангелието. Поранешниот гревовен живот измијте го со солзите на искреното покајание.
Не говори си на самиот себе во униние и душевна раслабеност: ,,Јас паднав во тешки гревови; јас со долготрајниот гревовен живот стекнав гревовни навики: тие со текот на времето ми станаа како природни својства, го направија покајанието невозможно за мене.”  Тие мрачни мисли ти ги сугерира твојот непријател, кого с# уште не го забележуваш и не го поимаш : тој ја знае можноста за покајание, тој се плаши покајанието да не те истргне од неговата власт – и се труди да те одвлече од покајанието, припишувајќи Му на Божјиот семоќен лек немоќ.

Востановител на покајанието е твојот Творец, Кој те создал од ништо. Уште полесно, Он може да те пресоздаде, да го промени твоето срце: да направи срце Богољубиво од срце гревољубиво, да направи срце чисто, духовно, свето, од срце сетилно, плотско, злонамерно, сладострастно.

Браќа! Да ја познаеме неискажливата љубов Божја спрема паднатиот човечки род. Господ се вочовечи за, преку вочовечувањето да си овозможи Себеси да прими на Себе казна, која луѓето ја заслужија, и со казната на Сесветиот да ги искупи виновниците од казната. Што го привлекло Него кон нас, овде, во земјата на нашата изгонетост? Нашата ли праведност? Не! Него го привлекла кон нас онаа бедна состојба во која не довела нашата огревовеност.

Грешници! Да се охрабриме. За нас, имено за нас, Господ го извршил великото дело на Своето вочовечување; Он погледна на нашите болести со непоимлива милост. Да престанеме да се колебаме! Да престанеме да унинуваме, да паѓаме со духот и да се сомневаме! Исполнети со вера, срдечност и благодарност, да пристапиме кон покајанието: со негово посредство ќе се помириме со Бога. ,,И грешникот, ако се одврати од сите свои гревови, какви што правел, ако ги пази сите Мои уредби и постапува законски и праведно, ќе биде жив, нема да умре, сите негови престапи, што ги правел, нема да му се спомнуваат; во правдата своја, што ќе ја врши, тој ќе биде жив” (Ез. 18, 21-22). Такво ветување му дава Бог на грешникот, со устите на Својот велик пророк.

Да одговориме, според нашите слаби сили, на великата љубов Господова спрема нас, онака како што на љубовта на Создателот можат да одговорат Неговите созданија, и тоа паднати созданија: да се покаеме! Да се покаеме, не само со устите; да го посведочиме нашето покајание не само со малкубројни, кратковремени солзи, не само со надворешно учество во црковните Богослужења, во исполнување црковни обреди, со што се задоволувале фарисеите. Да принесеме, покрај солзите и надворешната побожност, и достоен покаен плод: да го замениме гревовниот живот со евангелски живот.
,,Зошто да умирате, доме Израилев!?” (Ез. 18, 31). Зошто вие христијаните погинувате, од вашите гревови, во вечна смрт? Зошто со вас се полни адот, како во Црквата да не е веќе воспоставено сесилното покајание? Тој бесконечно добар дар даден му е на домот Израилев – на христијаните – и во кое било време од животот, какви и да се гревовите, тоа делува со еднаква сила: го очистува секој грев, го спасува секој којшто прибегнува кон Бога, макар тоа било во последните, предсмртни минути.

,,Зошто да умирате, доме Израилев!?” Христијаните завршно умираат во вечна смрт, затоа што сето време на земниот живот се занимаваат само со нарушување на заветот на Крштението, само со служење на гревот; тие погинуваат затоа што ни на најмало внимание не го удостојуваат Словото Божјо, коешто им објавува за покајанието. Во самите претсмртни минути, тие не умеат да ја исползуваат семожната сила на покајанието! Не умеат да се исползуваат, затоа што не добиле никакво сознание за христијанството, или добиле сознание крајно недоволно и нејасно, кое мора да се нарече побрзо потполно незнаење, отколку некакво сознание.
,,Жив сум Јас, вели… Господ” ‒ како да е принуден да го засили уверувањето пред неверниците, и да побуди внимание кај невнимателните ‒ ,,жив сум Јас, вели… Господ: Јас не ја посакувам смртта на грешникот, туку грешникот да се одврати од својот пат и да остане жив… зошто да умирате вие, доме Израилев!?” (Ез. 33, 11).
Ја знаел Бог човечката слабост, знаел дека тие (луѓето) и после Крштението ќе паѓаат во согрешенија: и заради таа причина Он во Својата Црква го востановил таинството Покајание, со кое се очистуваат гревовите направени после Крштението. Покајанието мора да го следи вера во Христос, да му претходи Крштение во Христа; а после Крштението тоа (покајанието) го исправа нарушувањето на должноста на оној кој поверувал во Христос и се крстил во Христос.

Кога многумина од Ерусалим и целата Јудеја слегувале кај Јован, проповедникот на покајанието, на Јордан заради крштение, тие му ги исповедале своите гревови – се исповедале не затоа, како што забележува еден свет писател , што светиот Крстител имал потреба да ги знае согрешенијата на оние кои му доаѓале, туку затоа што за силата на нивното покајание било неопходно со чувството на жалење заради паѓањето во гревови да се соедини исповедањето на гревовите.

Душата која знае дека е должна да ги исповеда своите гревови – говори истиот тој свет Отец – со самата таа мисла, како со узда, се воздржува од повторување на поранешните согрешенија; а спротивно на тоа, неисповеданите гревови, како да се извршени во мрак, лесно се повторуваат.
Со исповедањето на гревовите се раскинува дружењето со гревовите. Омразата спрема гревот – знак на вистинско покајание – е решеност да се води добродетелен живот.
Ако си стекнал навика кон гревовите, тогаш почесто исповедај ги – и набрзо ќе се ослободиш од гревовното ропство, лесно и радосно ќе Го следиш Господ Исус Христос.
Оној кој постојано ги издава своите пријатели, нему пријателите му стануваат непријатели, се оддалечуваат од него, како од предавник, којшто ја сака нивната вечна погибел: оној кој ги исповеда своите гревови, тие од него заминуваат, затоа што гревовите се основаат и засилуваат на гордоста на паднатата природа, не трпејќи изобличување и срам.
Кој во надеж на покајание си дозволува себеси да згреши доброволно и намерно: тој лукаво постапува во односот спрема Бога. Оној кој греши доброволно и намерно, во надеж на покајание, неочекувано го погодува смртта, и нему не му се дава време кое тој планирал да го посвети на добродетелите.

Со таинството Исповед решително се очистуваат сите гревови, направени со збор, дело и помисла. За од срцето да се избришат гревовните навики, кои во него се вкорениле, во текот на долго време; неопходно е време, неопходно е постојано пребивање во покајание. Постојаното покајание се состои во постојана скрушеност на духот, борба со помислите и чувствата во кои се разоткрива гревовната страст сокриена во срцето, зауздување на телесните чувства и стомакот, смирена молитва, честа исповед.

Браќа, ние со доброволниот грев ја изгубивме светата непорочност, која е неспоредлива не само со гревовното дело, туку дури и со познавањето на злото – непорочност, во чиј духовен сјај сме доведени во постоење од рацете на Создателот. Ние сме ја изгубиле и таа непорочност која сме ја добиле при новото воссоздавање со Крштението; ние на патот на животот со различни гревови ги извалкавме своите ризи, кои ги избели Искупителот. Ни остана уште една вода за миење – водата на покајанието. Што ќе биде со нас кога ќе го занемариме и тоа измивање? Ќе ни се случи да застанеме пред Бога со души обезобразени од гревот – и Он страшно ќе погледне на осквернетата душа, ќе ја осуди на вечна мака (огнот геенски).

,,Измијте се, - им говори Бог на грешниците, - очистете се, иставете ги од очите Мои лошите дела свои, престанете да правите зло. Тогаш дојдете и ќе се пресуди.” Со што се завршува тој суд Божји, суд на покајание, на кој Бог непрестајно го повикува грешникот, во време на неговиот земен живот? Кога човекот ќе ги осознае своите гревови, ќе се реши на искрено покајание и исправање: тогаш Бог го решава Својот Суд со човекот, со следното решение: ,,Гревовите ваши да се и алово црвени - како снег ќе ги побелам; да бидат црвени и како пурпур - како волна ќе станат бели” (Ис. 1, 16, 18).
Ако христијанинот повторно покаже немарност спрема тој милостив, последен повик Божји: нему Бог му објавува вечна погибел. ,,Божјата благост, - говори апостолот, - те води кон покајание” (Рим. 2, 4). Бог ги гледа твоите согрешенија: Он долготрпеливо гледа на согрешенијата кои ги правиш пред Неговите очи, на низата согрешенија од кои се образувал сиот твој живот; Он го чека твоето покајание, и воедно остава на твојата слободна волја да избере твое спасение или погибел. И добрината и долготрпението Божјо ти ги злоупотребуваш! Во тебе нема исправување! Твојата немарност се засилува! Во тебе се засилува и занемарувањето на Бога и твојата вечна судбина! Ти се грижиш само за умножување на своите гревови, на поранешните согрешенија им додаваш нови и двојно поголеми согрешенија! ,,Поради твојата тврдокорност и непокајаното срце си собираш гнев за денот на гневот, кога ќе се открие праведниот суд од Бога, Кој секому ќе му даде според неговите дела: живот вечен на оние кои со трпение во добрите дела бараат слава, чест и бесмртност; јарост, пак, и гнев на оние што &  се непокорни на вистината, а &  се покоруваат на неправдата. Мака вечна и тага вечна за секоја душа човечка која прави зло” (Рим. 2, 5-9). Амин.


За постот

Глава на добродетелите е молитвата, нивна основа е постот.
Пост е постојана умереност во храната, со благоразумна строгост во неа.
Горд човеку! Ти мечтаеш толку многу и високо за твојот ум, а тој е потполно и нераскинливо зависен од желудникот.
Законот за постот, кој наизлед е закон за цревата, всушност е закон за умот.
Умот, тој цар во човекот, ако сака да ги преземе правата на своја самодржавност и да ги сочува, мора пред с# да се потчини на законот на постот. Само тогаш тој ќе биде постојано бодар и светол; само тогаш тој ќе може да владее над желбите на срцето и телото; само со постојана трезвеност тој може да ги изучува евангелските заповеди и да ги следи. Основа на добродетелите е – постот.
На тукушто создадениот човек, воведен во рајот, дадена му е единствена заповед, заповед за пост. Секако, дадена е една заповед затоа што таа била доволна да го сочува првосоздадениот човек во неговата непорочност.
Заповедта не говорела за количината храна, само го забранувала составот. Значи, нека замолчат оние коишто го признаваат постот само во количината храна, а не и во составот. Ако се вдлабочат во опитно изучување на постот, тие ќе го сфатат значењето на составот на храната.
Толку е важна заповедта за постот која Бог му ја објавил на човекот во рајот што, заедно со заповедта, изречена е и казната за нарушување на заповедта. Казната се состоела во поразување на човештвото на вечна смрт.
И сега гревовната смрт продолжува да ги поразува оние што ја нарушуваат светата заповед за постот. Оној кој не се придржува на умереност и строгост во храната, не може да ја сочува ни девственоста, ни целомудреноста, не може да го задржи ни гневот, се предава на мрзеливост, униние и тагување, станува роб на суетата, живеалиште на гордоста, која ја донесува во човекот неговиот телесен состав, што најмногу се пројавува во раскошните и обилни трпези.
Заповедта за постот е обновена и потврдена во Евангелието. „Само пазете се: вашите срца да не бидат натежнати од прејадување и пијанство” (Лк. 21, 34), ни заветил Господ. Прејадувањето и пијанството го дебелеат не само телото туку и умот и срцето, т.е. го доведуваат човекот со душата и телото во телесната состојба.
Наспроти тоа, постот го воведува христијанинот во духовна состојба. Оној кој е очистен со пост – смирен е во духот, целомудрен, скромен, молчелив, со тенкосетни мисли и чувства во срцето, лесен со телото, способен за духовни подвизи и умозренија, способен за примање на Божествената благодат.
Телесниот човек е сецело погружен во гревовни насладувања. Тој е сладострастен и со телото, и со срцето, и со умот, тој е неспособен не само за духовно насладување и примање на Божествената благодат, туку ни за покајание. Тој е неспособен за духовно дејствување воопшто: тој е закован за земјата, потонат во материјалното, жив - мртов со душата.
,,Тешко вам презаситени сега, зашто ќе огладните!” (Лк. 6, 25). Така гласот на Словото Божјо им говори на оние коишто ја нарушуваат заповедта на светиот пост. Со што вие ќе се храните во вечноста, кога овде сте се научиле на заситување единствено со вештествена храна и вештествени наслади, кои ги нема на небото? Со што ќе се храните вие во вечноста, кога не сте вкусиле ниедно од небесните добра? Како е можно за вас да се храните и насладувате со небесните блага, кога не сте стекнале никакво чувство за нив, туку сте стекнале одбивност?
Насушен леб за христијаните е Христос. Наситувањето со тој Леб е ненаситно - тоа е спасително прејадување и насладување, на кое се повикуваат сите христијани.
Ненаситно наситувај се со Словото Божјо; ненаситно наситувај се со исполнување на Христовите заповеди, ненаситно наситувај се на трпезата која Бог ,,ја приготвил пред очите на непријателите твои”, и напојувај се од ,,чашата која се прелева” (Пс. 22, 5).
,,Од што да почнеме”, говори светиот Макариј Велики , ние кои никогаш не сме се занимавале со испитувањето на нашите срца? Стоејќи однадвор, ќе тропаме со молитва и пост, како што и Господ заповеда: ,,Чукајте и ќе ви се отвори” (Мт. 7, 7).
Тој подвиг, кој ни го советува еден од најголемите учители на монаштвото, бил подвигот на светите апостоли. Во неговата средина тие се вподобиле да го слушнат гласот на Духот. ,,Еднаш кога Му служеа на Господ, - говори писателот на ,,Делата”, - и постеа, Духот Свети рече: „Одвојте ми ги Варнава и Савле за дело, за кое ги повикав!” Тогаш тие, откако постеа и се помолија, положија раце над нив и ги пуштија” (Дела 13, 2-3). Од средината на подвигот, кој го сочинувале пост и молитва, се чула заповедта на Духот за призванието на јазичниците во христијанство.
Колку е необично соединението на постот со молитвата! Молитвата е бессилна, ако не е основана на пост, и постот е бесплоден ако со него не е соединета молитвата.
Постот го ослободува човекот од телесните страсти, а молитвата се бори со душевните страсти, и победувајќи ги, проникнува во сиот состав на човекот, го очистува; во очистениот словесен храм, таа го воведува Бога.
Кој, не обработувајќи ја земјата, ја засејува: тој го уништува семето и наместо пченица ќе пожнее трња. Така и ние, ако сееме семиња на молитва не истенчувајќи го телото: наместо правда, како плод ќе донесеме грев. Молитвата ќе биде уништена и покрадена од страна на разни суетни и порочни помисли и мечтаења, ќе се оскверни со сладострастни чувства. Нашето тело настанало од земја, и ако не го обработуваме како земјата, никогаш нема да можеме да донесеме плодови на правдата.
Напротив, ако некој ја обработува земјата со велика ревност и трудови, но ја остави незасеана: нејзе густо ќе ја прекрие плевел. Така, кога телото се истенчува со пост, а душата не се обработува со молитва, читање, смиреномудрие: тогаш постот станува родител на многубројни плевели - душевните страсти: високоумие, суета, презир.
Што е тоа - страст на прејадување и пијанство? Оној кој ја изгубил правилната, природна желба за јадење и пиење, бара далеку поголема количина и разнообразни својства на истите, а не само толку колку што е потребно за одржување на животот и телесните сили, на кои претераното хранење делува спротивно својата природна намена, делува штетно, слабеејќи и разорувајќи ги.
Желбата за храна се исправа со едноставна трпеза и воздржување од прејадување и насладување со храна. Прво потребно е да се напушти прејадувањето и насладувањето со храна: со тоа и се изострува желбата за храна и се постигнува правилност. Кога пак желбата ќе стане правилна: тогаш таа се задоволува со едноставна храна.
Наспроти тоа, желбата за храна која се задоволува со прејадување и насладување отупува. Заради нејзино пробудување, ние прибегнуваме кон разновидни вкусни јадења и напитоци. Желбата во почетокот делува како да е задоволена; потоа станува посложена и на крај се претвора во болна страст, која бара непрестајно насладување и прејадување, и постојано останува незадоволена.
Намерувајќи себеси да се посветиме во служење на Бога, да го поставиме во основата на нашиот подвиг постот. Суштинската карактеристика на секоја основа мора да биде непоколеблива цврстина: инаку градбата која на неа ќе се гради нема да може да стои, колку и да биде таа (зданието) цврста. И ние, никако и никогаш, пред никаков предлог, да не си допуштиме себеси да го нарушиме постот со прејадување, а особено не со опивање.
Светите Отци за најдобар пост го сметаат употребувањето храна еднаш на ден и не до ситост. Таквиот пост не го раслабува телото со долготрајно гладување и не го оптоварува со вишок храна, притоа го чува способно за душеспасителна дејност. Таквиот пост не претставува никаква силна посебност, и затоа оној што пости нема причина за превознесување, кон кое е склон човекот со повод од самата добродетел, особено ако таа силно се истакнува.
Оној кој се занимава со телесни трудови или е толку слаб со телото што не може да се задоволи со употребување храна еднаш во ден: тој мора да јаде двапати. Постот е заради човекот, а не човекот заради постот.
Но при секое употребување храна, и ретко и често, строго се забранува прејадување: тоа човекот го прави неспособен за духовни подвизи, и им отвора врата на другите телесни страсти.
Неумерениот пост т.е. долготрајно претерано воздржание од храна, не е одобрено од светите Отци. Заради неумерено воздржание и произлезената од него исцрпеност, човекот станува неспособен за духовни подвизи, и често се завртува кон прејадување,  често запаѓа во страста на превознесување и гордост.
Својствата на храната се многу важни. Забранетиот рајски плод, иако бил со прекрасен изглед и вкус, погубно делувал на душата: &  донел познание на доброто и злото, и со тоа ја уништил непорочноста во која се создадени нашите праотци.
И сега храната продолжува силно да делува на душата, што е особено забележливо при употребата на виното. Тоа делување на храната се основа на нејзиното разнообразно делување на телото и крвта, и на тоа што испарувањето и гасовите кои таа ги предизвикува во желудникот се подигнуваат во мозокот и имаат влијание на умот.
Заради таа причина, сите опојни напивки, особено од житарки, забранети се за подвижникот, затоа што умот го лишуваат од трезвеност, а со тоа и од победа во мислената борба. Победениот ум, особено од сладострастни помисли, насладувајќи се со нив, ја губи благодатта; она што е добиено со многу и долготрајни трудови, се губи за неколку часа, за неколку минути.
Монахот никако не треба да употребува вино, рекол преподобниот Пимен Велики.  Тоа правило треба да го следи и секој благочестив христијанин, кој сака да ја сочува својата девственост и целомудрие. Светите Отци го следеле тоа правило, а ако и употребувале вино, тоа било многу ретко и со најголема умереност.
Лутата храна мора да биде протерана од трпезата на подвижникот, затоа што ги побудува телесните страсти. Тоа се биберот, ѓумбирот и други пикантни зачини.
Најприродна храна е онаа која Творецот ја одредил за човекот - веднаш по создавањето - храната од растителното царство. Бог им рекол на нашите прародители: „Еве, ви дадов секакви билки што даваат семе по целата земја, и секакви дрвја што во себе имаат семе според својот род и вид; тоа да ви биде за храна!” (1 Мојс. 1, 29). Веќе после потопот е разрешена употребата на месо (Бит. 9, 3).
Растителната храна е најдобра за подвижникот. Таа најмалку ја распалува крвта, најмалку го дебели телото; испарувањата и гасовите кои од неа се ослободуваат и влегуваат во мозокот, најмалку делуваат на него; на крај – таа е најздрава, зашто произведува најмалку слуз во желудникот. Од тие причини, при нејзината употреба, исклучително е лесно да се сочува чистотата и бодроста на умот, а воедно со нив и неговата власт над целиот човек; при нејзино употребување послабо делуваат страстите и човекот е поспособен за занимавање со благочестивите подвизи.
Јадењата од риба, особено подготвени од крупна морска риба, имаат веќе сосема други особини. Таа почувствително делува на мозокот, го дебели телото, ја распалува крвта, го исполнува желудникот со штетна слуз, особено при честа и постојана употреба.
Тие дејства се неспоредливо посилни од употребата на месна храна: таа крајно го дебели телото, давајќи му особена дебелина, ја распламнува крвта; нејзините испарувања и гасови многу го оптоваруваат мозокот. Заради таа причина, монасите воопшто не ја употребуваат; таа им прилега на луѓето кои, живеејќи во светот, постојано се занимаваат со напорни телесни работи. Но и за нив постојаната употреба е штетна.
,,Како?!” - ќе извикаат овде сомнежливите интелектуалци (умници): ,,Месната храна е од Бога разрешена на човекот, а вие ја забранувате нејзината употреба?” На тоа ние одговараме со зборовите на апостолот: „Се е допуштено (т.е. се ми е дозволено)!” Но не е се полезно: „Се е допуштено! Но се не се наградува” (1 Кор. 10, 23). Ние ја избегнуваме употребата на месо, не затоа што го сметаме за нечисто, туку затоа што тоа создава особена дебелина во целиот наш состав, и му пречи на духовното напредување.
Светата Црква која со своите мудри втемелувања и начела, им разрешува на христијаните кои живеат во светот употреба на месо, не допушта негова постојана употреба, туку времето на месојадење го разделила на периоди воздржување од месо, периоди во кои христијанинот се отрезнува од своето месојадење. Таквите плодови на постот опитно може да ги вкуси на себе секој кој ги запазува.
На монасите забранета им е употребата на месо, дозволена им е употребата на млечна храна и јајца, во време на месојадење. Во определени периоди и денови им се разрешува и употреба на риба. Но најголемиот дел од времето тие може да употребуваат само растителна храна.
Исклучително растителна храна употребуваат најревносните подвижници на благочестието, особено кога ќе почувствуваат во себе оддалечување на Духот Божји (2 Кор. 6, 17), заради претходно наведената погодност на таа храна и нејзината евтиност. За пиење тие користат единствено вода, избегнувајќи ги не само распалливите и опивните напивки, туку и хранливите, какви што се напивките од житарки.
Правилата на постот се востановени од Црквата со цел да се помогне на нејзините чеда, како раководење за целата христијанска заедница. Притоа, секому се препорачува да се испитува себеси со помош на опитен и расудлив духовен отец, и да не зема на себе пост кој ги надминува неговите сили: затоа што, повторувам, постот е заради човекот, а не човекот заради постот: со храната која е дадена за одржување на телото не треба да се уништи.
,,Ако ги воздржиш цревата”, рекол свети Василиј Велики, ,,ќе влезеш во рајот, ако пак не ги воздржиш, ќе бидеш жртва на смртта.”  Под името рај овде треба да се разбира благодатната молитвена состојба, а под името смрт ‒ страстната состојба. Благодатната состојба на човекот, во време на неговото пребивање на земјата, служи како негов залог за вечното блаженство во небесниот Едем; а падот во власта на гревот и состојбата на душевна мртвост служи како залог за падот во адската бездна заради вечно мачење. Амин.

 

 Градина во време на зима

Во 1829 година зимата ја поминав во Плошчанската пустина.  И сега таму, во градината, осамено стои дрвената ќелија во која живеев со мојот пријател. Кога беше мирно времето, во јасните сончеви денови, излегував во тремот, седнував на клупата и ја гледав пространата градина. Нејзината соголеност беше покриена со снежно покривало, наоколу с# беше тивко, некаков мртов и величествен мир. Таа глетка почна да ми се допаѓа: замислените погледи неволно се встремуваа кон неа, се приковуваа за неа, како во неа да пронаоѓаа тајна.
Еднаш седев и втренчено гледав во градината. Одеднаш падна завесата од очите на мојата душа: пред нив се отвори книгата на природата. Таа книга, која му е дадена за читање на првосоздадениот Адам, книга која во себе ги содржи словата на Духот, подобно на Божественото Писмо. А каква наука прочитав во градината? Учењето за воскресението на мртвите, силно учење, учење со изобразување на реалност подобна на воскресението. Кога ние не би биле навикнати на оживувањето на природата во пролет, тоа би ни изгледало потполно чудесно, неверојатно. Не се зачудуваме заради навиката, гледајќи чудо, веќе како да не го гледаме! Гледам соголени гранки на дрвјата и тие како со убедливост да ми говорат на својот таинствен јазик: ,,Ние ќе оживееме, ќе се покриеме со лисја, ќе замирисаме, ќе се украсиме со цветови и плодови: зарем нема да оживеат сувите коски човечки во времето на својата пролет?”
Тие ќе оживеат, ќе се облечат во тело, во нов вид ќе стапат во новиот живот и во новиот свет. Како што дрвјата кои не го издржале лутиот мраз, го изгубиле животниот сок, при доаѓањето на пролетта се посекуваат и се изнесуваат од градината за греење; така и грешниците, кои го потрошиле својот живот - Бога, ќе бидат собрани во последниот ден од овој век, во почетокот на идниот вечен ден, и фрлени во неизгасливиот оган.                                                 
Ако би било возможно да се најде човек кој не би знаел за преобразувањата коишто се случуваат со промените на годишните времиња, и ако би го довеле тој туѓиник во градината која во време на зима величествено почива со смртен сон, и би му ги покажале соголените дрвја и би му говореле за таа раскош во која таа ќе се облече во пролет: тој, наместо одговор, би погледнал на вас и би се насмевнал. Вашите зборови би му се чинеле како неостварлива измисленост (басна)! Така и воскресението на мртвите делува неверојатно за мудреците коишто лутаат во мракот на земната мудрост, и не познале дека Бог е семоќен и дека Неговата многуобразна премудрост може да биде созерцувана, но непостижна за умот на созданијата. За Бога с# е можно, за Него нема чуда. Слабото мислење на човекот: она што ние не сме навикнале да го гледаме, тоа ни делува како неостварливо, неверојатно чудо. Делата Божји, на кои постојано и веќе рамнодушно гледаме се дивни дела, велики чуда, недостижни.
И секоја година, природата пред очите на целото човештво го повторува учењето за воскресението, осликувајќи го во преобразително, таинствено дело! 1843 година, Сергиева Пустина.

 Пимен Велики, погледни: ,,Скитски патерик”.
 Преподобен Макариј Велики, ,,Беседа 7”, гл. 2.
 Преподобен Макариј, ,,Беседа 7”, гл. 2.
 Свети Јован Лествичник, ,,Беседа “.
 Исак Сирин, ,,Беседа 90”.
 Поука 1, глава 4.
 Преподобен Марко Подвижник. Поука 8, ,,За постот и смирението”.
 Исто.
 Исто.
 ,,Алфавитен патерик (отечник)”. ,,Лествица”, Поука 14, глава 12.
 Преподобен Нил Сорски, Поука 5, Помислата за стомакоугодување.
 Тој општежителен манастир се наоѓа во Орловската епархија (денес Брајанска и Севска епархија*), помеѓу градовите Севск и Димитровск, оддалечен околу 50 километри од секој.
*Забелешка на преведувачот.

02.04.2017 год.

Преминпортал

 Petar.sv.Atanasij.jpg

Друго:

 

Нови книги во издание на ,,Небесни цветови" при манастирот св. Атанасиј Велики

  • За дистрибуција на книгите можете да се информирате на:
  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или тел. 078 384 867
  • Во Струмица: информации на тел. 075 490 655
  • во Скопје: тел. 070 276 721

п.с-  За секое проширување на  мрежата на дистрибуцијата на книгите, ќе ја надополнуваме оваа информација

сестра Харитина е задолжена за севкупната организација на дистрибуцијата на најновите изданиа на едицијата „Небесни цветови“:

1. Свети Теофан Затворник- ,,Писма на вечното спасение”,

Цена: 300 ден.

2. Архимандрит Софрониј (Сахаров)-  ,,Да се види Бог каков што Он е”

 Цена: 300 ден.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3119
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7588
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/11/2024 - среда

Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул; Светиот маченик Епимах; Светиот маченик Никола Хиоски; Преподобните Спиридон и Никодим;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Света девојко Анастасио,ние кои те прославуваме,срцата кон Небесата  ги подигнуваме,со солзи духовни радосно твоето име го повикуваме,моли се за нас...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная